Pregled na poznačajni ѕidani objekti vo svetot vo pogled na materijalot, načinot na gradenje i konstrukcijata
УНИВЕРЗИТЕТ “СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ”
ГРАДЕЖЕН ФАКУЛТЕТ - СКОПЈЕ
Катедра за теорија на конструкции и компјутерска анализа
Ѕидани конструкции
Семинарска работа:
Преглед на позначајни ѕидани објекти во
светот во поглед на материјалот, начинот на
градење и конструкцијата
Предметен наставник: Студенти:
Вон. проф. Сергеј Чурилов Јоаким Јовановски 1274
Предметен асистент:
Марио Спасиќ 9763
м-р Кристина Милкова Стефан Димитриевски 9762
Скопје, мај 2020 година
2
СОДРЖИНА
1. Вовед ..................................................................................................................................... 3
2. Историски развиток на ѕидаријата ..................................................................................... 4
3. Позначајни ѕидани објекти низ историјата во светот....................................................... 5
3.1. Египетски пирамиди ................................................................................................. 5
3.2. Кинески ѕид .............................................................................................................. 6
3.3. Колосеум .................................................................................................................... 7
4. Позначајни ѕидани објекти во Македонија ....................................................................... 8
4.1. Саат кула битола ....................................................................................................... 8
4.2. Бигорски католикон .................................................................................................. 9
4.3. Камени мост (Скопје) ............................................................................................. 10
5. Позначајни современи ѕидани објекти ............................................................................ 11
5.1. „Каменот е важен“ прототип 1 .............................................................................. 11
5.2. „Цигла куќа“ ............................................................................................................ 12
5.3. „Каса Мила“ во Барселона ..................................................................................... 14
5.4. Музејот Џумекс во Мексико.................................................................................. 15
5.5. Националниот интерпретационен центар „Mapungubwe“ во Јужна Африка ... 17
5.6. Современа ѕидана конструкција во Иран ............................................................. 19
5.7. „Волнена Сенка“ во дизајн на тахра ..................................................................... 21
6. Прилог ................................................................................................................................. 22
7. Заклучок .............................................................................................................................. 23
8. Користена литература ........................................................................................................ 24

4
2. Историски развиток на ѕидаријата
Со еволуцијата и развитокот на човекот, почнуваат да се развиваат и првите
заедници надвор од пештерите. Како најлесен начин за заштита од грабливци и
надворешни влијанија, започнале со градење на најпримитивни градби од ѕидарија.
Техниката за поставување камени или блокови од тула еден над друг, без или со
присуство на врзен материјал (малтер) се покажа како многу успешна, и главно се
оправдува со нејзината едноставност и долготрајност на конструкциите. Најверојатно,
првата направена ѕидарија претставувала куп од природни камења со врзно сретство од
обична земја. Како што се пронаоѓале разни алатки за обработка и како што се развиле
различни вештини за работа, блоковите од камен се обликувале во правилни форми.
Првите тули, пак, биле направени од кал или глина, обликувани во потребната
форма, најчесто правоаголна, а биле сушени дирекно на сонце. Овие блокови биле
поставувани во форма на ѕидови користејќи малтер од кал како врзно сретство. Овој
едноставен процес на градење бил многу користен за градење живеалишта во
изминатите милениуми, особено по долината на реката Нил и во Месопотамија.
Обичајот да се печат тулите претставува еволуција и прва префабрикувана компонента.
Овој процес ја зголемил јакоста , издржливоста и трајноста на тулите, но во исто време
барал одредена количина на гориво, која што во тоа време не секогаш била достапна.
Каменот како најцврст и најиздржлив материјал, тешко се обработувал, а поради
неговата тежина и тешко се транспортирал. Ова ја ограничувала неговата примена и
тоа само за највредните конструкции од тоа време. Од друга страна пак, тулата лесно
се произведувала и лиела во калапи, така што заедно со нејзината издржливост и
јакост, претставувала главен градежен материјал се до 19-тиот век.
Поради деградација на околината, за разлика од живеалиштата, верските
објекти кои биле изведени од поквалитетен материјал, претставуваат најстари зачувани
конструкции. Конструктивна форма на пирамидите, која што претставува една од
најстабилните форми во природата, претставува логичен развој од првичните камени
форми. Со текот на времето, почнува користењето на надвратници од камен кои
служат да го прифатат товарот од ѕидаријата над него. Овој напредок допринесува
зголемување на ѕидање конструкции со повеќе отвори, како што се вратите и
прозорците, со што се постигнува поголема светлост во вантрешноста на објектите.
Друг важен конструктивен напредок бил промена на конструктивните елементи од
линиски во лачни или закривени конструктивни елементи, односно лаци и сводови.
