СЕМИНАРСКА РАБОТА ПО ПРЕДМЕТОТ:

ИНТЕРНА И ЕКСТЕРНА РЕВИЗИЈА

ТЕМА:

ЕКСТЕРНА РЕВИЗИЈА НА ФИНАНСИСКО РАБОТЕЊЕ

                                                

12.

Интерна ревизија на финансиското работење

Од   особена   важност   за   контролата   на   финансиското   работење   во 

компаниите е да постои добра организациска поставеност, соодветна 

документација и адекватен начин на проверка на документацијата. 

Мотивот   за   оваа   контрола,   главно,   доаѓа   од   почитувањето   на 

законитоста во работењето и деловниот морал при располагањето со 

средствата и остварувањето, односно распределбата на добивката и 

ефикасноста на работењето.

Ревизијата   на   финансиското   работење,   којашто   во   компаниите   ја 

врши интерната ревизија, треба да ги опфаќа следниве испитувања:

- ревизија на касовното работење;

- ревизија   на   работењето   со   финансиските   средства   преку 

сметките во деловните банки;

- ревизија на работењето со девизните средства;

- ревизија на работењето со хартии до вредност (меници, чекови, 

акции, обврзници и сл.);

- ревизија на побарувањата од купувачите и другите побарувања 

од деловните односи и др.

12.1     

Ревизија на касовното работење

Основна   задача     на   оваа   интерна   ревизија   е   да   ја   провери 

правилноста при раководењето во паричните средства и другите 

вредности   што   минуваат   низ   касата.Потребно   е   да   се   подвлече 

дека   касовното   работење   во   компаниите   денес   го   нема   она 

background image

и да ги вршат плаќањата преку поранешниот Завод за платен промет 

почнувајќи од 01.01.2002 година, согласно одредбите од Законот за 

платен промет и неговото дополнување деловните субјекти своите 

сметки (денарски и девизни) ви отвораат во една или повеќе деловни 

банки   и   од   нив   ги   вршат   сите   безготовински   плаќања,   односно 

подигањето парични и девизни средства за готовинските исплати. На 

тие сметки се слева и готовинската и безготовинската наплата на 

денарските и девизните средства.

Според овој закон, може да се констатира дека еден деловен субјект 

може да има една или повеќе денарски и девизни сметки, кај една 

или повеќе деловни банки. Факт е дека преку сметките на деловните 

субјекти   во   банките   настануваат   енормни   приливи   и   одливи   на 

парични денарски и девизни средства. Токму поради ова, ревизијата 

на денарските и девизните средства на компаниите, што се водат на 

сметките кај деловните банки, ќе биде обемна и ќе треба да биде 

насочена   кон   испитување   на   следниве   аспекти   од   работењетона 

комапнијата:

- придржувањето   на   деловните   субјекти   кон   одредбите   на 

законските     прописи од областа на финансиите, односно од 

областа на платениот промет;

- навремено внесување на сметката на сите готовински примања 

на парични средства;

- компензирањето меѓу побарувањата и обврските и тоа особено 

кога исти субјекти се јавуваат како купувачи и добавувачи;

- Покритието   за   издадените   налози   од   банката   да   изврши 

определени плаќања;

- наменското трошење на средствата од сметката за стопански 

цели, исплата на обврските спрема добавувачите, државата и 

другите   субјекти   или,   пак,   утврдување   на   тоа   дали   имало 

случаи за набавка на средства што немаат деловен карактер;

- овде   ревизијата   треба   да   се   провери   и   дали   исплатата   на 

добавувачите е извршена врз основа на добиени фактури, од 

оние   добавувачи   што   се   ликвидирани,   како   што,   впрочем,   е 

предвидено во организацијата на финансиската оператива во 

деловните субјекти.

Доколку интерната ревизија, преку испитувањето, дојде до сознание 

дека се направени некои неправилности во врска со работењето што 

се врши преку сметката, таа треба да направи записник, кој во прилог 

треба да има и извештај од лицето кое извршило интерна ревизија за 

таквата ревизија на работењето преку сметката. Во извештајот треба 

посебно   да   се   истакне   дали   подигнатите   парични   средства   од 

сметката  (како   обртни   средства)  наменски   се   поторшени,   односно 

дали   тие   се   употребени   за   исплатите   за   коишто   постои   исправна 

документација   и   правилно   формирани   и   од   овластено   лице 

ликвидирани   фактури   и   сл.   Во   врска   со   потрошувачката   на 

постојаните   средства,   односно   со   издатоците   за   нивна   набавка   и 

одржување,   во   извештајот   треба   да   се   наведе   присутноста   на 

соодветни одлуки од управниот орган, како и дали било извршено 

правилно оформување на документите и соодветна исплата.

