Karaktersitiki na menadžerite
УНИВЕРЗИТЕТ “СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ - БИТОЛА
ФАКУЛТЕТ ЗА АДМИНИСТРАЦИЈА И МЕНАЏМЕНТ НА
ИНФОРМАЦИСКИ СИСТЕМИ
Семинарска работа на тема:
КАРАКТЕРИСТИКИ НА МЕНАЏЕРИТЕ
Изработил: Дијана
Предмет: Вовед во менаџмент
1
декември, 2008 година
Кратка содржина
Вовед.........................................................................................
....... 2
1. Способности на
менаџерите.................................................... 3
1.1 Техничка
способност............................................................ 3
1.2 Човечка
способност.............................................................. 3
1.3 Комуникациска
способност................................................ 4
1.4 Концепциска
способност..................................................... 5
1.5 Аналитичка
спосбност......................................................... 5
1.6 Способност за
одлучување.................................................. 5
2. Вештини на
менаџерите........................................................... 6
3. Стил на
менаџерите.................................................................. 8
3.1 Автократски
менаџер.......................................................... 9
2

„Кога ќе дувнат ветровите на промените, едни градат
ѕидови, други ветерници“ (древна кинеска поговорка).
Ова е само една од многуте поговорки кои ни ги
прикажуваат промените кои секојдневно настануваат во
нашите животи, промени наметнати од ново време, нови
погледи, нови верувања, нови однесувања и се разбира
многу предизвици. Предизвици со кои менаџерите
секојдневно се среќаваат, па затоа за да бидат успешни и
за да можат да ги постигнат целите на организацијата,
мора да поседуваат одредени способности, вештини и
стилови или едноставно наречени карактеристики.
Во продолжение следи една тема која зборува за
комбинацијата на карактеристики што треба
менаџерите да ги поседуваат. Првиот дел зборува за тоа
какви видови способности треба менаџерите да
поседуваат за успешно да ја извршуваат секоја дејност и
кои треба рационално и оптимално да ги користат во
различни ситуации и прилики. Во вториот дел се
прикажани одредени трансферабилни вештини со кои
менаџерите можат да се прилагодат во различни
ситуации, без разлика во која средина се наоѓаат со цел
поуспешно да ги извршуваат менаџерските функции.
Додека пак во третиот дел накратко се објаснети
различните стилови на менаџерите и нивниот однос кон
вработените, кои се пресудни за создавањето на
меѓучовечките односи во организацијата и создавањето
на поволна работна атмосфера.
4
1. Способности на менаџерите
Разликите во нивоата на менаџментот и подрачјата на
делување, укажуваат и на разликите во функциите и
улогите, како и на способностите што се потребни
успешно да се извршува секоја дејност. Успешниот
менаџер поседува збир од лични (вродени) и стекнати
карактеристики. Особините кои секој менаџер треба да
ги поседува се
1
:
1.1 Техничка способност
Техничката способност ги вклучува знаењата, вештините
и стручноста кои секој менаџер треба да ги поседува при
извршување на менаџерските функции. Техничката
способност е основа за да може одреден поединец да се
позиционира и извршува менаџерски работни задачи.
Меѓутоа, во практиката многу често се случува да ес
именуваат менаџери кои недоволно поседуваат
техничка способност односно соодветни знаења и
стручност. Поради тоа за одреден поединец да се
5

Ovaj materijal je namenjen za učenje i pripremu, ne za predaju.
Slični dokumenti