Franshiza i lizing
1
2
СОДРЖИНА:
Вовед....................................................................................................................................... 3
1.Поим и основни карактериситки на лизингот.................................................................. 4
1.1 Типови на лизинг.........................................................................................................5,6,7
1.2 Еваулација на лизингот...............................................................................................7,8,9
1.3 Фактори што влијаат врз вреднување на лизингот...................................................9,10
1.4 Примена на лизингот кај малите претпријатија ....................................................10,11
1.5 Третман на лизингот во законската регулатива на Р.Македонија....................11,12,13
1.6 Прилог: Франшиза......................................................................................................13,14
Заклучок.................................................................................................................................14
Користена литература...........................................................................................................14

4
1. Поим и основни карактеристики на лизингот
Претпијатијата во основа имаат фиксни финасиски средства поднесени во
билансната состојба, но важен фактор претставуваат некретнините, земјиштето,
зградите и опремата каде што доколку не се во нивна лична сопственост првата опција
е преку финасиски средства да ги купат или како алтернативна опција да ги земат на
лизинг.
-Финасирањето по пат на лизинг преставува облик на финасирање преку давање на
одреденото средство под закуп. Во современиот аранжман за лизинг во светот може
виртуелно да се земат под лизинг основни средства така што во 2006 повеќе од 25% од
капиталната опрема е земена преку лизинг аранжман.
Давањето на одредено средство под закуп (лизинг) во себе носи и други
погодности како:
Обука на кадри кои треба да го употребуваат средството;
Сервисирање, одржување и замена на дотраени делови;
Пренесување на корисникот на лизинг како know-how од областа на
технологијата и техниката со пропратна документација за даденото средство
кое преставува предмет на договорот за лизинг.
Договорот за финансиски лизинг преставува склучен договор кој овозможува
корисникот на лизинг (lessee) да користи средства во сопственост на компанијата за
лизинг (lesser) давател на лизинг , за одреден надомест во определна форма на
плаќање. Главниот интерес на компанијата кој го дава лизингот е да овозможи на
корисникот на опремата да создаде прилив на готови пари (cash flow) со цел да ги
сервисира плаќањата на давателот на лизинг.
Во склучување на ваков вид договор за лизинг инволвирани се две или три страни
односно едната страна ( давател на лизинг) се обврзува на другата страна ( корисникот
на лизинг) да финансира набавка на одредено средство, на тој начин корисникот на
лизинг ќе одбере кое средство му е потребно , давателот на лизинг ќе го купи или
нарача да се направи кај производителот (трета страна) , па откако ќе стане негов
сопственик ќе го предаде на користење и употреба на корисникот на лизинг за
одредено време и одреден надоместок за истото средство. По истекот на
договорениот рок од договорот корисникот на лизинг истото може да го купи, да го
врати или да продолжи да го користи. Под договор за лизинг се земаат компјутери,
авиони, автомобили и индустриска опрема.
Со други зборови доколку правниот субјект нема доволно финансиски средства за
набавка на опрема се обраќа до лизинг институцијата и од неа ја зема опремата под
лизинг а при тоа се склучува договор каде што точно се регулираат условите под која
ќе се користи опремата. Во договорот се утврдени одредбите како рок со важност на
повеќе 5 години, услови на користење, начин на плаќање и времетраењето на истиот
договор. По истекот на договорот за лизинг на корисникот му стојат на располагање
следниве можности:
да го купи предметот по пониска цена и да стане негов сопственик;
да склучи нов договор за користење на предметот по пониска цена;
5
да го врати предметот на лизинг компанијата;
Во договорот за лизинг важно е да се нагласи дека сопственоста на предметот кој
се дава на лизинг на корисникот е давателот на опремата (lesser) а тоа преставува
зголемена гаранција за него и за целата лизинг трансакција.
Лизинг институцијата преставува правно лице што може да се јави како
производител на опремата или како правно лице кое ја купува опремата од
производителот и ја дава под лизинг на корисникот на опремата.
Во финансиските лизинг договори најважен елемент е цената на надоместок за лизинг.
Во цената обично влегуваат следните елементи:
амортизација на средството;
трошоци за сервисирање, одржување, замена на дотраени делови;
трошоци за осигурување;
трошоци за обука на кадри;
Предностите за користење на лизинг договори се повеќекратни:
за користење на опремата на мора да се ангажираат сопствени финансиски
средства, односно корисникот не мора да се задолжува во банка.
со користење на лизинг опрема , корисникот брзо доаѓа до современа
технолошка опрема.
ризикот на застарување на средството го сноси давателот на лизинг, имено ако
истот застари давателот на лизинг има обврска да го замени.
Недостатоци од употребата на лизингот за корисникот се:
надоместокот за лизинг обично е висок, па спрема тоа корисникот на лизинг
таа цена треба да ја вкалкулира во своите трошоци со цел да го зголеми
производството и реализацијата така што да му се исплати финасирањето преку
лизинг.
Со оглед на позитивните и негативните страни кои произлегуваат од договорот
за лизинг , носителите на одлуки за обликот на финасирање треба да располагаат со
познавање на различни типови на лизинг аранжмани, нивните карактеристики, како и
начинот на анализа и оценка на економската оправданост на ангажираните средства.
1.1 Типови на лизинг
Лизингот може да се јави во следните основни форми:
Продажба со повратен лизинг ( sale and leaseback arrangements)
Оперативен лизинг ( Operating leases )
Финансиски или Капитален лизинг (Straight Financial or capital leases)
Продажба и повторно изнајмување
- Сопственикот на предметот на договорот на
Ovaj materijal je namenjen za učenje i pripremu, ne za predaju.
Slični dokumenti