Kreditna analiza
Стручен труд по предметот
Финансиски пазари и институции
Тема
Кредитна анализа
Прфесор изработил
1
КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА
1.Капитал
2.Светска банка
3.ПроКредит банка
4.Македонска банка за поддршка на развојот
СОДРЖИНА
1. Пет елементи на кредитната анализа
2. Кој е главен во одобрувањето на кредитот
3. Што е најважно за да се добие кредитот
4. Кредитен ризик,ризични пласмани и како банките ги
мерат
5. Најголема опасност е за банките е кредитот да не се врати
6. Македонија рекордер по бројот на креити кои не се
враќаат
7. Просечниот македонец неможе да отплака стамбен
кредит
8. Најевтина варијанта е автомобилот да си го купите кеш
9. Анализа на светската банка
10. ПроКредит Банка-Банка која го смени односот на
банките кон малите бизниси
11. Фаре кредитна линија на ``Македонската Банка за
поддршка на развојот``
12. Заклучок
2

КОЈ Е ГЛАВЕН ?
На прашањето како и кој одлучува за одобрување кредити, еден македонски
банкар ни одговори со малку иронично прашање: “А зарем очекувате дека некој
ќе ви даде одговор дека кредитите се делат со врски?”. Одговорот на еден друг
банкар беше дека тоа време е веќе завршено.
Анализата на “Капитал” покажа дека овие разлики не постојат само во
менталниот склоп на директорите, туку и во работењето на банките.
Во последниве две три години кај дел од банките, се воведуваат нови начини на
повеќестепено одлучување при одобрувањето на кредити. Со тоа, одобрувањето
на помалите кредити им се препушта на кредитните службеници или
раководителите на службите, а за поголемите одлучуваат директорите на
секторите за кредитирање, генералните директори или Управните одбори.
„Со новата организациона поставеност во одлучувањето за одобрување на
кредити се постигнува поголема ефикасност во одлучувањето, се зголемува
одоворноста за донесените одлуки и се намалува ризикот на кредитирање”,
велат во Тутунска банка.
За кредитите поголеми од 10% од гарантниот капитал на Банката, во Тутунска
банка одлучува Одборот за раководење со ризикот во кој членуваат лица кои не
се вработени во банката, најчесто претставници на најголемите акционери.
Во ИК банка велат дека за најмалите кредити одлучуваат само два кредитни
службеници, додека за поголеми кредити се вклучуваат и другите носители на
кредитни одлуки.
За да се спречи субјективното одлучување, за кредитните службеници во ИК
банка е предвидена поединечна одговорност за кредитите кој ги предложиле и
одобриле. “За секој службеник се евидентира нивото на ризичност на
кредитното портфолио, што директно и индиректно се рефлектира на системот
4
на наградување, кои придонесува за донесување на исправни кредитни одлуки”,
велат во ИК банка.
И во другите банки велат дека за помалите кредити одлучуваат директорите на
кредитирање, а за поголемите кредитните одбори, генералните директори или
Управните одбори.
Законот за банки пропишува дека секоја банка мора да организира Одбор за
раководење со ризик, одговорен за следење на сите ризици кои произлегуваат
од кредитирањето. Во повеќето банки за кредитите кои надминуваат 10% од
гарантниот капитал на банката, одлучуваат Одборите за раководење со ризик
или Управните одбори, со цел да се зголеми контролата и одговорноста при
одобрувањето на кредити.
Тука е всушност можноста за манипулации, односно можност акционерите да
си делат кредити на своите фирми.
Што е важно за банкарите кога барате кредит за отпочнување бизнис
Историјат
- бидејќи основате нов бизнис, морате да ги убедите банкарите со
вашиот бизнис план дека бизнисот кој ќе го почнете ќе биде успешен
Кредибилитет
-успехот ќе биде уште поголем ако уживате углед на добар
домаќин, вреден човек и ако имате реноме на човек кој ги враќа своите долгови
Бизнис план
-ова е еден од најзначајните делови на кредитното барање. Бизнис
планот мора да им овозможи на банкарите да го сфатат вашиот бизнис, вашата
визија, вашите деловни идеи и стратегија и да можат потоа да го следат
неговото остварување
Сопствено учество
-Не можете да очекувате дека банката ќе финансира 100%
од износот на вашата инвестиција и финансиските потреби за отпочнување на
вашиот бизнис. Вложувањето во сопствени средства и заштеди претставува
најдобар доказ за вашата верба во сопствените способност за управување со
успешен бизнис.
5

Старо банкарско павило е дека хипотеката не го враќа кредитот, туку “кешот”.
Анализата на “Капитал” покажа дека при одобрувањето на кредитите, банките
поучени од минатото се повеќе се насочуваат кон квалитетна кредитна анализа.
Нов тренд е што хипотеката која кредитобарателот ја заложува, повеќе не е
најважна за донесување на одлуката за одобрување на кредит. За разлика од
порано, кога кредитите се добиваа експресно ако директорот на некоја фирма се
познава со директорт на банката и ако има што да стави под хипотека.
Промените во светста на банкарите одат во правец дека добриот и
профитабилен проект, претходното искуство во бизнисот и квалитетниот
менаџмент се условите кои се повеќе добиваат на значење кај банкарите при
одобрување на кредитите.
Кредитот се наплатува во моментот кога се одобрува. Затоа, од големо значење
се кредитната анализа и проценката на кредитиот ризик, велат банкарите.
Проблем се лажните финансиски извештаи на компаниите
Прв чекор кога се бара кредит е “поднесување на потребната документација”.
Но, обемната документација која ја бараат некои банки, е причина некои фирми
да се откажат од идејата да бараат кредит од банка. И покрај забелешките за
преобемната документација која ја бараат, банкарите велат дека тие податоци
им се неопходни за квалитетна анализа на претпријатието кое бара кредит.
Податоците и документите кои се бараат при аплицирањето за кредит се
приближно исти во сите банки, бидејќи содржината на кредитните досиеја е
дефинирана со регулатива на НБМ.
„Добро обликуваните и воспоставени кредитни политики и процедури и
нивната доследна примена овозможуваат банките правилно да го оценат
кредитниот ризик и максимално да се заштитат од загуби од лоши пласмани”,
велат во Тутунска банка.
Она по што се разликуваат банките е транспарентноста. Некои банки на своите
веб страници и во своите филијали имаат детални процедури и потребни
документи за аплицирање за кредит, како и услови за добивање на кредит.
7
Ovaj materijal je namenjen za učenje i pripremu, ne za predaju.
Slični dokumenti