1

          

УНИВЕРЗИТЕТ ,, СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ ” во СКОПЈЕ

 

                          

МАШИНСКИ ФАКУЛТЕТ- СКОПЈЕ

                                  

Семинарска работа по предметот

БЕЗБЕДНОСТ ПРИ ВНАТРЕШЕН ТРАНСПОРТ

         

Тема: 

ВНАТРЕШЕН ТРАНСПОРТ И РАКУВАЊЕ СО МАТЕРИЈАЛИТЕ

 ВО ПРЕТПРИЈАТИЕ

Кандидат

                       Предметен наставник

Цвијетиќ Драган                                                       Проф. д-р. Виктор Стојмановски

Бр.индекс 664

2

СОДРЖИНА

1.  ВОВЕД ...............................................................................................................................................3

2.  НАЈЧЕСТИ НЕДОСТАТОЦИ ВО ПРАКСА ОД ОБЛАСТА НА ВНАТРЕШНИОТ 

ТРАНСПОРТ И РАКУВАЊЕТО СО ПРОИЗВОДИТЕ.....................................................................4

3.  ОСНОВНИ ПРИНЦИПИ НА КОИ ТРЕБА ДА СЕ ПРИДРЖУВАМЕ ВО ПРОБЛЕМИТЕ 

НА ВНАТРЕШНИОТ ТРАНСПОРТ, РАКУВАЊЕТО  И СКЛАДИРАЊЕТО НА 

ПРОИЗВОДИТЕ....................................................................................................................................7

4.  МЕТОДИ НА РЕШАВАЊЕ НА ПРОБЛЕМИ ВО ВНАТРЕШНИОТ ТРАНСПОРТ И 

СКЛАДИРАЊЕТО................................................................................................................................9

5.  ОРГАНИЗАЦИЈА И КООРДИНАЦИЈА НА ТРАНСПОРТОТ ВО 

ПРОИЗВОДСТВОТО..........................................................................................................................10

6.  НАЧИН НА РАКУВАЊЕ НА ПРОИЗВОДИТЕ И ТРАНСПОРТОТ НА ПРОИЗВОДИТЕ 

СЕ РЕШАВААТ ПРЕД ПОЧЕТОКОТ НА ПРОИЗВОДСТВОТО.................................................11

7

.  ПРИСТАП НА РАКУВАЊЕ НА ПРОИЗВОДИТЕ И ТРАНСПОРТОТ НА ПРОИЗВОДИТЕ 

СЕ РЕШАВААТ ПРЕД ПОЧЕТОКОТ НА ПРОИЗВОДСТВОТО.................................................13

8.  ЗАШТИТА И БЕЗБЕДНОСТ ПРИ ВНАТРЕШНИОТ ТРАНСПОРТ.......................................19

9.  ПРИМЕР НА МАЛА ФАБРИКА ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА ДИЗАЈНИРАН МЕБЕЛ  

FEYDOM..............................................................................................................................................21

10.  ЗАКЛУЧОК..................................................................................................................................25

11. 

 

КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА....................................................................................................27

background image

4

избирање   на   најрентабилниот   начин   на   превоз   и   складирање   како   на   внатрешниот 
транспорт така и на надворешниот транспорт. Во анализите на транспортните трошоци 
влегуваат сите позначајни чинители во движењето на материјалите како и правилниот 
избор на преносната и транспортна опрема. Се разбира најголем фактор се трошоците 
(неопходни инвестиции за транспортни средства) и заштедата која се постигнува со 
правилни   решенија   во   складирањето,   ракувањето   со   производите   и   внатрершниот 
транспорт.   Во   планирањето   на   внатрешниот   транспорт   треба   да   се   согледаат   сите 
можни решенија и да се одлучи за оптималното а не само за технички најдоброто.

Системскиот пристап на внатрешниот транспорт треба да укаже на:
- подобра организација на работата во превозот - пренесувањето на материјалите
- подобро обликување и пакување на производите

 - на подобро раководење во производството и внатрешниот превоз кој се 
постигнува со рационализација и ефикасност.
 - заштита и безбедност на управувачите со транспортните машини и уреди како и 
безбедноста и здравјето при работа на сите учесници во работниот процес

Големо   значење   му   се   оддава   на   внатрешниот   транспорт   и   раководење   на 

производите   во   современото   стопанство   во   светот   ,   особено   ако   е   во   прашање 
производството за масовни производи односно за масовна потрошувачка.

