Državen zavod za revizija
Univerzitet “Sv. Kiril i Metodij”
Ekonomski fakultet- Prilep
СЕМИНАРСКА
РАБОТА
INTERNA I EKSTERNA REVIZIJA
Т
ema:
Државен завод за ревизија
1
Izrabotil: Mentor:
Наумческа
Кети
Prof. d-r
Пеце
Николовски
Indeks br. 44/08
Прилеп
, 2011
Содржина:
Државен
завод
за
ревизија...........................................................................................2
Главен
државен
ревизор..............................................................................................2
Овластен
државен
ревизор..........................................................................................3
Организација
на
ДЗР
на
РМ........................................................................................4
ДЗР
како
врховна
ревизорска
институција................................................................6
Цели и задачи за работата на ДЗР во
2010год...........................................................7
2

Државниот завод за ревизија (ДЗР) како Врховна ревизорска
институција е основан со акт на Собранието на Република
Македонија и со Законот за државна ревизија (донесен 1997
година), односно со неговите дополнувања (2003 и 2004 година).
Според Законот за државна ревизија, Државниот завод за ревизија
е ревизорска институција.
Значи за практикување на фискалната (државната) ревизија во
нашата држава е моделирана посебна институција која е наречена
Државен завод за ревизија.
Функционирањето на Државниот завод за ревизија на Р.
Македонија практично започнува на почетокот на 1999 година со 9
вработени коишто пак вработени биле земени од Дирекцијата за
економско-финансиска ревизија во институцијата што тогаш
постоела и се нарекувала Завод за платен промет.
Хронологијата на ревизорската проблематика датира од периодот
по завршувањето на Втората светска војна. Податоците покажуваат
дека првите ревизорски институции што почнале да се занимаваат
со државната ревизија се формирани во 1945 година. Во
понатамошниот период тие институции еволуираат и претрпуваат
повеќе видови на реформи се до формирањето на Државниот завод
за ревизија кој има третман на Врховна ревизорска институција.
Главен државен ревизор
Со ДЗР раководи Главниот државен ревизор . Мандатот на
главниот државен ревизор е 10 години кого го избира Собранието
на Р. Македонија. Тој има и свој заменик кој го избира исто така
4
Собранието на Р. Македонија и неговиот мандат е 10 години.
Собранието на Р. Македонија има функција да го избира и да го
разрешува како главниот државен ревизор така и неговиот
заменик.
Собранието ги разрешува во следните случаи:
-ако тие самите го бараат тоа;
-доколку ги исполнуваат условите за старосна пензија;
-ако се осудени за кривично дело на безусловна казна затвор
најмалку шест месеци;
-поради потешка дисциплинска повреда што ги прави неподобни
за вршење на својата професија.
Главниот државен ревизор и неговиот заменик не смеат да вршат
јавна функција ниту да бидат членови на некоја политичка
партија, потоа не смеат да бидат исто така членови на управен
одбор,надзорен одбор итн.
Главниот државен ревизор именува овластени државни ревизори
кои раководат со посебни сектори од ДЗР.
Овластен државен ревизор
Фискалната државна ревизија во ДЗР ја спроведуваат по налог на
Главниот државен ревизор Овластените државни ревизори коишто
се во редовен работен однос во ДЗР.
Овластениот државен ревизор исто како и главниот државен
ревизор не смее да биде член на управен, надзорен одбор,
политичка партија или кој бил друг орган кај други субјекти. Тоа е
лице коешто поседува уверение за овластен државен ревизор и
исполнува услови кои се со закон пропишани.
5

Ovaj materijal je namenjen za učenje i pripremu, ne za predaju.
Slični dokumenti