Dogovor za zastapuvanje
Тема:Договор за Застапување
Предмет:
Граѓанско право
Ментор: Кандидат:
Содржина:
1. Вовед...............................................................................................3
2. Содржина........................................................................................4
2.1
Поим на договорот за застапување
......................…...............................4
2.2 Видови трговски застапништва...............................................................4
2.3 Склучување договор за застапување......................................................6
2.4 Правни односи од договорот за застапување........................................7
2.4.1 Обврски на застапникот.........................................................................8
2.4.2 Права на застапникот...........................................................................11
2.5 Престанување на договорот..................................................................12
3.Заклучок......................................................................................13
4.Користена литература.............................................................14
2

Договор за трговско застапување
1.
Поим на договорот за застапување
Со договорот за трговско застапување, застапникот се обврзува постпјано
да се грижи трети лица да склучуваат договори со неговиот налогодавач, како и,
според добиеното овластување, да склучува договори со трети лица од име и
сметка на налогодавачот, а налогодавачот се обврзува за секој склучен договор
да му исплати определен надомест.
Трговските застапници се самостојни субјекти на трговското право. Главно
поголемиот број субјекти, без разлика на името вршат работи на застапување и
посредување. Поради тоа, во практиката на континенталните права често не се
прави јасна разлика меѓу овие две работи, иако во правната теорија е извршено
јасно разграничување. Тоа се две посебни работи во трговското право, и тоа,
како во домашното така и во меѓународното трговско право. Додека трговскиот
застапник договорите ги склучува од името и за сметка на застапуваниот,
трговскиот посредник само ги доведува странките во врска, а потоа тие
склучуваат соодветен договор. Додека трговскиот застапник секогаш истапува
од името и за сметка на застапуваниот, трговскиот посредник секогаш истапува
од свое име и своја сметка. При склучувањето и извршувањето на договорот со
трето лице трговскиот застапник се однесува како договорна страна , и ги
заштитува интересите на застапуваното лице, додека трговскиот посредник има
неутрална улога и ги заштитува интересите на двете договорни страни.
Трговските застапници во меѓународниот правен промет можат да
застапуваат една или повеќе странски фирми или сите фирми од една земја, а,
исто така, една или повеќе наши фирми во странство.
4
2. Видови на трговски застапништва
Постојат повеќе видови застапништва. Но главната поделба на
застапништва се состои во: застапништво во внатрешен промет и застапништво
во надворешен – трговскиот промет.
Бидејќи во ниедна од веќе споменатите права не се прави некоја
позначајна разлика меѓу внатрешното и меѓународното застапништво, и лицата
кио се овластени да ги вршат работите за застапување можат да го вршат како
за домашни така и за странски овластувачи, затоа овааа поделба не игра некоја
поважна улога.
Меѓутоа, во меѓународниот трговски промет имаме повеќе видови
трговски застапништва.
Поделбата на трговското застапништво може да се изврши по различни
критериуми, и тоа: според територијата во која застапникот ја врши својата
дејност, според обемот на овластувањата што ги има трговскиот застапник,
според начинот на вршењето на дејноста, според обемот на границите за
изборот на трето лице при склучувањето на договорот итн.
Договорните страни со договорот за застапување или со деловните обичаи
ја определуваат територијата на која трговскиот застапник ќе го застапува
овластувачот. Според територијата каде се врши застапувањето може да имаме
местни(локални), обласни и генерални трговски застапници.
Ако трговскиот застапник е овластен само за едно географско место и за
неговата околина тогаш велиме дека се работи за местен трговски застапник.
Генералниот трговски застапник е оној застапник кој е овластен од една
или повеќе фирми да ги застапува на територијата на една или повеќе земји
дури и континенти.
Трговското застапување, според обемот на својата деловна дејност, може
да се појави како: специјално или посебно и генерално или општо.
Под специјално трговско застапништво подразбираме кога застапникот е
овластен од име и за сметка на својот овластувач да склучи една или повеќе
определени видови правни работи. Додека, спротивно на тоа, генералниот
застапнике овластен да ги склучува сите правни работи од име и за сметка на
овластувачот.
5
Ovaj materijal je namenjen za učenje i pripremu, ne za predaju.
Slični dokumenti