Latinsko carstvo
Вовед
Крстоносните се масовни, военo-религиозни походи кои се иницирале за заштита на
интересите и идеологијата на Католичката црква. Со нивната појава тие оставиле силни
верски, политички, социјални и културни траги во историјата. Наречени се „Крстоносни“
по крстот кој го имале учесниците во походите на облеката. (на латински „cruce signati“ –
со крст обележани.). Крстоносните војски ги сочинувале три реда: свештенството,
благородништвото и сиромашното население. Главната цел на крстоносните војни била:
Ширење на влијанието на Католичката црква и заштита на нејзините интереси.
Освојување или заштита на христијански земји завладеани од нехристијански
освојувачи.
Пресметување со еретичките движења кои земале замав во Европа.
Цел и задача на овој труд е да даде подетално објаснување и оценување на четврата
крстоносна војна и сите историски собитија кои придонеле кон освојувањето на
Константинопол од страна на крстоносците и формирањето на Латинското царство од
нивна страна.
Хронологијата на крстоносните војни
Науката најчесто набројува 9 крстоносни походи кои со прекини траеле од 1095 до
1272 год. Овие походи се преземале не само против муслиманите, туку и против
еретиците во централна Европа и Шпанија.
Првата крстоносна војна
(
1196-1199 год.
), започната од страна на норманските,
филандриските и холандските витези. Го освоиле Ерусалим и создале неколку
земји и ерусалимско кралство;
Втората крстоносна војна
(1147-1149 год.)
, под водството на францускиот крал
Луј VII и германскиот крал Конрад III, која завршила без резултат;
Третата крстоносна војна
(1199-1202 год.)
, водена од страна на англискиот крал
Ричард – Лавовското Срце, францускиот крал Филип II Август и германскиот крал
Фридрих I Барбароса. Во овој поход германскиот цар се удавил во некоја река, а
Филип II Август после кавга со англискиот крал се враќа во Франција. Ричард
Лавовското Срце успеал, со договор, да обезбеди слободно враќање во Ерусалим;
Четвртата крстоносна војна
(1202-1204 год.)
, ја воделе француските феудалци
под водство на Венецијанската Република. Во овој поход крстоносците го зазеле
Цариград, создадено е Латинското Крстоносно Царство и уште неколку помали
држави;
Петтата крстоносна војна (1217-1222 год.)
, водена е против египетскиот султан
кој владеел со Палестина. Поради внатрешните раздори, крстоносната војска
морала да го напушти Египет;
Шестата крстоносна војна (1228-1229 год.)
. За време на ова војна Фридрих II
Хоенштауфен го освојува Ерусалим;
Седмата (1248-1254 год.) и осмата (1270 год.) крстоносна војна
ги презел
францускиот крал Луј IX, но без поголеми успеси.
Двете детски крстоносни војни (1212 год.)
. Според црковното убедување,
Христовиот гроб можел да биде ослободен само од страна на безгрешни момчиња.

Ovaj materijal je namenjen za učenje i pripremu, ne za predaju.
Slični dokumenti