Muzej Ermitaž: istorija i umetničke zbirke
Содржина
1.Вовед
2
2.Ермитаж низ историјата
2
3.Уметнички дела
3.1. Грчка, римска и ориентална уметност
3
3.2. Италијанска уметност
4
3.3.
Фламанска и холандска уметност
5
3.4. Француска уметност
6
3.5. Германска,англиска и шпанска уметност
7
3.6. Руска уметност
8
4.Заклучок
9
5.Користена литература
10
1
1.Вовед
Хуманистичката култура се родила оној ден кога Теренциј
изјавил: “Ништо што е човечко не ми е туѓо”. Дваесетина векови
подоцна фламанскиот сликар Рубенс уште повеќе ја продлабочил
оваа мисла: “Сиот свт го сметам за своја татковина”. Оваа порака
музеите им ја пренесуваат на сите земји и луѓе во светот служејќи
се со меѓународниот јазик на уметноста, која се обраќа до
погледот, мислата, срцето. Слично на човековиот дух, музеите ги
протегаат своите гранки најпрвин кон придобивките на
националната култура, а потоа кон сродните цивилизации, па кон
сеседните и, најпосле, кон најодалечените. Над нивните влезови би
можело да стојат зборовите на Рубенс, незначително изменети:
“Сиот свет го сметам за своја култура”. И навистина музеите чуваат
многубројни сведоштва на нашето културно минато, за оние лесни
еволуции во вечното човеково трагање по убавото, како
незаменлив предуслов за хуманизација на општеството на
денешнината и светот во иднина.
Ленинградскиот државен музеј Ермитаж е еден од
најголемите музеи во светот, една од големите ризници на
светската културна историја, производи на човековиот дух и на
уметничкото вдахновение. Заедно со Лувр во Париз, Британскиот
музеј во Лондон, Ватиканскиот музеј во Рим, Прадо во Мадрид и
други, представуваат моќно средство што ја пренесува
хуманистичката порака, што на преданите љубители на уметноста
им овозможува големо естетско задоволство, и на стручњаците им
го олеснува проучувањето на светската уметност. Музеите на
уметноста на сите нас ни овозможуваат непосредна и свесна
средба со уметноста од сите времиња и краеви.
2

најдени при ископувањата во Италија и по грчките градови –
колонии на северните брегови на Крим и Црно Море. Некои од тие
ископувања се сеуште во тек.
Збирките на египетската, сумерската, вавилонската и
асрската уметност се претставени со најразновидни експонати, од
монументални скулптури до најубавите примероци на
златарскиот занает. Извонредно се занимливи и делата од
применетата уметност од средновековна Кина, резбарени
предмети од Иран и работите во сребро од сасанидскиот период:
византиските икони и монументални фрески од средновековните
центри на Средна Азија: скулптури од лапоресткиот песочен камен
и сликарството на Синкјанг: збирките од средновековни и
ововековни споменици од Јапонија, Индија, Турција, Закавказје и
Мала Азија.
Грчка уметност – сад за миризливи масла во форма на
Афродита,
крај на V век пр.н.е, боена теракота, 17 см
Сад за миризливи масла во форма на божицата Афродита, е
типичен пример на грчка антропоморфна керамика. Штотуку
родена од морска пена, божицата на љубовта и убавината се
појавува од полуотворена школка.
3.2. Италијанска уметност ( XIII - XVIII век)
Почетокот на создавањето на одделот на италијанската
уметност во Ермитаж, го означува купувањето на познатата збирка
Музеите на светот – ЕРМИТАЖ, Македонска книга 1979 г.
4
Ovaj materijal je namenjen za učenje i pripremu, ne za predaju.