Komentar na zakonot za rabotni odnosi
KOMENTAR NA ZAKONOT ZA
RABOTNITE ODNOSI
2011 god.
КОМЕНТАР НА ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИТЕ ОДНОСИ
Автори: д-р Војо Беловски
д-р Осман Кадриу
d-r Vojo Belovski
Издавач: Компанија Д-р Беловски - Друштво за интелектуални
услуги и менаџмент консалтинг
ул: Никола Вапцаров бр: 3/1, 1000 Скопје
тел: 02 3211 901 и 070 370 399
ЕМБС: 5731402
e-mail: [email protected]
За издавачот: м-р Јовица Беловски
Лектор: Вангелија Цавкова
Тираж: 200
CIP - Каталогизација во публикација
Национална и универзитетска библиотека "Св. Климент Охридски",
Скопје
349.22(497.7)(094.5.072)
БЕЛОВСКИ, Војо
Коментар на законот за работните односи / Војо Беловски, Осман
Кадриу. - Скопје : Компанија "Д-р Беловски", 2011. - 426 стр. ; 23 см
Фусноти кон текстот
ISBN 978-608-65289-0-4
1. Кадриу, Осман [автор]
а) Работни односи - Македонија - Коментирани закони
COBISS.MK-ID 87982346
П Р Е Д Г О В О Р
Коментарот на Законот за работните односи
претставува значајно дело од областа на трудово-правните
2

d-r Vojo Belovski
целта која треба да се постигне. Впрочем, и фактот што
зборот Коментар потекнува од латинскиот збор
commentarius,
а тоа значи објаснување, изложување, па и
интерпретација, а поточно, толкување на конкретните норми
содржани во овој закон.
Коментарот на Законот за работните односи има за
цел практична примена на истиот и на неговите решенија за
клучните институции кои претставуваат
sedes materiae
на
овој закон. Некои од нив ги подвлекуваме и во овој
предговор. Станува збор за договорот за вработување;
правата и обврските на договорните страни (на
работодавачот и работникот); откажување на договорот;
плаќање на работа; работното време; паузите и одморите;
надомест на штета; правна заштита на одделни категории
на работници во работниот однос (лицата кои се уште не
наполниле 18 години, жените, повозрасните работници и
други). Во истиот контекст заслужува да биде подвлечена и
улогата на синдикатите и здруженијата на работодавачите;
прашањата поврзани со колективните договори кои
претставуваат посебен извор во уредувањето на работо-
правните односи; правото на штрајк и инспекцискиот
надзор. Има и други прашања кои се уредуваат и
регулираат со решенијата на Законот за работните односи и
со колективните договори, кои прашања, како што
подвлековме погоре претставуваат законска материја, но,
подвлечените прашања во овој осврт претставуваат клучни
институции и имаат посебно место и во целокупната
законска регулатива од сферата на работните односи, а се
разбира, посебно се потенцираат и во овој коментар.
Во Коментарот на Законот за работните односи се
дава соодветно објаснување и интерпретација, речиси, на
секоја одредба.
За една поцелосна претстава на Коментарот и
објаснувањата на конкретните законски решенија, во истиот
се подвлекуваат и најзначајните правни извори, како што се
прописите од трудово-правната област, колективните
договори и поважните меѓународни акти и документи
усвоени на ниво на Европа и пошироко. Од меѓународните
4
Komentar na Zakonot za rabotnite odnosi
акти се подвлекуваат конкретните решенија содржани во
актите на МОТ (посебно конвенциите и препораките) како
значаен меѓународен извор на трудово-правните односи.
Коментарот е наменет за сите физички и правни лица. Со
други зборови, од посебна корист ќе биде, како за лицата –
субјектите кои го применуваат правото, така и за оние кои
правото го создаваат. Посебна правна и практична корист
од Коментарот ќе имаат, и од Коментарот ќе црпат,
правниците вработени во судовите, во сите правосудни
органи, во јавните обвинителства, во државните
правобранителства, адвокатите, извршителите, нотарите,
медијаторите и вработените во сите институции и државни
органи, како и во сите видови на трговските друштва
(претпријатија), поточно, правни лица.
На сите лица што ги применуваат прописите од
областа на трудово-правните односи, овој коментар ќе им
помогне нивната работа да ја сметаат не само како
рутинска, туку и како креативна работа. Ако се постигне
оваа цел, а авторите во тоа се надеваат, и овој коментар ќе
го оправда неговото излегување и живеење во “правниот
живот”. Со тоа ќе се оправда и трудот и интелектуалниот
напор кој е направен од авторите.
Одредени членови, одредби од законот кои се
прецизно формулирани и јасни, нема да бидат предмет на
овој Коментар.
Како што во науката нема совршено дело, и за овој
коментар, слободни сме да подвлечеме дека не е совршено
дело. Затоа, за авторите на Коментарот ќе биде посебно
задоволство да им се укаже на конкретни сугестии,
предлози и забелешки. Сето тоа, со цел за негово
доградување и усовршување при неговото (евентуално)
наредно издание.
На крајот, авторите, и овој пат, и по повод оваа при-
лика, изразуваат искрена благодарност на издавачка
куќа ,,
Компанија д-р БЕЛОВСКИ,, - Друштво за
интелекту-ални услуги и менаџмент консалтинг
и
посебно на нејзиниот сопственик
м-р Јовица Беловски
кој
овозможи ова дело да добие форма и атрибути на еден
5

Komentar na Zakonot za rabotnite odnosi
право, како една институција родена спонтано во рамките на
општествените односи“.
ЗАКОН ЗА РАБОТНИТЕ ОДНОСИ
I.
ОПШТИ ОДРЕДБИ
Предмет на Законот
Член 1
(1) Со овој закон се уредуваат работните односи меѓу
работниците и работодавачите кои се воспоставуваат со склучу-
вање на договор за вработување.
(2) Работниот однос се уредува со овој и со друг закон,
колективен договор и договорот за вработување.
Пред да се впуштиме во подетална анализа на одредбите
од Законот за работните односи, дозволете неколку реченици за
трудовото право како правна дисциплина.
Трудовото право е релативно нова, млада правна дисци-
плина и неговото постоење се бележи за период од едно
столетите. Трудовото право, како гранка на правото и правната
наука е во перманентна експанзија и динамичност и со своите
правни норми кои ги уредува, принципи и начела ги опфаќа сите
вработени лица во една држава, без оглед на тоа што работат и
за кои дејности засноваат работен однос (јавен и приватен
сектор и странци како вработени лица). Тоа значи, дека пропи-
сите од областа на трудовото право се применуваат како на
вработените и работодавачите во приватниот сектор (стопан-
ството), така и во нестопанските дејности.
Што се однесува до предметот на трудовото право,
помеѓу теоретичарите од оваа област, неспорно е дека тоа е
самостојна правна гранка која има свој посебен предмет на
проучување, а тоа се
работните односи,
односно односите што
се воспоставуваат во областа на трудот.
Значењето на трудовото право се огледа и во
перманентното проширување на
предметот и содржината
на
трудовото право, така што со своето уредување тоа ги опфаќа
лицата кои своите активности ги извршуваат во сите стопански и
нестопански дејности и тоа денес се повеќе има тенденција да ги
опфати сите лица кои извршуваат професионални активности,
7
Ovaj materijal je namenjen za učenje i pripremu, ne za predaju.
Slični dokumenti