Nevropsihologija
Проектна задача по: Здравствена Психологија
мај 2013
Невропсихологијата
ја проучува структурата и функционирањето на мозокот
поврзани со одредени психолошки процеси и однесувања. Терминот
невропсихологија се однесува на истражувањата за повреди (рани) кај луѓето и
животните. Исто така, се применува и во снимање на електричната активност
на индивидуалните клетки (или групи клетки) кај приматите на повисоко ниво
(вклучувајќи и некои студии за пациенти кои се луѓе). Таа според својот пристап
е наука и заедно со когнитивната психологија и когнитивните науки споделува
прикази за обработка на информациите во мозокот.
Во пракса невропсихолозите имаат тенденција да работат во клинички услови
(како што е проценка или лекување на пациенти со невропсихолошки
проблеми), да даваат судски извештаи или во индустријата (честопати како
консултанти каде невропсихолошкото знаење се применува во изработка на
производ или во раководството на фармацевтските истражувања за лекови кои
би можеле да имаат потенцијално влијание врз функционирањето на
централниот нервен систем - ЦНС).
Клиничка невропсихологија е примена на невропсихолошкото знаење во
проценка (видете невропсихолошки испитувања и невропсихолошки проценки),
насочување, и рехабилитација на луѓе кои претрпеле болест или повреда
(особено на мозокот) која предизвикува неврокогнитивни проблеми. Значајно е
што таа воведува психолошка гледна точка за третманот, за да се разбере
начинот како одредена болест и повреда можат да влијаат и да бидат под
влијание на психолошките фактори. Таа исто така може да понуди мислење за
тоа дали некое лице покажува потешкотии поради мозочна патологија или тие
се последица на емоционални или други причнини. Ваквите невропсихолози
често работат во болнички услови во интердисциплинарен медицински тим, а
други пак работат во приватни пракики и може да обезбедат експертско
мислење во медицинско-законски постапки.
Когнитивната невропсихологија е релативно нова по својот развој и се појави
како дестилација на комплементарните приоди од експерименталната и
клиничката невропсихологија. Таа се обидува да ги разбере умот и мозокот
преку проучување на луѓе кои претрпеле повреди на мозокот или невролошки
заболувања. Еден модел на невропсихолошкo функционирањe е познат како
функционална локализација. Ова се базира на принципот дека ако одреден
когнитивен проблем може да се открие по повреда на одредена област на
мозокот, тогаш се појавува можност дека овој дел од мозокот е вклучен на
некој начин. Сепак, можеби има причина да се верува дека врската помеѓу
менталните функции и нервните региони не е толку едноставна. Алтернативен
модел на врската помеѓу умот и мозокот, како што е паралелната преработка
на податоци, може да има поголема моќ на објаснување за работата и
дисфункцијата на човечкиот мозок. Сепак, друг пристап истражува како модел
на грешки произведени од оштетен мозок на поединци може да го ограничи
нашето разбирање за менталните процеси и претстави. Понов, но поврзан
пристап е когнитивната невропсихијатрија која се обидува да ја разбере
нормалната функција на умот и мозокот со проучувањето на психијатриски или
ментални болести.
Конекционизам е употреба на вештачки нервни мрежи како модели за
карактеристични когнитивни процеси кои користат поедноставени, но

Клиничка психологија категории
(воспримање,несвесен ум,парализа при спиење)
Психоанализа
Психопатологија
-
Воспримање-
ОСЕТИ
Врз организмот постојано дејствуваат енергетски процеси што се нарекуваат
дразби: бои, звуци, мириси, вкусови итн. Организмот ги прима дразбите преку
сетилните органи. Кога дразбата дејствува, соодветниот сетилен орган
(рецептор) се надразнува и создава нервни импулси, што преку нервните
патишта се пренесуваат до соодветни центри во мозокот. На тој начин се
формира осет. Осетите претставуваат свест за дејствувањето на дразбите.
Осетување е психички процес на спознавање на поединечните својства на
предметите и појавите.
Видови осети
Дразбите што ги предизвикуваат осетите можат да потекнуваат од
надворешноста – околината или од внатрешноста на организмот.
Надворешни осети
Дразбите што потекнуваат од надворешноста, организмот ги прима преку
надворешни рецептори – екстероцептори (тие се сместени на надворешноста
од организмот). Екстероцептори се: сетилото за вид, слух, мирис, вкус и допир.