2.   НАЈЧЕСТИ   НЕДОСТАТОЦИ   ВО   ПРАКСА   ОД   ОБЛАСТА   НА 
ВНАТРЕШНИОТ ТРАНСПОРТ И РАКУВАЊЕТО СО ПРОИЗВОДИТЕ

Со   оглед   на   тоа   што   досега   не   се   водело   сметка   за   значајот   на   внатрешниот 

транспорт, складирањето и ракувањето со производите се доага до низа на недостатоци 
кои   за   сметка     на   тоа   доаѓа   до   неоправданост   и   зголемување   на   трошоците   на 
производството а со тоа и на единечната цена на производот. 

Овие   недостатоци   се   гледаат   во   пренатрпаност   во   самите   призводствени 

погони,складишта и други простории до кои се доаѓа, по правило - поради неправилно 
димензионирање   на   просторот   за   сместување   на   суровините,   полупроизводите   и 
готовите производи, исто така и од нерешениот проток на производите. Последица од 
тоа се чести неочекувани застои во движењето на готовите производи.

Исто   така   не   е   редок   случај   кога   во   претпријатието   недоволно   се   користи 

расположливиот простор а посебно кога суровините и производите не се на палети - се 
појавува потреба од повторно манипулирање на тие материјали или рачна работа.

Редовна   појава   е   просторијата   во   која   материјалите   се   задржуваат   краток   или 

подолг   период   да   биде   несредена   –   нечиста   со   што   го   отежнува   ракувањето   на 
материјалите.

Преоптеретеност   на   складишниот   простор   со   повремени   несистематски 

складирања на други производи и суровини како и собирање на отпаден материјал кои 
го   затвараат   нормалниот   проток   на   влезните   и   излезните   делови   исто   така   го 
отежнуваат движењето на материјалите и работната сила.

Во организација на работењето во внатрешниот превоз не се води доволно сметка 

за својствата на материјалите, тежината и големината на поедини парчиња, ниту во 
нивната количина, пакување и начинот на пакување при складирањето,  како последица 

5

од тоа се појавуваат тешкотии во правилна манипулација, избор на механизација како и 
складишна опрема. Тоа доведува до зголемено оштетување на производите него што е 
дозволено до зголемен отпаден материјал, рачно пренесување на материјал - наместо 
со машини или дигалки соодветни за потребите.

Кога станува збор за пренос на материјалите, многу често се среќава недоволно 

проучен транспортен пат на материјалите во целина. Исто така локациите на објектите 
го ограничуваат правилното и најрационално решение за проток на материјалите.

Понекогаш и лошо одбраните средства за пренос на материјалите - транспортерите 

и сл. ја ограничуваат можноста за пренос на материјалите до одредените  дестинации и 
во потребните  количини.

Кога внатрешниот транспорт и патот на материјалите во технолошкиот процес би 

се посматрале од страна на ефикасност и рационалност, може да се воочи дека често се 
обавуваат непотребни и празни операции во ракувањето на материјалите, непотребни 
спуштања   и   дигања   на   материјалите,   повторување   на   операции   од   внатрешниот 
транспорт.   Непланираните   методи   на   ракување   на   материјалите   предизвикуваат 
непотребни големи трошоци. Материјалот не се доставува непосредно пред работното 
и кога за тоа постои реални услови. Непланираните методи на ракување на материјалот 
предизвикуваат чести кратки релации на пренесување кои предизвикуваат поголеми 
непотребни големи трошоци. Во повеќето случаи не постои алтернативни решенија за 
внатрешен транспорт - последица на тоа е дека во постоечкото решение ќе излезат 
проблеми   (застој)   често   него   што   би   смеело   да   се   допушти   кога   е   во   прашање 
редовноста во осигурувањето на производството.

Во текот на решавањето на проблемите во технолошкиот процес и распоред на 

машините   и   уредите   не   се   води   доволно   сметка   за   потребите   на   внатрешниот 
транспорт,   така   да   доаѓа   до   непотребни   вкрстувања   на   патиштата   по   кои   одат 
материјалите   или   се   пренесуваат   производите.   Тоа   може   да   направи     поголеми 
потешкотии во производството.

Во некои работни организации за да се избегнат ваквите тешкотии се оставаат 

големи простори помеѓу машините и уредите и на тој начин оставаат големо растојание 
измеѓу местото за обавување на поедини операции, па затоа доаѓа до продолжување на 
патот во протокот на материјалите а со тоа се зголемуваат производствените трошоци.

