Organizacija na prevoz so primena na TIR karnet
СУГС ,,Владо Тасевски” – Скопје
Проектна задача за државна матура по предметот:
Технологија на патен транспорт
Тема:
Организација на превоз со примена на ТИР карнет
Ментор: Кандидат:
Проф. Цветанка Ристиќ Ана Димовска IV-1
Скопје, 2015
СУГС ,,Владо Тасевски” – Скопје
2
Организација на превоз со примена на ТИР карнет
Содржина
Основните принципи на ТИР конвенцијата ...................................................... 8
Македонскиот транспортен пазар издава шестлистен ТИР карнет ............. 11

СУГС ,,Владо Тасевски” – Скопје
4
Организација на превоз со примена на ТИР карнет
1.
ТИР карнет
Карнетот TIR како еден од главните столбови на TIR системот,
претставува меѓународно прифатен царинско контролен документ за
меѓународен патен превоз на стока од страна на царинските органи, како во
земјите на поаѓање, така и во земјите на транзит и прием.
Меѓународното здружение на патни превозници (IRU) со седиште во
Женева, е едино овластено за штампање на карнет TIR. Истовремено, IRU
раководи со издавање, враќање и чување на TIR карнетот.
Образецот на TIR карнет се состои од:
насловна страна, предни корици на карнетот се со единствена
жолта боја;
стоков (жолт) манифест, кој не се користи за царински потреби;
сет ваучери и контролни купони во бела и зелена боја;
формулар за поднесување службен извештај и
задна корица на карнетот со единствена жолта боја со
идентификациона картица.
Карнет TIR е штампан на француски јазик, со исклучок на насловната
страна која е штампана на француски и англиски јазик и стоковиот манифест
1
кој е на англиски јазик. TIR карнет може да има 4, 6, 14 и 20 ваучери ,со
контролни купони кои се врзани со ваучерот. Вкупниот број на ваучери зависи
од бројот на појдовни, транзитни земји и земји на прием. Секоја страна од
ваучерот и контролниот купон обележана е со последователни редни броеви.
Насловната страна
(предната корица на карнетот) во заглавието
содржи: назив на издавачот на карнетот – IRU Меѓународно здружение на
патни превозници, број на карнетот, број на ваучерот и воден жиг. Насловната
страна понатаму е поделена на два дела.
1
"TIR System Countries". United Nations Economic Commission for Europe. Retrieved 23 Jul 2014.
Ovaj materijal je namenjen za učenje i pripremu, ne za predaju.
Slični dokumenti