Ankeri i nivna primena vo tunelgradbata
Универзитет Гоце Делчев
Факултет за природни и
технички науки
Градежнo инженерство
ДИПЛОМСКА РАБОТА
АНКЕРИ И НИВНА ПРИМЕНА ВО ТУНЕЛОГРАДБАТА
Предметен наставник:
Доц. д-р. Николинка Донева
Изработил:
Далибор Мицов 131030
2013
Штип
2
СОДРЖИНА
1.Вовед............................................................................................................................5
2.Класификација на карпестите материјали.................................................................6
2.1.Геомеханичка класификација (RMR – систем)............................................8
3.Методи за градење тунели........................................................................................10
3.1.Класични методи на градење......................................................................11
3.2.Белгиска метода (метода на потфатен свод)............................................11
3.3.Австриска метода.........................................................................................14
3.4.Германска метода .......................................................................................16
4.Видови на подградни материјали во тунелоградбата............................................17
4.1.Подградба од анкери...................................................................................17
4.1.1.Дефиниција на анкерување................................................................17
4.1.2.Основни делови на анкерите..............................................................18
4.1.3.Анкерување како метода за осигурување на ископ..........................20
4.2. Подградба со ременати..............................................................................21
4.2.1 .Улога на ременатите................................................................................21
4.2.2. Видови на ременати и материјали за нивна изработка........................22
4.2.2.1. Ременати од челични елементи................................................22
4.2.2.2. Дрвени ременати........................................................................26
4.3. Подградба со прскан бетон........................................................................28
4.3.1. Примена и основни називи...........................................................28
4.3.2. Основи својства и намена на прсканиот бетон...........................28
5. Анкери........................................................................................................................29
5.1. Основно за анкерувањето и елементите..................................................29
5.1.1. Области каде се применува анкерувањето................................31
5.2. Општи принципи кај примена систем на анкери......................................32
5.2.1. Методи на анкерување.................................................................33
5.3. Типови на анкери........................................................................................33
5.3.1. Клинести анкери............................................................................33
5.3.2. “SN” анкери – малтерисани..........................................................35
5.3.3. Пoбиени цевкасти анкери – инектирани......................................37
5.3.4. Анкер со анкерска шипка од стаклени влакна............................37
5.3.5. Перфо метода – перфо анкери....................................................39
Заклучок.........................................................................................................................41

4
Apstrakt
Tunnel is an important segment of construction engineering. Because of this fact, the
topic of this diploma thesis is the area of the tunnel.
The diploma work is a brief overview of the classification of rocky material, environment
in which tunnels are made, further showing the basic methods of making tunnels.
Given the fact that tunnel’s support is very important for their stability, within the diploma
thesis are presented supporting materials that are commonly used in the tunnel, with
special emphasis on the steel anchor.
The scope, method of installation and quality control of steel anchor are also presented
in details.
Keywords:
constructions on steel anchor, building, anchor.
5
1.Вовед
Во текот на целокупниот развој на цивилизацијата се тежнеело да се најдат
начни и средства поставените задачи или проблеми да бидат решени на што е
можно полесен начин, начин што ќе бара помалку вложен труд, средства и време.
Со развојот на градежништвото се јавила и потребата за изработка на
одредени објекти кои ќе бидат во функција на луѓето.
Со брзиот раст и развој на цивилизацијата се јавува потребата од
поставување на водоводна и канализациона мрежа, потоа подземна, електрична и
телефонска мрежа, исто така потребата од подобри и пократки сообраќајни врски,
односно изработка на тунели. Се поголемата населеност прави да одредени
подрачја во светот станат многу комплицирани за нормален живот, поради што се
јавува потребата од израдба на подземни железници, метроа и др.
