Ljubomir Belogalski
1
Есеј на тема: Љубомир Белогаски
Љубомир Белогаски
e академски сликар, графичар и педагог. Toj
e дел од првата генерација современи македонски сликари и
2
основоположници на македонската современа ликовна уметност. Роден
e на 15.04.1911 година во Делчево. Високо образование завршува во
Белград 1938-та година на Академскиот отсек при Уметничката школа,
во класата на професорите Бета Вукановиќ, Љубомир Ивановиќ, Никола
Бешевиќ, Симеон Роксандиќ, Иван Радовиќ, додека во 1947 година
специјализира графички техники на Академијата за ликовна уметност во
Љубљана кај професорот Божидар Јакац.
Бил долгогодишен професор и педгог (1945-1949). Во 1947 година
во соработка со графичарот-професор Кокотковиќ од Загреб, го
формираат графичкиот оддел. Од 1949 година работи на самошто
основаниот Технички факултет, при неговиот Архитектонски оддел во
Скопје се до 1981 година кога всушност е и пензиониран, како редовен
професор. Белогаски е присутен на повеќе студиски излети во Европа:
Лондон, Париз, Рим, Фиренца. Од 1945 година е член на Друштвото на
ликовни уметници на Македонија и негов претседател во 1957 година.
Неговото творештво е одбележано со многубројни самостојни и групни
изложби во Македонија и низ поранешинте Југословенски простори.
Добитник е на вредни награди и признанија. Дел од нив се:
Октомвриската награда на СРМ за животно дело во 1972, Орден на
Републиката со сребрен венец 1979, Наградата 13-ти ноември во 1992. .
Во знак на почитување и восхит кон градот во кој живееше и
твореше, Љубомир Белогаски во 1991 година на Музејот на град Скопје
му остави 159 дела. Донацијата ја сочинуваат 125 акварели, 6 масла, 26
цртежи и 2 графики, настанати во периодот од 1929 до 1990 година.
Оваа донација е прва во Македонија и овозможи Музејот на град Скопје
да ја оформи Галеријата Љубомир Белогаски, во која постојано се
изложени делата кои го чуваат неговиот спомен. Љубомир Белогаски
замина од овој свет на 15.02.1994 година во Скопје, но зад себе ги
остави да сведочат неговите многубројни ликовни дела. Во негова чест
Музејот на град Скопје востанови годишна награда ”Љубомир
Белогаски”.
Во својата долгогодишна творечка работа Белогаски ни покажа
дека умее да експериментира со повеќе техники, но и да твори, но секако

Ovaj materijal je namenjen za učenje i pripremu, ne za predaju.
Slični dokumenti