Analiza na vremenski razvitok
Семинарска работа по предметот
„Статистика во бизнисот“
на тема
„Анализа на временски развиток на масовни појави“
Студент: Ментор:
Андреј Петров Доцент Д-р Мила Жибак-Димковска
Куманово,2018
2
СОДРЖИНА
Апстракт......................................................................................................3
Вовед...........................................................................................................4
1. Метод на полусредни големини.............................................................5
2. Метод на подвижни средни големини...................................................6
2.1.Метод на подвижни средни големини со три члена.....................7
2.2.Метод на подвижни средни големини со пет члена.....................8
2.3.Метод на подвижни средни големини со четири члена..............9
3. Индексни броеви
3.1.Поим за индексни броеви................................................................10
3.2.Видови индексни броеви.................................................................11
3.2.1.Индивидуални индекси,Базни индексни броеви,Верижни
индексни броеви......................................................................................11
3.2.1.1. Индексни броеви на физички обем (квантум), индивидуални
индексни броеви на физички обем......................................................12
3.2.1.2. Индекс на цени,Индивидуални индексни броеви на цени..13
3.2.2. Групни индексни броеви..............................................................13
3.2.2.1 Групни индекси на физички обем според метод на Ласпер и
Паше...........................................................................................................14
3.2.2.2. Групни индекси на цени според метод на Ласпер и Паше..17
3.2.2.2.1. Предности и недостатоци на методите на Ласпер и
Паше...........................................................................................................19
3.2.2.3. Индекс на вредност ...................................................................20
Заклучок....................................................................................................21
Користена литература............................................................................22

4
Вовед
Една од особеностите на масовните појави е нејзиното движење и
развој. Многу е важно да се знае дали појавата растела или опаѓала во
определен временски период. Доколку појавата растела, а тоа претставува
позитивен развој, тогаш треба да се одржат условите кои довеле до тој
раст, со цел појавата и понатаму да расте. Но, доколку се утврди дека
појавата опаѓала, при што опаѓањето носи штетни последици, во тој случај
треба да се преземат мерки за спречување на тоа опаѓање.
Од ова произлегува важноста на откривањето на временскиот
развиток односно динамиката на масовната појава со цел да се добие
целосна претстава за нејзиниот изглед и да се знае какви мерки треба да се
преземат во иднина. Анализата на динамиката на масовните појави се
состои во откривање на развојната тенденција на појавите и пресметување
на индексни броеви.
Најчесто применувани методи за откривање на развојната
тенденција на појавите се:
Метод на полусредни големини и
Метод на подвижни средни големини
Анализата на динамиката (движењето) на масовните појави може да
се врши исклучиво од временски (хронолошки) серии.
5
1.Метод на полусредни големини
Еден од методите за откривање на развојната тенденција на
појавите е методот на полусредни големини. Суштината на овој метод се
состои во исполнувањето на следниве чекори:
1. Временската серија се дели на два еднакви дела и за секој дел се
пресметува средна големина (полусредни големини);
2. Се врши споредување на полусредните големини.
Ако средната големина на првиот дел од серијата е помала од
средната големина на вториот дел од серијата, тоа значи дека појавата има
тенденција на пораст. Обратно, доколку средната големина на првиот дел
од временската серија е поголема од средната големина на вториот дел од
временската серија, тоа значи дека појавата има тенденција на опаѓање. Во
случај двете полусредни големини да имаат блиски вредности тоа значи
дека појавата стагнира, односно не бележи ниту пораст ниту опаѓање.
Пример:
Продажбата на млеко во трговското претпријатие НН, во првото полугодиеод
2009 година е како што следува:
Месец
Продажба во
литри
Јануари
2,000
Февруари
1,200
Март
2,100
Април
2,100
Мај
2,800
Јуни
2,500
Табела 1:Продажба на млеко

7
2.1. Метод на подвижни средни големини со три члена
При пресметка на тригодишни подвижни средини, се пресметува просек
од првите три податоци за серијата, потоа следи пресметка на просек без
првиот податок, но со вклучување на четвртиот податок, следува пресметка
на просек без првите два податока, но со вклучување на петтиот податок
итн. Првата и последната година од временската серија остануваат без
податок.
Пример: Бројот на работници во фабриката за текстилни производи во
Штип, во периодот 2000 – 2009 година е даден во следнава табела:
Решение:
Година
Број на
работници
2000
1,00
2001
1,050
2002
900
2003
1,100
2004
800
2005
750
2006
820
2007
630
2008
700
2009
600
Табела 2:Број на работници
Година
Бр.на раб
ПСГ-3члена
2000
1,000
-
2001
1,050
983.33
2002
900
1,016.67
2003
1,100
933.33
2004
800
883.33
2005
750
790.00
2006
820
733.33
2007
630
716.62
2008
700
643.33
2009
600
-
Табела2.1:Подвижни с.г-3члена
Ovaj materijal je namenjen za učenje i pripremu, ne za predaju.
Slični dokumenti