Održliv razvoj na debarsko-rekanskiot region
1
Содржина
1. Вовед ……………………………………………………………………………………………………………. 2
2. Општи карактеристики на дебарско-реканскиот регион …………………………… 2
3. Анализа на состојбите во регионот …………………………………………………………….. 5
3.1 Локална економија ……………………………………………………………………………………. 5
3.1.1 Постојна состојба ……………………………………………………………………………………. 5
3.1.2 Заклучок ………………………………………………………………………………………………….. 7
3.2 Инфраструктура и инсталации ………………………………………………………………….. 8
3.2.1 Постојна состојба ……………………………………………………………………………………. 8
3.2.2 Заклучок ………………………………………………………………………………………………….. 8
3.3 Квалитет на живот на локалното население ……………………………………………. 9
3.3.1 Постојна состојба ……………………………………………………………………………………. 9
3.3.2 Заклучок ………………………………………………………………………………………………….. 9
3.4 Културно и природно наследство …………………………………………………………….. 9
3.4.1 Културно наследство ………………………………………………………………………………. 9
3.4.2 Природно наследство …………………………………………………………………………… 10
3.4.3 Заклучок ………………………………………………………………………………………………… 13
3.5 Управување со територија ………………………………………………………………………. 13
3.5.1 Постојна состојба ………………………………………………………………………………….. 13
3.5.2 Заклучок ………………………………………………………………………………………………… 14
3.6 SWOT анализи ………………………………………………………………………………………….. 14
4. Движечки сили …………………………………………………………………………………………… 15
5. Заклучок и препораки ……………………………………………………………………………….. 15
6. Визија ………………………………………………………………………………………………………….. 16
7. Користена литература и линкови ………………………………………………………………. 16
2
1.Вовед
Заштитата, планирањето и развојот придонесуваат кон одржливиот локален развој на
регионите. Целта на овој семинарски труд е усвојување на стратегии што воспоставуваат
потребна конвергенција помеѓу економската ефикасност, културната разновидност,
социјалната кохезија и еколошката рамнотежа, а со тоа и постигнување на економски раст
со контролирано влијание на развојот, подобрување на квалитетот на животот и
управувањето со ресурсите.
За остварување на зацртаните цели како територија за реализација е избран дебарско-
реканскиот регион. Овој регион се наоѓа во северозападна Македонија и
административно припаѓа на две општини: општина Дебар и општина Маврово-Ростуше.
Специфичноста на овој регион се состои во исклучителното присуство на културно и
природно наследство, врз основа на кое треба да се гради стратегијата за развој на
регионот која на одржлив начин ќе ги експлоатира постоечките ресурси. Сето тоа во
согласност со Законот за рамномерен регионален развој и соодветните подзаконски акти.
Спроведените анализи се однесуваат на социјалните и економските карактеристики на
територијата согледани од аспект на животната средина и културното и природно
наследство. Извршена е идентификација на постоечките ресурси, како и на потребите на
локалното население. Добиените резултати ќе претставуваат појдовна точка за
одредување на целите на развој и дејствата за нивна имплементација, со тоа и создавање
на заедничка визија за регионот која ќе резултира со заедничка стратегија за одржлив
развој.
2. Општи карактеристики на дебарско-реканскиот регион
Дебарско-реканскиот регион се наоѓа во северозападна Македонија и административно е
поделен на две општини: Дебар и Маврово-Ростуше. Регионот зафаќа површина од 808.86
км2 со густина на населеност од 35 жители/км2. Густината на населеност во општина
Дебар е поголема со околу135 жители/км2, населени во 18 села и градот Дебар, а во
општина Маврово-Ростуше густината е помала со околу 13 жители/км2 населени во 42
села.Населението во регионот е со мултиетничка структура која опфаќа Македонци,
Албанци, Турци, Торбеши и други. Општина Дебар има 19 542 жители, а општина
Маврово-Ростуше има 8 618 жители.

4
Слика 2 – Карта на дебарско-реканскиот регион
Регионот има богата хидрографија која опфаќа две акумулациони езера и речните
сливови на Радика и Црн Дрим. Воедно, во општина Дебар има извори на
термоминерална вода која се користи бо бањските лекувалишта.
Разновидноста на геоморфолошките форми, пејсажните вредности и богатата флора и
фауна претставуваат значајна карактеристика на природното наследство на регионот.
Човечката активност низ долгиот историски период на неговата егзистенција во регионот
оставила свое сведоштво во сочуваното вредно културно наследство.
Стопанската активност во општините се одвива преку индустриски гранки и капацитети,
потоа преку земјоделството, а во мал дел и сточарството, неколку градежни фирми и
преку туризмот кој има значајни центри за зимски спортови и рекреација, како и бањски
лекувалишта.
Согледано во целост се наметнува заклучокот дека постоечките ресурси во регионот не се
доволно искористени, при што во одредени сфери како нужен фактор се наметнува
унапредувањето на знаењето и секако привлекувањето на нови инвестиции во
постоечките сектори, но и развој на нови.
5
3. Анализа на состојбата во регионот
3.1 Локална економија
3.1.1 Постојна состојба
Земјоделството и сточарството во минатото биле главни стопански активности во
дебарско-реканскиот регион. Во Дебар, како урбан центар било развиено и
занаетчиството, особено пушкарскиот занает.
Денес стопанството во регионот се одвива преку неколку дејности и со ограничени
капацитети. Меѓу најважните стопански гранки се јавува туризмот кој главно се фокусира
на зимските спортско-рекреативни активности и планинарскиот туризам, благодарение на
ски-центарот и хотелите во Маврово.
Бањскиот туризам, благодарение на бањските лекувалишта во околината на Дебар исто
така претставува значаен економски ресурс. Треба да се напомене дека овие видови на
туризам се остваруваат на одредени локации и не го покриваат целиот регион.
Поради фактот што се работи за сезонски туристички гранки, оваа стопанска сфера нема
голем удел во животот и економскиот биланс на регионот. Вработувањата на локалното
население во овој сектор се минимални и имаат сезонски карактер.
Туризам
Сместувачки капацитети
Годишен
број
на
посетители (домашни и
странски
Информативни сервиси и
Сертифицирани водичи
23
632 337
5
Табела 1
Земјоделството и покрај ограничениот капацитет сепак претставува една од повеќе
практикуваните стопански гранки во регионот. Главно се одгледуваат фуражните култури
(луцерка, јонџа, мешани треви). Од житните култури се одгледуваат најмногу пченица,
јачмен и пченка, а од овошните култури се одгледуваат костенот, јаболкото, крушата,
праската, црешите, малините, оревот, грозјето и сливата.
Вкупни површини
( хектари )
Општина Дебар
( хектари )
Општина Маврово-
Ростуше ( хектари )
Ovaj materijal je namenjen za učenje i pripremu, ne za predaju.
Slični dokumenti