Megunarodnite pravni standardi vo internata revizija
СПЕЦИЈАЛИЧСТИЧКИ ТРУД
МЕЃУНАРОДНИТЕ ПРАВНИ
СТАНДАРДИ ВО ИНТЕРНАТА
РЕВИЗИЈА
СОДРЖИНА
1. ВОВЕД
3
Актуелност на проблематикатa
3
Предмет и цел на истражувањето
6
Конципираност и презентација на материјата
7
Методолошки пристаp
8
ГЛАВА 1. ТЕОРЕТСКИ ДЕЛ
9
ГЛАВА 2. ИСТРАЖУВАЧКИ ДЕЛ
20
ЗАКЛУЧОК
40
КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА
44
2

финансиското известување во банката, тестирањето на трансакциите и
процедурите кои мораат да бидат во согласност со законската регулатива и др.
Интерната ревизија, пред се, ја оценува соодветноста и делотворноста на
интерните контроли на секоја банка.
Проблем на истражување: Потреба од добар менаџмент и интерна
ревизија во банките
Дали лошиот менаџмент и неспроведувањето на ревизија со независни
ревизорски тестови ги водат банките во пропаст.
а) Имајќи го предвид предметот на истражувањето,
научните цели
што
се поставени во ова истражување се следниве:
објаснување на потребата од давање независно и стручно
мислење од извршената ревизија што ќе послужи за стекнување
јавна доверба, односно задоволување на потребите на трети
лица и нивна поддршка при донесувањето деловни одлуки во
врска со вложувањето капитал, односно известувањето на
интерните корисници;
дефинирање на ревизијата како систематски планирана,
организирана и спроведена процедура што во себе содржи и
најразлични методи и техники;
разјаснување на влијанието на информациската технологија во
процесот на ревизијата;
елаборирање и разработка на законските и асоцијативните
норми што директно ја тангираат етиката и одговорноста на
ревизорите;
следење на генезата на развојот на ревизија во Република
Македонија;
предлагање основна рамка - модел за ефикасна и ефективна
ревизија на финансиските извештаи во Република Македонија,
како од аспект на организациските форми, така и од аспект на
правната и асоцијативната регулатива;
4
сублимирање, односно изведување заклучоци и констатации во
врска со образложеното истражување и резултатите од него.
б) Практична цел
Оттука може да се заклучи дека основната цел на ова истражување е да
се добие ревизорски извештај за финансиските извештаи што ќе биде ефикасен
и ефективен, односно да се добијат веродостојни и валидни резултати од
ревизијата, со што помали реални трошоци за нејзино извршување и
постигнување на зацртаната цел, односно обезбедување такво мислење што на
заинтересираните субјекти ќе им овозможи правилно донесување на економски
издржани одлуки.
Потребата од ревизија на финансиските извештаи во банките, односно и
во сите други профитните и непрофитните организации произлегува, главно, од
две основи:
1) заинтересираноста за реални информации и објективно
изготвување и презентирање на финансиските извештаи; и
2) стручните и други органичувања поради коишто сите
заинтересирани субјекти не се во можност сами да ги проверат и
разберат податоците наведени во финансиските извештаи.
Кога сопствениците на капиталот во пазарни услови на стопанисување се
познати, тогаш произлегува потребата за вршење независна и комплетна
ревизија, што е условена од динамиката на промените во работењето на
стопанските субјекти. Поради тоа, професијата ревизор се развива и оформува
во призната и многу барана и ценета професија што има своја сопствена
организација, свои правила на однесување и соодветна етика.
За разлика од традициите на независната ревизија во економски
развиените земји во светот, во земјите во транзиција, каде што припаѓа и
Р.Македонија, независната ревизија ги прави своите иницијални чекори.
5

Примарната цел со применетиот методолошки приод ќе биде,
преку прибраните информации, да се дадат научни согледувања за
влијанието на организациските форми, законската и
асоцијативната регулатива врз ефикасноста и ефективноста на
интерната и екстерната ревизија, и тоа преку систематско,
контролирано, емпириско и критично истражување на
хипотетичките претпоставки.
Методот на анализа се користи во функција на правење
дистинкција меѓу влијанието врз екстерната и влијанието врз
интерната ревизија.
Методот на синтеза е главната алатка во процесот на давање
оценка или синтетизирање на прибраните податоци, со цел да се
укаже на генералните аспекти, карактеристични и иманентни на
поголемиот број истражувани субјекти.
Co користењето на начучниот метод ќе се даде објаснување зошто
е избран токму овој проблем за проучување, но и какви ќе бидат
импликациите кај разгледуваните субјекти од решавањето на тој
проблем.
Службата за интерна ревизија, најчесто ги користи следните
методи за прибирање евиденција: интервју, контрола преку
самостојна оценка, прегледи, табели и графикони, тестирање.
При ревизијата на контролните процеси и податоци може да се
користат и компјутерски апликации и програмски пакети и
процедури, правење фотографии, како и други ревизорски техники
и вештини.
Методолошки пристаp
Анализа на содржина:
квалитативни и квантитативни
Книги
Интервју: стандардизирани и слободни интервјуирања со локални
економисти, истражувачи кои се занимаваат со оваа област.
Тип на примерок: Случаен примерок
7
Ovaj materijal je namenjen za učenje i pripremu, ne za predaju.
Slični dokumenti