Исторски гледано, подземните градби датираат уште од времето на Асирците,
Египќаните, Грците и Римјаните независно од тоа што единствени средства за
работа што при тоа биле користени се: копач, за работа во помеки средини, потоа
клинови и оган, како и длето и чекан за работа во поцврсти средини. Овие древни
градители работеле во најтешки работни услови, како што се речни корита, потоа
глиновит и миловит материјал. Пример за ова претставува подземниот премин
испод реката Еуфрат во стар Вавилон, изработен 4000 год. п.н.е., со должина од
900mи попречен пресек 4 x 3,5m, работен во глиновитите наслаги на реката
Еуфрат, но работен со отворен откоп. Во текот на работата речното корито било
пренасочено на другата страна. Тунелот бил изработен со цел да го спои
царскиот дворец со храмот на богот на Сонцето.
Покрај тунели за премини биле градени и водоводни тунели и тунели за
мелиорација. Еден ваков тунел бил граден од страна на Евреите, тоа бил
водоводен тунел долг 900mи изработен во многу цврсти и компактни карпи. Оваа
градба историски гледано е битна поради тоа што е прв тунел работен од две
страни.
При изработка на железничката пруга Градско – Шивец (1980 год.) бил откриен
водоводен тунел со пречник 0,75 – 1m, за кој се претпоставува дека бил
изработен од Римјаните, околу 200 год. п.н.е и претставува најстар пронајден
објект од ваков тип кај нас.
Благодарение на бројните пронајдоци, како што се: пронаоѓањето на црниот
барут и негово користење за технички цели (Словачка, 1627 год.), сигурносниот
фитил за палење (Bokfort, 1831 год.), динамитот (Nobel, 1865 год.), желираниот
динамит (Nobel, 1879год.), сигурносниот метански експлозив-грисуинит (Favier,

7
за целосен опис на карпестата маса. Позначаен недостаткок на оваа
класификација е што не ја зема предвид ориентацијата, ширината и рапавоста на
ѕидовите на пукнатините, како и видот на материјалот од исполната на
пукнатините. И покрај овие познати ограничувања на RQD факторот, оваа
класификација е успешно применувана, особено за хомогено испукани карпи без
глинест заполнител. Меѓутоа, очигледно е дека описот на карпестата маса со
примена на еден параметар е неизбежно ограничен и применлив на релативно
мал број случаи.
Така, натамошниот развој на класификациите е поврзан со воведување на т.н.
повеќепараметарски класификации, кои се развиени во седумдесеттите години од
дваесеттиот век. Според Биенавски (Bieniawski), 1973, основните принципи кои
треба да ги задоволуваат класификациите на карпестите маси при примената за
проектирање на подземните објекти се:
-
Поделба на карпестите маси во групи со слично однесување;
-
Остварување на основа за разбирање на карактеристиките на секоја група
на карпести маси;
-
Овозможување на планирање и проектирање на ископ во карпи, со давање
на квантитативни податоци потербни за решавање на конктретни
инженерски проблеми;
-
Правење на заедничка основа за ефикасно комуницирање помеѓу сите лица
кои се вклучени во проектирањето на подземниот објект.
Горните цели можат да се постигнат доколку класификацијата ги исполнува
следните барања:
-
Да е едноставна, разбирлива и лесно да се памти;
-
Секој термин да е јасен, со употреба на општоприфатена терминологија;
-
Да се вклучени само најзначајните карактеристики на карпестата маса;
-
Да се темели на параметри кои можат да бидат измерени и одредени со
брзи, едноставни и евтини експерименти на терен;
-
Да се темели на систем на бодирање со кој може да се оцени релативната
важност на класификационите параметри;
-
Да дава квантитативни податоци за проектот на тунелската подградба.
а) Геомеханичката класификација или RMR системот (RockMassRatingsystem)
е развиен во 1973 година од Биенавски за примена при решавање инженерски
проблеми во механиката на карпи. Оваа класификација, исто така, се темели на
бодување, каде на различните параметри им се доделени различни нумерички
вредности во зависност од нивната важност за севкупната класификација на
карпестата маса. Сумата на овие бодови ја вбројува карпестата маса во една од
Ovaj materijal je namenjen za učenje i pripremu, ne za predaju.
Slični dokumenti