Neverbalna komunikacija
Вовед
Ефективната комуникација е од голема важност, како во деловниот
така и во секојдневниот живот. Сите ние меѓусебно комуницираме.
Недостигот на комуникацијта често се означува како причина дека нешто
тргнало наопаку во семејствата, општеството или бизнисот.
Постојат многу различни дефиниции за терминот комуникација. Често
комуникацијата се дефинира како пренос на мисла или идеа на некои други
лица, со тоа што тие лица имаат разбирање за таа мисла или идеа исто како и оној
од кого потекнала.
Овде е се осврнеме на невербалната комуникација, која покрај
вербалната има многу важна улога во комуникацискиот процес. Така на
пример,
Har
risоп
смета дека 65 % од пораките во комуникациски процес кој се
одвива лице-во-лице се пренесуваат невербално.
Дефининирање на поимот невербална комуникација
Повеќе автори се занимавале со проблемот на дефинирање на поимите
невербална комуникација и невербални пораки.
Eisenberg
и
Smith
зборуваат како за пораки без зборови, за
Mehrabian
(1971) тоа се неми
пораки, а за
Wenburg u Wilmot
"сите знаци кои не се зборови".
Applbaum
и
неговите колеги невербалната комуникација ја дефинираат како "зборување без
зборови... знаци на однесување кои не се дел од јазичниот код, а ги пренесуваат
лугето и околината при оставарување на комуникација".
Во прегледот на литература за невербална комуникација,
Harrison
(1972) укажува дека дефинициите варираат од оние општите, според кои
невербална комуникација се однесува на речиси секаков вид надразба која
влијае на лугето, до оние според кои невербална комуникација опфаќа само
однесување при намера за комуникација.
Harrison
сугерира дека е
наједноставно вербалната комуникација да се дефинира како се што користи
пишан или кажан збор, а сите било какви други типови на симболи спагаат во
невербална комуникација.
Кnарр
се сложува, истакнувајќи дека невербапната
комуникација ги опфаќаа оние настани во кои зборовите не се ни пишани
ни кажани.
Може да се заклучи дека сите овие автори се сложуваат околу тоа дека
невербална комуникација се однесува на пораки кои не се изговорени ниту
напишани. Овие пораки се генерирани од страна на сите три клучни
компонетни во процесот на комуникација: луѓето, пораките и
околината. Луѓето можат да комуницираат со своите тела и физичко
однесување. Висината, тонот и бојата на гласот се форми на комуникација.
Времето, просторот, архитектурата и предметите се средства за комуникација на
околината.

Stewart
мисли дека примарна функција на невербалната комуникација е да
ги искаже врските меѓу лицата кои комуницираат и да ги отслика нивните карактери.
Сето ова води до заклучок дека невербалната комуникација е комуникација на
чувства и ставов
и, кои најчесто се основа на меѓ
човечките односи., Еве еден
пример за поткрепување на овој став. Еден мена
џ
ер, соочен со негативни
реакции за неговото водење од страна на подредените, постојано барал
специфични вербални примери кои би го илустрирале неговото лошо
работење. По неколкучасовно набројување на такви примери, кои
менаџерот успевал со логички објаснување да ги отфрили како неосновани,
ед
ен од подредените извинал: "По ѓ
аволите! Би можеле да
продолжиме цела ноќ да ви даваме примери. Но тешко е со зборови да
се
ка
же она што нам ни пречи. Тоа е поврзано и со нашите чувства и начинот
на кој вие постапувате со нас. Тешко е да се зборува за на
ши
тите чувства, но
верувајте, тие се вистински!
Мора да се нагласи дека е речиси невозможно да се зборува за
значењето на невербалните пораки, без да се земе во предвид ситуацијата и
контекстот во кој се генерирани. Дури и за вербалните пораки е можно да
бидат погрешно протолкувани, заради различните значења што може да ги
има еден збор. 3а невербалните тоа е дури поверојатно да се случи. Како што
вели
Кnарр
(1978): "Невербалната комуникација е цврсто врзана со вербалниот
аспект на процесот на комуникација, така што секое нивно делење би било
вештачко. Во пракса такво делење нема."
Тело - облик, изглед и однесување
Честопати користиме фрази како: "убива со поглед" или
"кисела насмевка" кои се однесуваат на говорот на телото. Преку
говорот на телото луѓето ги изразуваат своите чувства и ставови.
Испитувањата покажале дека движењата на телото се главни индикатори на
склосностите во интерперсоналните врски.
Mehrabian
(1971) вели:
"Поголема симпати
ј
а се постигнува ако се седи близу до соговорникот,
отколку ако се седи далеку, ако сте навалени напред наместо назад, ако
сте му свртени директно лице во лице, ако го допирате, ако го гледате
директно во очи, ако го продолжувате физичкиот контакт при ракување, ако
го продолжувате збогувањето, или ако користите гестови при поздравувањето
кои имплицираат физичко доближување".
