Korelаcijа pomeѓu Nаcionаlniot bezbednosen model nа Velikа Britаnijа (Obedineto Krаlstvo) so mаkedonskiot bezbednosen model
Корелација помеѓу Националниот безбедносен модел на Велика Британија
(Обединето Кралство) со македонскиот безбедносен модел
Содржина
Вовед ..............................................................................................................................................3
Поимно определување на безбедноста, безбедносниот систем и на основните субјекти на
безбедносниот систем ...................................................................................................................5
Категории на системот на државна безбедност .......................................................................10
Системот на безбедност на Република Македонија ................................................................11
-
Агенција за разузнавање ....................................................................................14
-
Управа за безбедност и контраразузнавање .....................................................17
Национален безбедносен модел (НБМ) ....................................................................................20
Поврзување помеѓу нивоата ..................................................................................................... 24
Заклучок .......................................................................................................................................27
Користена литература .................................................................................................................29
2

дрога и оружје и последиците од овие активности кои се штетни за една држава и со цел
нивно успешно спречување, потребно е постоење на добар безбедносен систем.
Функционирањето на системот за безбедност на една земја е клучно за да се
обезбеди, најпрво опстанок, а потоа и напредок на основните постулати, принципи и
вредности врз кои почива една држава. Зачувувањето на независноста, територијалниот
интегритет, суверенитет, уставниот поредок, човековите права, поточно се она што се
нарекува клучен елемент на една земја, за да биде самостојна, треба да биде приоритет на
сите они кои се занимаваат со безбедносната ситуација на една држава.
Разузнавачките и контраразузнавачките служби кои претставуваат една
специфична алка во системот за безбедност и нивното успешно функционирање е многу
значајно, пред се за правилно донесување на важни одлуки како и за реално согледување
на состојбите во нашата земја, како и во другите земји. Затоа, нивната работа и
организациската поставеност во безбедносниот систем е многу важна, пред се во
превенцијата на потенцијалните закани за безбедноста на нашата држава.
Што се однесува пак, до Велика Британија (Обединетото Кралство), Националната
безбедносно разузнавачка служба (NSIS – National Security Inteligence Service) има
поставено т.н. Национален безбедносен модел, кој е прифатен од повеќето европски земји
и како таков, со него може да се направи корелација со македонскиот национален
безбедносен систем.
Исто така, треба да се напоменат два фактора – прво треба најреално да се
дефинираат поимите на безбедноста и нејзините чинители и облици, поточно
разузнавањето и контраразузнавањето, како најкарактеристични облици на активност за
воспоставување, одржливост и заштита на стабилна безбедносна состојба, на
безбедносниот систем како целина, и второ, подробна детална анализа на обработка за
секоја безбедносна, разузнавачка, контраразузнавачка, воена или полициска служба која
фигурира во Велика Британија не е потребна, туку треба да се обработи и детектира
телото кое ги координира и усогласува сите активности на огромниот безбедносен
инструментариум кој е во функција на таа земја и се занимава со заштитата на државните
интереси и безбедноста на Велика Британија.
4
Поимно определување на безбедноста, безбедносниот систем и основите
субјекти на безбедносниот систем
За да може да се пристапи кон дефинирање и разработка, најпрво треба да се
дефинира и основната вредност која носителите на овие активности ја штитат –
безбедноста како категорија во целина и глобалната и државната безбедност, како
манифестации на таа категорија.
Така, Јордан Спасески, разликува безбедност во енциклопедиска, социолошка и
правна смисла. “Во енциклопедиска смисла, главниот акцент се става на отстранување на
активности и препуштања кои ги загрозуваат општо – прифатените човекови вредности.
Во социолошка смисла пак, доминира заштитата на динамичниот склоп на односи и
процеси во општеството со кои се овозможува непречено човеково егзистирање, а пак во
правна смисла, акцентот паѓа на постоењето на владеењето на правото, правната држава и
ефикасен и независен правосуден систем.“
Понатаму, во теоријата и практиката постојат повеќе дефиниции за поимот и
значењето на глобалната безбедност, но најчесто се смета дека тоа претставува
“сигурност, детерминирана од глобалните интереси и глобалните закани, која ги опфаќа
индивидуалноста, националната и регионалната сигурност, меѓу кои постои идеал и/или
реалполитичка врска помеѓу секторите (политичко – правни, воени, разузнавачки,
економски, социјални и еколошки), чија суштина е меѓусебно корегирање, контролирање
и моделирање, со цел постигнување на мир и сигурност на планетата и сите луѓе“.
Според Антон Гризолд, безбедноста “може да ја дефинираме како состојба во која
е обезбеден рамнотежен физички, духовен и материјал опстанок на поединецот и
општествената заедница во однос на други поединци, општествената заедница и
природата. Вака сфатената безбедност претставува иманентен структурен елемент на
општеството кое опфаќа и состојба, а исто така и дејност односно систем. Безбедноста се
Спасески Ј. (2005) “Македонија – столб на мирот и безбедноста на Балканот“, Скопје
Турек Ф. (1999) “Глобализација и глобална сигурност“, Загреб
5

Државната безбедност претставува дејствување со кое се заштитува поредокот на
власта од една страна и механизам кој го овозможува ова дејствие од друга страна.
Системот за државна безбедност претставува според правните прописи и политички
одлуки предвиден и уреден делокруг на надлежности, права и должности на тајните
служби и другите институции кои се во склоп на безбедносно – разузнавачкиот систем на
државата кои систематски прибираат, обработуваат и презентираат разузнавачки
сознанија и спроведуваат други активности по барање на носителите на државната власт,
со цел да се оствари надворешна и внатрешна безбедност на земјата.
Kако и на самиот поим на безбедноста, така и за безбедносниот систем постојат
повеќе стојалишта во литературата. Имено, постојат дилеми околу димензиите кои треба
да ги опфати овој поим. “Предизвикот да се развие оширок концепт на безбедносен
систем е прифатен во рамките на меѓународната политика и академска средина. Во однос
на нив, дела од стратегиските студии, како субниво на Меѓународните политички студии,
сеуште го докажуваат своето одбивање да се прошири концептот на безбеднисниот
систем. Тука не може да се даде точен одговор, туку може и треба да се даде одговор кој
ќе биде помалку или повеќе употреблив. Ниту преголемото проширување, ниту пак
стеснувањето на концептот на безбедносниот систем, не претставуваат валиден одговор“.
Според она кое може да се анализира од светската практика, може да се заклучи дека не
постои држава во светот која нема изградено свој сопствен безбедносен систем, и дека
речиси без исклучок, конкретните безбедносни, разузнавачки, контраразузнавачки, воени
и политички служби се неговата срж. Меѓутоа, демократското општество и правната
држава која функционира во неговите рамки, мора да воспостави баланс помеѓу: 1)
создавањето на економски, политички и правни односи за конципирање, нормирање и
организирање на одбранбениот (безбедносен) систем, и 2) да се определат рамки во кои
тој може да ги развива своите функции за да се оневозможи и неговото оттуѓување од
демократското општество и демократските вредности. Со други зборови кажано, “без
соодветен безбедносен систем кој би бил граден во функција на демократијата и правната
држава, не можат да постојат, ниту демократкото општество, ниту пак правната држава.“
Милошевич М., споменат труд, стр. 5
Георгиева Л. (2004), “Творење на мирот“, Скопје
Спасески Ј. (2004), “Македонија – столб на мирот и безбедноста на Балканот“, Скопје
7
Ovaj materijal je namenjen za učenje i pripremu, ne za predaju.
Slični dokumenti