Menаdžerskite funkcii kon globаlen kаpitаlizаm i so meѓunаrodnа strаtegijа do konkurentski prednosti
ФОН УНИВЕРЗИТЕТ –Р.М.
Последипломски студии
Насока: Маркетинг Менаџмент
Наставен предмет: Меѓународен Менаџмент
Идејна Скица и пристапен труд за испит
Тема: Менаџерските функции кон глобален капитализам и со
меѓународна стратегија до конкурентски предности
Ментор: Изработил:
Проф. Д-р Тодор Тодоров Лидија Милошева
Доц.Д-р Саво Ашталкоски
Скопје 29.03.2010
Менаџерските функции кон глобален капитализам
Целта на човештвото во денешно време е како да се најде начин ресурсите да се
рециклираат, за да можат повторно да сед искористуваат. Денес често се користи
терминот мултинационална компанија. Тоа е компанија која има пазарни интерсеи и
операции во разно странски земји. Постојат два типа мултинационални компании:
Мултидомашни, кои имаат одделна маркетингшка стратегија во секоја странска
област и која одговара на месните конкурентски предизвици.
Глобална, кога мултинационалните компании, ширум светот, конкурираат една
со друга.
Мултинационалните компании се појавиле во доцните ’80-ти години, а од ’90-тите веќе
го достигнувааат својот врв. Денес постојат повеќе карактеристики, со кои домашните
компании стануваат меѓународни:
Кога производот на компанијата станува многу баран, па може да се пласира и
на некој странски пазар
Кога компанијата е увозник на странски производи
Со лиценца или франшиза од странска компанија
Соработка со целосна сопственост и тоа: гранки на домашна корпорација и ли
супсидирана со целосна сопственост
Со заеднички вложувања, слично на лиценцирањето, со таа разлика што постои
процентуална контрола на компаниите учеснички
Постојат три главни причини за свртување кон меѓународните потфати:
- Поефтин труд. Имено надниците во другите земји е пониска, отколку истите во
САД.
- Локација на суровините, со цел да се избегнат трошоците за транспорт.
- Достапност на новите пазари. Кога се зголемува конкуренцијата на домашниот
пазар, се бараат незаситени пазари.

Ovaj materijal je namenjen za učenje i pripremu, ne za predaju.
Slični dokumenti