Одложување   на   материјалите   на   лоши   избрани   места,   неправилно   решение   на 

локации   на   местата   за   сервисирање   на   опремата   за   внатрешниот   транспорт   како   и 
складирање   на   материјалот,   неизедначената   брзина   на   движењето   на   материјалот, 
споро   или   пребрзо   движење   на   материјалот,   пречки   и   дефекти   на   транспортно   - 
манипулативни средства, раштрканост на работните места кои треба да се опслужуваат 
со интерен превоз исто така се недостатоци во правилно решавање на внатрешниот 
транспорт.

Во   организирањето   на   складирањето   и   ракувањето   со   производите   како   и 

внатрешниот транспорт доаѓа и до поединечо пренесување на артиклите при што се 
прават многу рачни операции како утовар или истовар на транспортни возила, рачно 
отварање на готови производи, одстранување на отпадоци на начин кој не е соодветен 
што секако предизвикува непотребни зголемени трошоци.

background image

7

Недостатоците   кои   се   наведени   во   оваа   точка   укажуваат   за   последиците   т.е. 

укажуваат на неоправдано високите трошоци на внатрешниот транспорт по единица 
производ а со тоа и прекумерните високи вкупни трошоци на производството.

Со   промена   на   системското   уредување   на   Република   Македонија   фабриките   и 

производствените капацитети се 90% во приватна сопственост со што значително се 
подобруваат   рентабилноста,   оптимизацијата   и   ефикасноста   на   целиот   транспортен 
систем  имајќи  во  предвид  дека  самите  компании вметнуваат  стручни  кадри кои се 
експерти за таа проблематика

.

3.   ОСНОВНИ   ПРИНЦИПИ   НА   КОИ   ТРЕБА   ДА   СЕ   ПРИДРЖУВАМЕ   ВО 
ПРОБЛЕМИТЕ   НА   ВНАТРЕШНИОТ   ТРАНСПОРТ,   РАКУВАЊЕТО   И 
СКЛАДИРАЊЕТО НА ПРОИЗВОДИТЕ

Во   проучувањето   на   проблематиката   на   изнаоѓањето   соодветни   решенија   за 

рационален тек на материјалите во внатршниот транспорт треба да се придржуваме до 
одредени начела и тоа:       

- рационалност во организирање на производството е внатрешноит транспорт;
- детално проучување на движењето на материјалите на внатрешниот транспорт, 

затоа што тоа е услов за правилно решение на овој проблем кој има посебен 
значај во степенот на организираност на самото производство;

- елиминирање на непотрбниот пренос на материјалите таму каде што постојат 

услови за тоа, да се изведе најдоброто решение во внатрешниот транспорт. Тоа се 
решава со посебни организациони и технички мерки во оваа област;

-   потрбно   е   да   се   настојува   да   се   воведе   најкраткиот   пат   на   пренос   на   целиот 

материал и да се води сметка за најекономскиот и оправдан начин на превоз;

-  за пренос на материјалите да се користи гравитацијата ако е тоа можно;
- да се планира компатибилен транспорт сразмерно на потребите (механизација);
- да се планира континуираност во снабдување на материјалите - суровините со 

што не би дошло до застој во производството и да не се повторуваат операциите 
на дотур;

- во сложените технолошки процеси особено во монтажата на сложени производи 

важно е да се испланира дотурот на полупроизводите како и координираност во 
самата монтажа како и патиштата да се проодни за сите ситуации со што не би 
дошло до застој во производниот процес;

-   распоред   на   производните   машини   и   уредувањето   во   поедини   погони   и 

одделенија   како   разместување   на   отворените   и   затворените   складиштата     во 
рамките   на   целата   фабрика   односно   производен   капацитет   -   да   се   избегнат 
повратни движења како и вкрстени патишта на материјалите;

-   при избор и купување на нова опрема и машини треба да се води сметка и на 

постоечките машини и опрема како и транспортните средства;

- исто при изборот на нова опрема и машини да се води од начелото за ефикасноста 

во употребата во самото производство по единица производ;

Želiš da pročitaš svih 27 strana?

Prijavi se i preuzmi ceo dokument.

Ovaj materijal je namenjen za učenje i pripremu, ne za predaju.

Slični dokumenti