Универзитет “Св. Кирил и Методиј”

Економски факултет - Скопје

Семинарска работа

Семинарска работа

по

по

Надворешна трговија

Надворешна трговија

Тема: Девизен курс

  Изработил: 

                                            

Mентор:

  Виктор Денковски

                    прoф.д-р:

Бр.индекс:11113311049

1. Вовед

1. Вовед

Девизниот систем е дел од општествено-економскиот систем на една 

земја со кој се регулираат финансиските односи со странство.

Девизниот   систем   го   сочинуваат   сите   инструменти   и   мерки 

утврдени со законските прописи на замјата и усогласени со обврските 
преземени од склучените меѓународни аранжмани и протоколи.Со нив 
се регулира:

платниот промет со странство;

начин на стекнување и располагање со странските средства за 
плаќање во земјата и во странство;

сите   прашања   од   сферата   на   меѓународните   финансиски 
односи

1

Девизниот   систем,освен   горенаведеното,опфаќа   мерки   и 

инструменти за одржување на интервалутната вредност на домашната 
парична единица и макроекономската рамнотежа на економијата.

Покрај мерки и инструменти,девизниот систем го сочинуваат и повеќе 

законски   и   други   прописи   со   кои   се   регулира:дефиницијата   на 
националната валута;нејзината интервалутна вредност и начин на нејзино 
утврдување;права и обврски при плаќањето и наплатата на деловните и 
девизните   трансакции   со   странство;купување   и   продавање   на 
девизи;стекнување   и   располагање   со   девизни   средства;производство   и 
трговија   со   благородни   метали,особено   на   злато   како   меѓународно 
платежно   средство   и   сребро   за   формирање   на   монетарни 
резерви;краткорочни   и   долгорочни   задолжувања   во   странство;права   и 
обврски   што   произлегуваат   од   задолжувањето   и   начинот   на   нивното 
регулирање и сл.

2

 

Националните   парични   единици   ги   извршуваат   функциите   на   пари 

внатре,во   рамките   на   сопствените   национални   економии.Но   во 
меѓународна   трговска   размена   помеѓу   две   земји   се   користи   девизниот 
курс,кој ни ја покажува цената по којашто една валута се разменува за 
друга валута.

Нивото и промените на девизниот курс имаат значајни импликации,во 

прв   ред,врз   надворешно-трговската   размена   на   земјата,односно   врз 
извозот   и   увозот.Со   оглед   на   тоа   што   нето   извозот   е   компонента   на 
агрегатна побарувачка,девизниот курс има свое влијание и врз нивото на 
вкупниот аутпут во економијата(GDP),врз вработеноста,врз инфлацијата и 
сл.

1

2

background image

монетарните   власти.Интервенцијата   на   монетарните   власти   е   особено 
изразена кај девизниот курс на неконвертибилните валути,затоа што тие 
не се предмет на купопродажба на девизните берзи,па оттука пазарните 
законитости не можат да се исползуваат како коректив на влијанието на 
монетарните   власти.Кога   би   се   постигнала   конвертабилност   на   сите 
валути и девизи во светот,интервенционизмот во однос на девизниот курс 
не би бил потребен.Девизните курсеви за сите валути би биле однапред 
определени   според   пазарни   законитости   и   познати,што   би   овозможило 
пресметување на странските и на домашните цени на стоките и услугите и 
нивно   споредување,како   и   споредување   на   достигнатото   ниво   на 
продуктивноста,односно   конкурентската   способност   на   одделните 
национални   економии   во   меѓународната   размена.Меѓутоа,   практиката 
покажува   дека   ова   е   далеку   од   реалните   состојби   во   светот.Затоа 
девизниот курс од економска категорија се претвори во инструмент на 
надворешнотрговската политика.

