Odbojka na pjesku
Prijava dokumenta
Napomena: Neke opcije za prijavu su dostupne samo nakon kupovine dokumenta.
УНИВЕРЗИТЕТ СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ, СКОПЈЕ
ФАКУЛТЕТ ЗА ФИЗИЧКА КУЛТУРА
(семинарска работа)
ТЕМА: ОДБОЈКА НА ПЛАЖА
Изработил:
Професор:
Ване Ристоманов 4931 Проф.д-р Јошко
Миленковски
Мај 2012
Скопје
1. Вовед:
Одбојката на плажа е популарен спорт кој настанал како варијанта на
традиционалната стандардна одбојка. Таа се игра главно на
песочните плажи каде што и настанала. На почетокот одбојката на
плажа била само спорт за забава па постепено пораснала во прав
натпреварувачки спорт па од 1996 година е во програмата на
Олимписките игри. Одбојката на плажа настанала на плажите во
Калифорнија – САД околу 1920 година. Како натпреварувачки спорт
долго не била прифатена покрај тоа што се одржувале неколку
професионални турнири. Самиот врв во одбојката на плажа се случил
во 90-те години на XX век, па поради тоа овој спорт е во Олимписките
игри од 1996 година во Атланта. Најпознати држави во овој спорт се
САД и Бразил.
Најголемиот дел од правилата се превземени од стандардната
одбојка, а двете клучни разлики се теренот (песокот наместо тврд
паркет или бетон) и екипа која се состои од двајца играчи, од двете
страни ( не од 6 како што е во стандардната одбојка). Другите главни
разлики во правилата на одбојката на плажа и стандардната одбојка
се:
Теренот е голем 8x8 а не 9x9 како во стандардната одбојка

Ovaj materijal je namenjen za učenje i pripremu, ne za predaju.
Slični dokumenti