Metod na membran – Filtracija na voda
Содржина:
Апстракт ..........................................................................................................................3
Вовед ..............................................................................................................................4
Болести кои се пренесуваат со водата ........................................................................7
Хигиенски исправна вода за пиење ..............................................................................9
Мембран – филтрација ................................................................................................12
Практична употреба на методот на мембран – филтрација ....................................19
Заклучни согледувања ................................................................................................23
Користена литература .................................................................................................25
Examination of drinking water through the method of Membran – Filtration
Извадок
Методот на мембран филтрација на водата е во постојан пораст. Постојат
повеќе различни типови на филтри во зависност од конфигурацијата и големината
на порите. Покрај тоа, постојат и многу различни начини на апликација на овој
метод за прочистување од крупни честички па се до целосно прочистување на
водата.
Мембраната претставува полу – порозен слој на материјал кој е способен
да ги оддели честичките од водата без оглед на нивните физички или хемиски
карактеристики. Кој материјал може да се филтрира или пропушти низ
мембраната зависи од нејзините карактеристики.
Клучни зборови: мембран филтрација, прочистување на вода, практична
употреба, видови на мембран филтрација
Examination of drinking water through the method of Membran – Filtration
Abstract
Membran filtration is a rapidly expanding field in water treatment. There are many
different types of filters available in a wide range of pore sizes and configurations. In
addition, there are numerous possible applications for membrane filtration ranging from
the removal of relatively large particulate material to the removal of dissolved
compounds.
A membrane is a semi – permeable thin layer of material capable of separating
contaminants as a function of their physical/chemical characteristics. Which material will
pass through the membrane is determined by the size and the chemical characteristics
of the membrane and the material being filtered.
Key words: Membran filtration, filtering water, practical uses of the Method, types of the
Membran filtration
2

мера. Сепак, ако дојде до перманентно загадување и услови каде има зголемено
количество на органски материи, патогените клици можат да се одржат во живот,
па дури и да се размножуваат.
Контаминацијата на водата може да настане на повеќе начини:
-
загадување на отворените водотеци кои се користат за снабдување
со вода за пиење – отворените водотеци обично се контаминирани,
па во нив може да се најдат и патогени агенси. Доколку изостане
некоја од фазите во процесот на кондиционирање на водата, може да
дојде до пренесување на заболувања преку неа. Особено е голема
опасноста кога водата се зема низводно од населено место, односно
по вливање на канализациона мрежа и други отпадни води;
-
загадување на водата на каптажата на изворот – контаминација на
водата настанува најчесто поради карактерот на земјиштето и
атмосферските прилики. Порозните терени придонесуваат да се
загадат водите, особено при обилни дождови, топење снег и сл.
Извориштата можат да бидат контаминирани и со продирање на
отпадни канализациски води во нив;
-
загадување на водата по прекинот на водоснабдувањето – поради
недостатоци на вода во одделни периоди на годината, во некои
градови се врши рестрикција на вода, односно исклучување на
одделни делови на градот во одделни периоди. Во случаите кога
водоводната мрежа останува празна, се создава негативен притисок
во мрежата и доведува до аспирација на материјал од околината
преку некои дефекти на мрежата. Тие дефекти се мали и обично не
се забележливи, но сепак може да дојде до аспирација. Доколку во
околината на дефектот има отпадни фекални содржини, тие можат да
навлезат во мрежата и по вклучувањето на водата да дојдат до
потрошувачите;
-
вкрстување на водоводната и канализационата мрежа како можност
за загадување на водата – вакви состојби се сретнуваат било да се
4
работи за обично вкрстување на цевките, или водоводната цевка да
поминува низ септичка јама, па дури има случаи кога при
вкрстувањето, водоводната цевка поминува низ канализациона
цевка. При обичните вкрстувања на цевките може да дојде до
истовремено оштетување на водоводната и канализационата цевка,
што создава можност за прекин во водоснабвудањето и појава на
аспирација;
-
користење на двојно снабдување со вода како можност за зараза –
тоа се случува кога се користи вода за пиење и други потреби од
водовот со дезинфицирана вода, а за технички потреби се користат
локални водоводни извори. Оваа вода обично не се преработува и не
се дезинфицира, па доколку се користи за пиење може да дојде до
заразување. Кај ваквите случаи често се случува грешка во
интервенциите на мрежата, па се случува овие два водовода да се
поврзат и;
-
намерно загадување на водата – како можност мора да се мисли и на
ова, односно водата да се контаминира со култури на одделни
патогени бактерии. Во мирно време тоа може да се случи од
диверзантско – терористички групи, а во воени услови, како дел од
агресијата, односно примена на билошко борбени средства.
Историјата кажува и поучува на голем број епидемии и пандемии на
заразни болести, пренесени преку водата на еден од погоре наведените начини,
кои десткувале и големи градови, носејќи со себе голем број на човечки животи.
Затоа е многу важно постојано да се следи текот и квалитетот на водата воопшто,
особено онаа која се користи за пиење и слични потреби.
1
Николовски Б. и Шуманов Ѓ. (2009) “Епидемиологија и јавно здравство“, Скопје
5

2) површински води од реки;
3) површински води од езера и бари;
4) површински води од мориња и океани и;
5) подземни води
Атмосферски води се дождот и снегот. Понекогаш поради големата
прашина во воздухот, дождот и снегот се полни со бактерии. По паѓањето на дожд
и снег, атмосферата се прочистува и во неа нема микроорганизми,
микроорганизми кои преку топењето на снегот или паѓањето на дождот се влеваат
во површинските води на земјата.
Површинските води од реки се потенцијално опасни кога дождовните капки
и снегот ќе ја допрат земјата и се контаминираат и со микроорганизми од земјата,
но и од воздухот. Токму бројот на микроорганизми кои биле во воздухот и земјата
а преку дождот и снегот се пренеле во површинските води го дава степенот на
контаминација на површинските води. Бројот на микроорганизми во површинските
води, во принцип, е непостојан и многу варира, особено во пролет или есен, во
годишните времиња на постојани дождови или топење на снегот, а целата оваа
појава доведува и до значајни варијации во флората и содржината со бактерии.
Реките обично содржат најголем број на бактерии во дождовен период.
Мирувањето на водата, како на пример кај езерата и барите, во голема
мера го намалува и бројот на микроорганизми во водата. Во овој процес важна
улога играат силите кои вршат самопрочистување – таложењето, активноста на
другите микроорганизми, сончевата светлина, температурата, изворите на храна,
осмотскиот притисок и сл.
Подземните води, особено длабоките подземни води, обично се без
бактерии, поради тоа што водата се филтрира низ земјата низ која поминува.
Ангелевски А. (2000) “Микробиологија на водата, храната и воздухот“, НИП Студентски збор,
Скопје
7
Ovaj materijal je namenjen za učenje i pripremu, ne za predaju.
Slični dokumenti