Преку   девизниот   курс   може   да   се   дејствува   индиректно   на 

увозната,односно на извозната политика на националната економија,затоа 
што со негова помош може да се изврши корекција на цените  на стоките и 
услугите што се јавуваат како предмет на меѓународна размена,односно 
нивно нивелирање.За подобрување на условите на размената може да се 
интервенира   во   смисла   на   формирање   на   преценет   или   потценет 
официјален девизен курс,кој во услови на хартиено важење може да се 
одржува   неограничен   временски   период   од   страна   на   монетарните 
власти.Девизниот   курс   многу   често   се   употребува   за   одржување 
рамнотежа   на   билансот   на   плаќање   и   за   заштита   на   макроекономска 
стабилност.Ова многу често се практикува во неразвиени економии,кои за 
остварување на ваквите цели се определуваат за политика на повеќекратни 
девизни   курсеви.Со   тоа   се   определуваат   најмалку   два   девизни   курса   – 
едниот што важи за пресметување на бруто приливот по основа на извоз 
во   национална   валута,а   вториот   за   пресметување   на   бруто-одливот   по 
основа на увоз од странство.На тој начин,девизниот курс се употребува 
како инструмент за заштита на рамнотежата на билансот на плаќање.

Во   секоја   земја,освен   официјалниот,постои   продажен   и   куповен 

девизен курс.Куповниот е малку понизок од официјалниот,а продажниот е 
малку   повисок.Разликата   меѓу   овие   два   курса   ја   задржуваат   за   себе 
банките   и   менувачниците   како   приход   со   кој   се   покриваат 
манипулативните   трошоци   и   евентуално   загубената   камата.Секако,оваа 
разлика овозможува да се оствари и определен профит.Доколку  вредноста 
на целата зделка е помала,разликата меѓу продажната и куповната цена на 
валутата обично е исто така помала.

1.2.Фактори кои го детерминираат девизниот курс

Од досегашната анализа не е тешко да се заклучи дека факторите кои ги 

условуваат   промените   во   извозот   и   увозот   на   добра   и   услуги   помеѓу 
земјите   едновремено   се   и   фактори   кои   детерминираат   и   промени   во 
понуда   и   побарувачка   на   соодветни   валути,а   со   тоа   и   промени   во 
девизните курсеви

4

.

Промени   во   вкусовите   на   потрошувачите-

напредокот   на 

технологијата   во   САД   осигурува   производство   на   американски 
компјутери   со   високи   перформанси.Тоа   ја   зголемува   побарувачка   на 
американски

 

компјутери

 

на

 

странски

 

пазари:во 

Македонија,Хрватска,Бугарија и сл.Побарувачка на американски долари 
на   пазарите   на   соодветни   земји   расте.Доларот   апрецира   во   однос   на 
македонскиот денар,хрватска куна,бугарски лев и сл.

Промени во релативниот доход-

побрзиот економски раст во САД,во 

однос   на   други   земји,на   пр.во   однос   на   Англија   и   Македонија,ќе 
предизвика побрз пораст на доходите на американските граѓани,а со тоа и 
пораст на нивната куповна моќ.Американските граѓани ќе купуваат повеќе 
добра   и   услуги   на   домашниот   пазар,но   и   на   странските   пазари-во 
конкретен случај од Англија и Македонија.Тоа ќе ја зголеми понудата на 
долари на соодветни странски пазари и доларот ќе деприцира во однос на 
нивните валути.

Општото ниво на цените(стапка на инфлација)-

повисока стапка на 

инфлација   во   САД,во   однос   на   Македонија,ќе   предизвика   пораст   на 
побарувачката   на   американските   граѓани   за   македонски 
производи.Понудата на долари на девизниот пазар ќе порасне и вредноста 
на американскиот долар во однос на македонскиот денар ќе депрецира.

Висина на реалната каматна стапка-

ако Федералните резерви на САД 

ја   намалат  

  понудата   на   пари   заради   контролирање   на 

инфлацијата,реалната каматна стапка во САД ќе порасне во однос,на пр. 
на   Јапонија.Јапонците   ќе   бидат   заинтересирани   да   купуваат   повеќе 
американски трезорски обврзници,бидејќи овие носат повисоки каматни 
стапки.Понудата   на   јапонските   јени   на   девизниот   пазар(во   замена   за 
американски   долари)ќе   расте.Вредноста   на   доларот   во   однос   на 
јапонскиот јен ќе апрецира.

4

Želiš da pročitaš svih 1 strana?

Prijavi se i preuzmi ceo dokument.

Ovaj materijal je namenjen za učenje i pripremu, ne za predaju.

Slični dokumenti