Krivična dela protiv pravosudstvo
Универзитет Св. Кирил и Методиј , Правен факултет Јустинијан први –
Скопје
Научно истражувачка работа по предметот
Kaзнено право – посебен дел
На
Тема:
КРИВИЧНИ ДЕЛА ПРОТИВ ПРАВОСУДСТВОТО
Изработиле:
Ментори:
Петар Ефремов
проф. Д-р Методија Каневчев
Драган Крстиќ
проф. Д-р Никола Тупанчевски
Благој Ангеловски
Зоран Јованчев
Скопје 2011
СОДРЖИНА
ВОВЕД _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ 3
КОМПАРАТИВНА ИСТОРИСКА АНАЛИЗА НА КРИВИЧНИТЕ ДЕЛА ВО
ОДДЕЛНИ ЗАКОНОДАВСТВА _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ 4
ОПШТИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА КРИВИЧНИТЕ ДЕЛА ПРОТИВ
ПРАВОСУДСТВОТО _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ 5
ПОЕДИНИ ВИДОВИ КРИВИЧНИ ДЕЛА _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ 8
- Непријавување подготвување на кривично дело _ _ _ _ _ _ _ 8
- Непријавување кривично дело или сторител _ _ _ _ _ _ _ _ _ 10
- Помагање на сторител по извршено кривично дело _ _ _ _ _ 11
- Давање лажен исказ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ 12
ЗАКЛУЧОК _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ 14
КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ 15

“ Од особено значење е улогата на правосудните органи во откривањето на
кривичните дела , фаќањето и судењето на нивните сторители и изрекување и
извршување на санкциите. Во функција на правосудството спаѓа и оценката на
законитоста на поединечни прописи и акти.
Сето ова укажува на огромното општествено значење на правосудните функции и
потребата тие нормално да се извршуваат, што се остварува со мерките на кривично
правната заштита” ( Лазаревиќ : 1998, стр.679 ) .
КОМПАРАТИВНА ИСТОРИСКА АНАЛИЗА НА
КРИВИЧНИТЕ ДЕЛА ВО ОДДЕЛНИ
ЗАКОНОДАВСТВА
Постарото кривично законодавство не познавало посебна група на кривични
дела против правосудството , ниту пак ги содржало сите кривични дела кои се
пропишани денес во кривичното законодавство. Така кривичниот законик на Франција
предвидувал две групи на кривични дела од оваа област, и тоа : бегство на затвореник
и воен заробеник ; лажно сведочење, клевета, повреда и откивање на тајна. Овие две
групи на кривични дела со слични називи и содржина, се појавуваат во кривичните
законици донесени во текот на 19. век, посебно во Австрискиот кривичен законик од
1852 година, Белгискиот кривичен законик од 1867 година и Германскиот кривичен
законик од 1870 година.
Како посебна група на кривични дела против правосудството, за првпат овие
кривични дела се јавуваат во преднацртите на кривичниот законик на Швајцарија од
1894 година и во истиот законик од 1937 година. Од тогаш со многу мали исклучоци во
европското законодавство во 20. век делата против правосудството претставуваат
посебна група на кривични дела.
Во странското кривично законодавство постојат значајни разлики во поглед на
содржината на оваа група кривични дела. Тие разлики не се однесуваат само на
различното одредување на обележјата на поедини кривични дела, туку и на различната
содржина на оваа глава кривични дела во целина. Така на пример тогашниот кривичен
законик на Италија во, посебна глава наменета за кривични дела против
правосудството, содржи неколку кривични дела кои се однесуваат на разни облици на
самовласно заштитување на правата, од кои најголем број се однесуваат на учество во
двобој (провокација за двобој, употреба на оружје при двобој, навреда поради
одбивање на двобој и др.)
ОПШТИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА КРИВИЧНИТЕ
ДЕЛА ПРОТИВ ПРАВОСУДСТВОТО
Ovaj materijal je namenjen za učenje i pripremu, ne za predaju.
Slični dokumenti