Domot na komunite vo angliskiot parlament
Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип
Правен факултет-Правосудна насока
Семинарска работа
Предмет: Политички систем
Тема: Домот на комуните во англискиот парламент
Ментор: Изработила:
Проф. Јован Ананиев Постолова Славица
Бр.на индекс 071420
Штип, 2012
Содржина
1. Вовед................................................................................................................2
2. Причини
за
распуштање
на
Домот
на
комуните...........................................3
3. Заседавање на Домот на комуните...............................................................4
4. Донесување на закони....................................................................................5
5. Целиот
Дом
на
комуни
како
одбор................................................................6
6. Постојани одбори............................................................................................6
7. Опозиција.........................................................................................................6
8. Пратенички прашања......................................................................................8
9. Кабинет (Влада)..............................................................................................8
10.Кабинетски систем или систем на кабинетско
владеење..........................12
11.Заклучок.........................................................................................................15
12.Користена литература..................................................................................16
1

Причини за распуштање на Домот на комуните
Причините кои ја наведуваат владата да пристапи кон распуштање на
Домот на комуните пред истекот на неговиот петогодишен мандат можат
да бидат најразлични. Меѓу нив се истакнуваат следниве:
Прво,
во случај на владата во Домот на комуните да и биде изгласана
недоверба, таа наместо да поднесува оставка, може да се одлучи на
распуштање на Домот на комуните и распишување на нови избори.
Формално, одлуката за распуштање ја носи монархот на предлог на првиот
министер.
Второ
, владата да пристапи кон распуштање на Домот на комуните
поради длабокото недоразбирање помеѓу владата и опозицијата околу
некои крупни прашања. Во вакви случаи, под притисок на опозицијата,
владата се одлучува да распише нови избори со цел да му остави на
електоратот можност да се изјасни.
Трето
, во последните децении во Англија „теоријата на мандатот“
добива сила на уставна конвенција според која владата нема право да бара
од Домот на комуните да одлучува за некои крупни прашања, односно,
посебно да усвојува одредени закони доколку донесувањето на таквите
закони не било предвидено во изборната програма на нејзината партија
3
што е прифатена од мнозинството избирачи. Во таков случај, а особено ако
тоа го бара опозицијата, владата пристапува кон распуштање на Домот на
комуните и повторно им ја препушта можноста на избирачите да го
разрешат тоа контраверзно прашање. Станува збор за еден вид прикриен
референдум.
Четврто
, најчеста причина која што се јавува во праксата претставува
самоиницијативна одлука на владата, во одреден момент, пред истекот на
редовниот мандат, да го распушти Домот на комуните. Секоја влада има за
цел да остане на власт што е можно подолго време (освен доколку земјата
се наоѓа пред сериозни тешкотии кои владата смета дека не може да ги
совлада, поради што е подготвена да ја препушти власта на опозиционата
партија и таа да формира влада) поради што го одбира најдобриот момент
за нејзиниот рејтинг за распуштање на Домот на комуните. Имено, познато
е дека расположението на јавното мислење, кое институционализирано се
изразува во ставот на избирачкото тело, се менува и затоа за владата е
многу важно да се обрати до електоратот во вистинскиот момент на
наклонетост. Врз основа на сопствена проценка која се извлекува од
одредените успеси кои владата ги постигнува во надворешната или
внатрешната политика, потоа врз основа на резултатите од дополнителните
избори, или разните испитувања на расположението на електоратот,
владата одлучува кој момент е најпогоден за неа да го распушти Домот на
комуните и да распише нови парламентарни избори. Тоа обично се случува
кон крајот на четвртата или почетокот на петтата година од мандатот на
Домот на комуните, но некогаш и порано. Доколку го одбрала вистинскиот
момент, владата ќе си обезбеди нов мандат од пет години. Но, доколку
погреши во сопствената проценка, на изборите мнозинството ќе го освои
опозицијата и таа ќе ја формира новата влада.
4

Ovaj materijal je namenjen za učenje i pripremu, ne za predaju.
Slični dokumenti