Видни осети се формираат кога врз сетилото за вид дејствува видна дразба –
светлосен бран со различна бранова должина. Човекот разликува хроматски и
ахроматски бои. Хроматски се оние што се наоѓаат во сончевиот спектар на
бои: виолетова, сина, зелена, жолта, портокалова, црвена. Ахроматски бои се
белата, црната и сите сиви нијанси меѓу нив. Различни нијанси на хроматски
бои настануваат со мешање на светлосните бранови со различна бранова
должина. Постојат различни видови слепила за бои. Ахроматизам е појава кога
човекот гледа само сиви нијанси, а далтонизам кога не ги разликува црвената и
зелената боја. Слушни осети се формираат кога врз сетилото за слух дејствува
слушна дразба – звучен бран (воздушно треперење) со различна бранова
должина и сила. Човековото уво ги регистрира само оние звучни бранови чија
фреквенција се движи од 16 до 20 000 херци (бранови во секунда). Човекот не
ги регистрира ултразвуците. Звуците можат да бидат шумови, тонови и
зборови. Шумовите се непериодични воздушни треперења, додека тоновите и
зборовите се периодични. Осетите за слух ги поседуваат следниве својства:
јачина, висина и боја. Јачината зависи од амплитудата на звучните бранови,
висината од нивната зачестеност, а бојата од нивната форма. Мирисни осети
се формираат кога хемиски гасовити материи дејствуваат врз мирисниот
рецептор. Мирисите се делат на: цветни (љубичица), овошни (лимон), зачински
(ванила), смолести (смоли), изгорени (катран) и гнили (ѓубре). Кожни осети
настануваат по пат на дразнење на кожнените рецептори специјализирани за
допир, болка, топло и ладно. Значајни се бидејќи го информираат организмот
за штетни надворешни состојби (при болка во раката, човекот ја трга, кога му
студи – се облекува во топло итн.).
Осети за вкус се формираат на тој начин што материите што човекот ги става
во уста се раствораат во плунката и вршат хемиско надразнување на
сетилните клетки, кои главно се распоредени на јазикот. Човекот разликува
четири вкуса: слатко, горчливо, кисело и солено. Врз основа на осетите за вкус
и мирис, организмите ги земаат во исхраната оние материи што се за нив
полезни, а ги одбегнуваат оние што се штетни.
Внатрешни осети
Дразбите што потекнуваат од внатрешноста на организмот се примаат преку
рецептори сместени во самата негова внатрешност – интерцептори. Тие се
сместе-ни во мускулите, жлездите, тетивите и другите внатрешни органи.
Осетите добиени од интерцепторите можат да бидат од два вида: органски
осети и осети за движење и рамнотежа. Органските осети го информираат
човекот за нарушувањата што привремено се јавуваат во внатрешните органи
– глад, жед, внатрешна болка, повраќање. Осетите за движење и рамнотежа го
информираат човекот за движењата и положбата на телото при различни
активности: одење, трчање, лулање, труцкање, вибрирање.
Основни карактеристики на осетливоста
Квалитет и интензитет на осетливоста
Квалитет на осетливоста претставува определена специфична можност на
едно сетило да регистрира карактеристични видови дразби. На пример,
сетилото за вкус да ги регистрира четирите видови вкус.
Интензитетот на осетливоста зависи од приспособеноста на сетилата за прием
на дразби со определен интензитет. Постојат интензитети што сетилата не се
приспособени да ги регистрираат, па остануваат нерегистрирани. За да
предизвика најслаб осет, дразнењето требада има определена минимална
сила – на и над апсолутниот праг на осетливоста. Кај различни луѓе, овој праг
се разликува. Човекот што вели дека јадењето е недоволно солено и во него
става уште сол, има повисок праг на осетливост за солено.
Адаптација на осетливоста
На сите луѓе им е добро позната појавата дека кога ќе влезат во темна
просторија, на почетокот не можат ништо да видат, а потоа се адаптираат и
гледаат мошне добро. Оваа појава е наречена адаптација и подразбира
промена во праговите на осетливоста под влијание на интензитетот или
продолженото дејство на дразнењето. При адаптацијата доаѓа до менување на
осетливоста и праговите на осетливост.
Заемно дејствување на осетите
Меѓу различните осети постои заемен однос. Во врска со ова се познати
неколку интересни појави:
-Слабото надразнување на еден рецептор може да предизвика зголемена
осетливост на другите рецептори. Ова е познато како сензибилизација.
-Каков ќе биде осетот многу зависи од тоа какви биле претходните осети. Ако
раката прво се стави во студена, а потоа во вода со нормална температура, тој
ќе ја осети како млака. Оваа појава е наречена контраст на осетливоста.
-Кај некои луѓе, под влијание на еден осет, може да се појави и осет од друг
сетилен модалитет. Во врска со ова е таканаречното „обоено слушање“.
Слушајќи определен тон, човекот постојано има осет за некоја боја, или пак
Ovaj materijal je namenjen za učenje i pripremu, ne za predaju.
Slični dokumenti