Guerilla marketing
Герила макетинг како нов пристап и филозофија во маркетингот на малите бизниси
ВОВЕД
Маркетингот е многу интересна наука која пред се почнува и
завршува со луѓето. Велат
"
Рекламата искрено лаже"
.
Поракaта што ја
праќа маркетингот запакувана во некаква форма треба да содржи
стратегиски смислена игра на зборови, примамлива слика или пак графички
приказ со кој ќе се даде некаква информација и ќе се прати некоја порака.
Герила маркетингот одбрав да го истражувам затоа што сметам дека
треба да се поседува талент, како и вештина со која ќе може на креативен
начин да се презентираат и промовираат сите оние нешта кои бизнисите во
иднина тежнеат успешно да ги продаваат на пазарот.За герила маркетингот
битни се идеите. Идејата е најскапото оружjе! Се започнува од идејата, а
завршува со нејзина реализација во успешен проект! Герила маркетингот е
процес, серија настани со кои континуирано се влијае на мислењето на
луѓето, како и нивните одлуки во процесот на купување. Проблемот на
денешното динамично економско општество не е рекламирањето туку
незнаењето како тоа да се направи. Скапите и бесмислени телевизиски
реклами, билборди или слики во печатените и електронските медиуми не се
единствен предуслов за успешен маркетинг. Кратките и едноставни пораки
креативно спакувани водат до една поинаква дестинација, а тоа е успешна
перцепција од страна на потенцијалните купувачи кои во иднина бизнисите
тежнеат да ги претворат во постојани.
Герила маркетарите не се потпираат на грубата сила на
пречекорување на буџетот за маркетинг, туку на грубата сила на
живописната фантазија. Но, сепак треба да се запомни дека во својата
суштина маркетингот е работа, а целта на работата е да донесе пари! Ако
науката и уметноста како и умешноста помагаат во остварувањето профит,
тогаш се идеја на герила маркетингот.
1
Герила макетинг како нов пристап и филозофија во маркетингот на малите бизниси
1.Основни сознанија за маркетингот
Маркетинг е кованица од англосаксонско потекло. Етимолошкото
значење му е "ставање на пазар". Тешко е со сигурност да се каже кога
зборот е употребен првпат. Некои автори истакнуваат дека тоа се случило
во годишниот извештај на Џенерал Моторс за 1952-ра година. Освен тоа, не
постои ниедна општо прифатена дефиниција на маркетингот. Можеби и тоа
е еден показател на неговата широчина и значење. Но, пред да наведеме
некоја од дефинициите и да кажеме што всушност претставува маркетингот,
да видиме како воопшто настанал.
Непосредно по завршувањето на индустриската револуција, главна
преокупација и проблем на претпријатијата која било потребно да се реши
било производството. Понудата на производи и услуги од кој било вид била
повеќе од скромна. Претпријатијата биле преокупирани со проблеми на
користење на капацитетите, методите и обемот на производството. Бидејќи
продажбата не била сериозен проблем, се тргнувало од стојалиштето дека
ќе се продаде она што е во состојба да се произведе. Мислењата,
ставовите и потребите на купувачите никого не го интересирале. Во прилог
на тоа зборува и надмената изјава на Хенри Форд, творецот на прочуениот
"Т" модел, дека потрошувачот може да купи автомобил во која било боја-
само да е црна! Во ситуација на неподмирени пазарни потреби и релативно
слаба конкуренмција, таквиот став на претпријатијата бил рационален и
одржлив.
Меѓутоа, кога стопанството влегло во фаза на масовно производство
за масовен пазар, почнала да преовладува продажната ориентација. Се
дошло до заклучок дека потрошувачите нема да купуваат производи и
услуги доколку не постојат продажен и промоционен напор од страна на
претпријатијата.
http://www.panoptikum.com.mk/2009-11-08-15-10-52/miks-marketing/307-2010-01-14-12-04-38.html
2

Герила макетинг како нов пристап и филозофија во маркетингот на малите бизниси
Улогата на маркетингот е да овозможи чинот на размената да се
одигра така што потрошувачот да ја добие стоката и услугата што му се
потребни, а производителот еквивалентен надомест за тоа, во вид на
профит.
За да се оствари таа цел, потребите, ставовите и мислењата на
потрошувачите мораат постојано да бидат во фокусот. Маркетингот прави
производството "да има очи", да помага во решавањето на
фундаменталните прашања на работење: што треба да содржи понудата на
претпријатието (кои производи и услуги), кој целен пазар да се избере, кога
треба да се понуди производот и под кои услови, како понудата треба да
изгледа.
Маркетингот како деловна функција, координирана со другите
деловни функции, треба да ја поврзе севкупната активност на
претпријатието со барањата на купувачите. Улогата на маркетингот притоа
е интегративна. Тој е мост кој ги поврзува можностите на претпријатието со
потребите на потрошувачите, стопанството и општеството за производи и
услуги. Еден од условите кој мора да се исполни за во тоа да се успее е
добро познавање на маркетингот. Во спротивно, "се намигнува во мрак".
4
Герила макетинг како нов пристап и филозофија во маркетингот на малите бизниси
2.ИДЕЈАТА Е КАПИТАЛ, А СЕ ДРУГО Е ПАРИ!
Идејата означува начин и облик во кој ни се прикажуваат предметите
и појавите.
Според Хегел
"Умното е прогласено за стварно, а
стварното за умно!".
Ова можеме да го кажеме и за герилецот. Во неговата глава сите
обични нешта се искористуваат за на крајот идејата да се претвори во една
креација, една вистинска реалност, во еден облик близок и разбирлив.Но
сепак и најважното, доволно сликовит како и оригинален за да може да
пренесе порака и да делува. Затоа што крајната цел на герила маркетингот
е влијание врз одлуката за купување на одреден производ како и негово
фаворизирање. Сепак без оглед на се герилецот има една предност пред
сите други, а тоа е креативниот потенцијал со кој располага, неговото
најскапо оружје, идеите! Во маркетингот тој со мал буџет а многу живописна
фантазија ја освојува крајната цел, го освојува потрошувачот! Во бизнисот
менаџерите треба да се потпрат на нешто што дава резултати, но што е
поефтино.
Треба да се има во предвид дека сепак маркетингот е болно бавен
процес со кој се преместуваат луѓето од нивното место на листата на
клиенти, преку нежно фаќање на нивниот начин на размислување, но така
што веќе никогаш нема да бидат испуштени. Секоја компонента што помага
да се продаде својот производ е дел од маркетиншкиот процес. Ниеден
детал не е неважен. Освен тоа колку е поситен деталот толку му е поважен
на клиентот. Колку поскоро ќе се сфати тоа, толку подобри резултати ќе се
остварат во маркетингот , а колку подобри резултати ќе се остварат во
маркетингот толку повеќе пари ќе се заработат.
Герила маркетингот бара да се разбере секој аспект на маркетингот,
да се експериментира со многу од нив, да се истребат губитниците, да се
дуплираат добитниците, а потоа да се применат маркетиншките тактики на
бојното поле во вистинскиот живот.
http://panoptikum.com.mk/2009-11-08-15-10-52/forever/913-2010-05-06-18-58-53.html
5
Ovaj materijal je namenjen za učenje i pripremu, ne za predaju.
Slični dokumenti