Користејќи ја конструктивната форма на лакот се овозможило конструирање на
кровови со голем распон, трајни и отпорни на пожар, и совладување на поголеми
распони при градење на мостови и аквадукти.
5
3. Позначајни ѕидани објекти низ историјата во светот
3.1. Египетски пирамиди
Египетските пирамиди се антички пирамидално обликувани ѕидани
конструкции кои се наоѓаат во Египет. Постојат околу 140 пирамиди кои се откриени
во Египет. Најраната меѓу нив е пирамидата Џозер (изградена 2630 п.н.е – 2611 п.н.е)
која била изградена во текот на третата династија. Оваа пирамида и нејзиното
целокупно опкружување биле дизајнирани од архитектот Имхотеп и генерално се
смета за една од најстарите монументални градби во светот конструирани од
обликуван камен и малтер.
Кеопсовата
пирамида е најстарата и најголемата од трите најпознати пирамиди
во Гиза, и е единствено до денес сочувано светско чудо кое претставува голем
предизвик до инженерите. Со нејзината првична висина од 146.7 m, важела како
највисок објект се до изградбата Линколнската катедрала. Пирамидата е градена околу
20 години со површина од 53 000 m
2
и волумен 2.6 милиони кубни метри.
Требало да
поминат 4.5 милениуми по градба на Кеопсовата пирамида, човековата цивилизација
да изгради објект, гравитациона бетонска брана Гранд Кули (САД , 1942), помасивен
од најголемата египетска пирамида. Постојат различни научни и алтернативни теории
во врска со техниките на изградба на Кеопсовата пирамида. Најприфатливите теории
се засноваат на идејата дека таа била изградена со вадење на големи камени блокови од
каменолом и со влечење и подигнување до местото каде што се градела пирамидата.
Во нејзината изградба учествувале повеќе од 100 илјади работници и биле употребени
приближно 2.3 милиони камени блокови кои имаат просечна маса која изнесува 2.6
тона. Блокови кои се наоѓаат на врвот биле изградени од гранит или базалт обложени
со легури на злато и сребро. Страните на пирамидата биле потполно мазни обложени
со бели камења, односно блокови со совршено исполиран бел варовник. Денес може да
се види само скалестата структура на јадрото од пирамидата.

7
на изградбата поголем дел од ѕидот бил изграден од земја, заради ниска технологија во
тоа време, но сега е скоро исчезнат затоа што земјата е слаба во својата отпорност од
дожд и ветер. Подоцна се појавила технологијата за правење тули. Нивната
популарност се должи на тоа што тие се помали и полесни за носење од камењата, но
во тоа време било многу скап овој вид на ѕидарија. За време на династијата Минг, како
што се подобрила технологијата за правење тули, поголем дел од кинескиот ѕид бил
изграден со употреба на цигли и леплив ориз. Лепливиот ориз се користел како
материјал за врзување. Малите димензии и лесните својства на тули го забрзале
процесот на изградба, и употребата на цигли ја направил структурата на кинескито ѕид
поцврст. Дрвото се користело за изградба на кулите и како помошен материјал.
Изградба на овој објект бара најголем човечки напор во споредба на било која античка
градба.
За време династијата Чин , биле испратени 300,000 војници да учествуваат во
изградбата на ѕидот, но во најголем број биле селаните и затворениците.
На 7ми јули 2007 година, Кинескиот ѕид е прогласен за едно од новите светски
чуда. Денес претставува голема туристичка атракција.
3.3. Колосеум
Колосеумот во Рим покажува колку се трајни ѕидарските конструкции дури и
кога не се врши надзор над нив со векови. Тој е најголемиот амфитеатар во Рим и во
светот. Колосеумот бил изграден од царот Тит Флавиј Веспазијан кој го започнал во 72
год.н.е., а неговиот син царот Тит Флавиј Сабин Веспазијан го завршил во 80 год.н.е.
Изграден е како подарок за римските граѓани и тоа на местото на некогашната
резиденција на римскиот цар Нерон.
Во Колосеумот се одржувале гладијаторски борби и борби помеѓу животни, а
собирал до 55.000 гледачи. Колосеумот бил врвен дострел во римската архитектура и
градежништво. Тој претставувал четирикатна, елипсовидна градба (долга 188 метри,
дијаметар 156 метри), која за време на сончевите или дождливите денови, можела да се
покрие со шаторски крила, во текот на 400 години, претставувала центар на римските
гладијатори. Неколку видови на материјали биле употребувани за градење на
Колосеумот, сите тие лесно биле достапни или произведени во римското подрачје:
Ovaj materijal je namenjen za učenje i pripremu, ne za predaju.
Slični dokumenti