Beier u Sternberg
го испитувале говорот на телото кај 51 брачен пар,
кои биле во брак три до шест месеци и дошле до следниот заклучок:
"Суптилните
знаци во интеракцијата кај млади брачни парови се мерливи
и може да укажат на стрес. Допирите, погледите, начинот на седење,
иницијативата за конверзација, може да помогнат да се направи
разумна прогноза за успешноста на бракот".
Испитувањатата кои ги спровел
Goldhaber
укажуваат на тоа
дека определен и движењ а н а телото им п омагаат н а
хомосексуалцит е да идентификуваат други хомосексуалци. Според
интервјуто направено со 1000 испитаници трите клучни знаци за
препознавање се: загледување во очи на друг маж подолго време,
долготрајно допирање околу коленото и тапкање со стопалата.
Истражувачите
направиле
преглед
на
невербалните
движења на телото.
Ekman u Friesen
разликуваат 5 типа на изразување
преку движења на телото, за кои тие ги користат следните
терминни: симболи, илустратори, регулатори, афектори и
адаптери. Симболи се типични гестови кои се користат како
замена за зборови. Така на пример, со подигање на десната рака со
исправена дланка, сообраќниот полицаец сопира движење на возила во
одреден правец. Илустраторите го придружуваат и надополнуваат
говорот. Пожарникарот покажува на жртва во зграда во пламен
и вели"Ене го!". Регулаторите ја контролираат говорната
комуникација. Кога студентите климаат со глава професорот
продолжува да зборува. Кога слушателот почнува да "шета со
погледот", оној кој зборува сфаќа дека на слушателот веке не му е
интересна темата. Афектори се движења кои ја покажуваат
емоционалнта состојба на соговорниците. Малите деца го
иплазуваат јазикот за да покажат незадоволство. Адаптерите се
движења научени уште од детството, кои имаат некое значење,
но соговорникот не мора да може да ги протолкува. Чешањето по
носот, играњето со прамени од косата се такви примери.
Ray Birdwhistell
ја направил веројатно најпозната класификација на
движењата на телото, наречена кинетика. Тој развил и тестирал
набљудувачки систем, кој служи за следење и снимање .на движењата на
телото.
MeCrockey u
неговите колеги се осврнуваат на неговата теорија:
"Неговите испитување се базираат на теоријата дека кинетиката
формира
јазик сличен на говорниот или пишаниот. Правејки низа од
гестови може да се формира реченица или параграф.
Резулататите до кој дошол
Birdwhistel.l
поддржуваат три важни
заклучоци:
(1)
Движењата на телото можат да бидат набљудувани и снимени,
дури и оние кои се чини дека се на микроскопско ниво;
(2)
Компилација од листа на движења и нивните значења се бескорисни
без информации зa контекстот во кој се направени;
(3)
Движењата околу очите и движењата со дланките се примарни во
препознавање на културата на лицето. "
Голем дел од физичките движења на телото, може да се групираат
во четири групи: лице, држење и одесување, допири и генерален
облик на телото.
Лице
Лицето е веројатно највидливиот индикатор на чувствата и емоциите,
но сепак и мегу најтешките да се оцени. Иако можеме да

Според горе кажаното произлегува дека делот околу очите е оној кој
дава најмногу информации. Резулататите до кои дошле многу истражувачи
водат до одредени конзистентни заклучоци, сублимирани од страна на
McCroskey:
(1)
Директен поглед во очи се појавува во следниве случаи:
кога индивидуата бара повратна реакција од другите луѓе;
кога индивидуата сака да сигнализира почеток на комуникација;
кога индивидуата сака да сигнализира потреба да се придружи;
вклучи или исклучи.
(2)
Жените се посклони кон контакт со очи од мажите.
(3)
Контактот со очи е поинтензивен со зголемување на растојанието
мегу лицата кои комуницираат.
(4)
Контактот со очи се користи за да се предизвика вознемиреност кај
другите.
(5)
Контактот со очи се избегнува во следниве ситуации:
кога лугето сакаат да ги скријат емоциите;
кога две лица се физички многу блиску еден до друг;
при натпреварување, кога е напната ситуацијата, или веднаш по
лажење;
кога говорникот почнува долго искажување или додека
слушателите слушаат долго и здодевно искажување;
кога индивидуата сака да одрекхе постоење на било какви
социјални врски.
Од посебно значење при изучување на организациските хиерархии и
врските мегу nyfe на различни позиции се резултатите до кои дошол
Hearn,
кои
покажуваат дека лугето на повисоки позиции повеке предизвикуваат да
бидат контактирани со очи од оние на пониски. Ако вработените не го гледаат
менаџерот директно во очи, тоа значи дека не го гледаат како човек со висок
авторитет.
Тука е важно да се нагласи дека постојат големи разлики во толкувањето
на изразите и движењата на лицето и главата кај различните народи. Во тој
контекст е и следниот преглед на реакции, значења и последици од некои
изрази и движења на лицето кај различни народи.
Ovaj materijal je namenjen za učenje i pripremu, ne za predaju.
Slični dokumenti