Како констатации за работењето преку сметката можат да се наведат 

и   различните   забелешки   во   врска   со   правилноста   и   ажурноста   во 

книговодството итн.

Извештајот   за   контола   на   сметката   се   доставува   до   органите   на 

деловниот субјект.

Интерната ревизија на работењето кое се врши во деловните банки, 

главно,   опфаќа   кредитното   работењеи   работењето   поврзано   со 

користењето   на   заемите.   Со   контролата   на   кредитното   раборење 

потребно е да се провери:

- дали деловниот субјект е способен за добивање кредит;

- дали добиените кредити наменски се трошат; и

- дали деловниот субјект навреме врши отплата на кредитите.

Условите под коишто банката им дава кредити на компаниите се 

ориентирани   кон   тоа   средствата   да   се   вложат   сигурно   и   според 

потребите на стопанскиот развој, и тоа во корист на општествената 

заедница во целост и компанијата, како нејзин сегмент. Тие услови, 

пред се, се однесуваат на тоа да:

- книговодството   на   компанијата   да   биде   ажурно   и   уредно 

водено;

- работењето на претпријатието да биде успешно, односно таа во 

своето   финасиско   работење   да   нема   големи   побарувања,   а 

особено да нема инсолвентни побарувања;

- работењето да биде економично, рентабилно и ликвидно.

Ревизијата, според тоа, треба да утврди дали компанијата е способна 

да добие кредит, односно дали ги исполнува споменатите предуслови 

– критериуми за оценка на нејзиниот бонитет.

background image

Под   девизни   средства   се   подразбираат   ефективните   странски 

средства за плаќање: валутите, чековите во странски пари и други 

странски   средства   за   плаќање.   Под   девизно   работење   се 

подразбира   она   работење   што   предизвикува   определено 

побарување или обврски во однос на странство.

Потревните девизни средства за набавка на стока од странство, за 

покривање   на   различни   трошоци   во   врска   со   патувања   во 

странство, изджување на низа претставништва во странство и сл. 

Компаниите ги набавуваат од овластените банки за продажба на 

овој вид средства и од своите девизни сметки.

За   секој   вид   девизни   средства,   што   се   наоѓаат   во   касата   на 

комапнијата   или   во   банката,   се   отвора   посебна   аналитичка 

сметка. Со оглед на тоа што работењето со девизните средства е 

мошне специфично, службата за интерна ревизија треба да му се 

посвети посебно внимание. Таа треба да ја испита законитоста при 

набавувањето,   а   особено   трошењето   на   девизните   средства. 

Трошењето   е   исклушително   важно,   бидејќи   станува   збор   за 

средства до коишто деловните субјекти потешко доаѓаат, па оттука 

се наметнува потребата од педантност и дисциплина при нивното 

економско (рационално) трошење.

Според Законот за девизно работење на Р. Македонија, предвидено 

е   деловните   субјекти   своите   девизни   средства   да   ги   водат   на 

девизни   сметки   кај   деловните   банки,   преку   коишто   се   врши   и 

целокупниот платен промет со странство.

Девизното работење на компаниите, како и другите субјекти што 

стапуваат во деловни врски со странски партнери, е предмет на 

интерната, а пред се на екстерната ревизија  контрола.

,,Под   девизна   контрола   се   подразбира   надзор   на   девизното   и 

кредитното   работење   со   странство   на   сите   субјекти,   и   тоа: 

компаниите,   сите   општествени   и   граѓански   правни   лица   и 

граѓаните’’.

 Оваа   контрола,   главно,   ги   опфаќа: 

засновањето,содржината   и   разрешавањето   на   финансиските 

односи што постојат меѓу домашните у странските лица, како и 

работењето со странски средства за плаќање во земјата. Поточно, 

контролата,   односно   ревизијата   на   остварувањето, 

стекнувањето,располагањето   и   задржувањето   на   девизите, 

девизновалутните   работи,   кредитните   работи   со   странство, 

внесувањето и изнесувањето денари, девизи, хартии од вредност и 

злато, како и други девизни работи во земјата и странство. При 

Želiš da pročitaš svih 22 strana?

Prijavi se i preuzmi ceo dokument.

Ovaj materijal je namenjen za učenje i pripremu, ne za predaju.

Slični dokumenti