Priracnik za upravuvanje so krizi
Систем за управување со
КРИЗИ
ПРИРАЧНИК ЗА ГРАЃАНИТЕ
Декември 2009
ВЛАДА НА
РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
GOVERNMENT OF
THE REPUBLIC OF MACEDONIA
ЦЕНТАР ЗА УПРАВУВАЊЕ СО КРИЗИ
CRISIS MANAGEMENT CENTER
Поддржано од проектот „Зајакнување на капацитетите на Центарот за управување со кризи“
финансиран од Владата на Јапонија и Програмата за развој на Обединетите нации - УНДП
Supported by the project “Strengthening of the Capacities of the Crisis Management Center” financed
by the Government of Japan and UNDP
Систем за управување со
КРИЗИ
ПРИРАЧНИК ЗА ГРАЃАНИТЕ
1
Подготвил:
ОХО
Проект координатор:
Милан Танчески
Автори на текст:
Владимир Петревски
Владимир Куцуловски
Дизајн:
Ивана Иванова
Илустрации:
Михајло Димитриевски
Лектура:
Билјана Петревска
Се заблагодаруваме за соработката и помошта при изработувањето
на овој прирачник на Стевко Стефаноски од Центарот за управување со кризи
и Васко Поповски и Александра Димова од УНДП проектот.

Предговор
Живееме во време кое се карактеризира со голема динамика и изразена глобализација
во комуникацијата и движењето на луѓето низ целиот свет. Брзиот техничко-технолошки
развој и примената на високите научи достигнувања во различните области, исклучително
позитивно влијаеа на квалитетот на животниот стандард во поголемиот дел од светот. Но, во
исто време, современата цивилизација се соочува и со големи предизвици, кои сè почесто го
загрозуваат животот и здравјето на луѓето, животната средина, материјалните, културните и
другите богатства на државите.
Современиот свет, сè повеќе се соочува со нетрадиционалните видови и форми
на ризици, како што се тероризам од светски размери, трговијата со дрога, оружје и луѓе,
опасности од употреба на оружје за масовно уништување, инфективни болести и епидемии
од поголем обем, невработеност, сиромаштија, последици од глобалните климатски промени,
елементарни непогоди и катастрофи од природни феномени, деградација на животната
средина, техничко-технолошки хаварии и друго. Основна нивна карактеристика е тоа што тие
не познаваат државни граници и имаат глобални влијанија.
Историјата изобилува со голем број несреќи и катастрофи, кои за жал имаат
предизвикано несогледиви последици и големи страдања на човечката цивилизација. Ваквите
појави не се реткост ниту денес, заради што, како никогаш досега, светот се мобилизира и
презема заеднички напори за намалување на ефектите од ваквите појави, кои стануваат се
позачестени, поагресивни и предизвикуваат големи човечки жртви и материјални загуби, на
сите континенти.
Големите светски организации, како што се Организацијата на обединетите нации (ООН),
Европската унија (ЕУ), НАТО и други, во рамките на нивните институционални механизми,
посветуваат сè поголемо внимание на планирање и преземање на конкретни мерки и
активности насочени кон превенција и намалување на ризиците од несреќи и катастрофи
ширум светот. Живееме во декада (2005-2015) која ООН, како најмасовна светска организација,
ја посветуваат на јакнење на отпорноста на нациите и заедниците наспроти сè почестите
појави на различни несреќи и катастрофи.
Човештвото отсекогаш живеело и ќе живее во присуство на најразлични извори на
небезбедност, опасностите што нè опкружуваат постојано се менуваат и за жал предизвикуваат
сè поголеми страдања, последици и штети
1
. Наша заедничка обврска е што подобро да ги
запознаеме и подготвено да се соочиме со нив!
___________________________
1
Во периодот јануари-ноември 2009 година, ширум светот се случиле 245 природни несреќи, со близу 9000 човечки жртви,
58 милиони загрозени луѓе и вкупно 19 милијарди американски долари проценета штета.
http://www.unisdr.org/news/v.php?id=12035.
СИСТЕМ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО
КРИЗИ
4
5
Вовед
На крајот на минатиот и почетокот на овој век, светот покажа сериозни институционални и
организациски слабости во областа на заштитата на луѓето, животната средина и другите материјални
богатаства, кои често беа изложени на големи несреќи и катастрофи. Заради нивното надминување,
светските организации и државите поединечно, вложуваа максимални напори за намалување на
ризиците од несреќи и јакнење на капацитетите и способностите за справување со различни кризи и
кризни состојби, како и отстранување на предизвиканите последици.
Република Македонија, од нејзиното осамостојување до денес, во рамките на сопствените
можности, постојано ја следи динамиката на случувањата во оваа област. Во континуитет презема
нормативни, организациски и институционални мерки и активности со цел да изгради современ и
одговорен систем кој ќе обезбеди високо ниво на сигурност на своите граѓани и заштита на останатите
материјални и други вредности во државата.
Заради постигнување на целосна компатибилност и интероператибилност со глобалните и
регионалните безбедносни системи, во Република Македонија се воспоставува систем за управување
со кризи чија основна функција е превенција, рано предупредување и справување со сите ризици
и опасности
2
. Посебните цели на овој систем се насочени кон обезбедување на постојано ниво на
консултации и координација помеѓу сите надлежни субјекти, донесување на одлуки на највисоко
ниво, постојано проценување на ризиците и опасностите, навремена реакција, ефикасно и соодветно
искористување на расположивите способности и ресурси.
Овој прирачник, преку една практично сублимирана и избрана содржина, има намера да ја
прикаже генералната функција на Системот за управување со кризи во Република Македонија, да се
изнесе неговата институционална и организациска поставеност, на национално и локално ниво и да се
потенцираат правата и обврските на граѓаните и локалните заеници, како најширока основа врз која
се поставени механизмите на самиот систем.
Преку претставувањето на карактеристиките на Р. Македонија и нејзината изложеност на
одредени ризици, се потенцираат предизвиците кои имале најчесто се појавувале во последните
години и предизвикале посериозни загрозувања, истовремено изнесувајќи повеќе податоци за нив,
со цел подобро да се запознаеме со самиот феномен, со начинот на нивното случување и негативните
влијанија кои истите можат да ги предизвикаат.
Основната цел на овој материјал е насочена кон подигнувањето на свеста кај граѓаните и
локалните заедници, дека живееме во време исполнето со најразлични форми на небезбедност и
испраќање на порака за нужноста од постојана подготвеност, лична и институционална, за превентивно
делување и намалување на ризиците од несреќи и катастрофи, но и за соочување со сите можни форми
на загрозување на животот и здравјето на луѓето, материјалните, природните и културните добра и
општата безбедност во државата.
___________________________
2
Оваа област се уредува со Законот за управување со кризи, („Службен весник на РМ“ бр. 29 од 2005 година)
СИСТЕМ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО
КРИЗИ
6
7

Кризен менаџмент - управување со кризи
Кризниот менаџмент во Р. Македонија
Основната цел на воспоставувањето на кризниот менаџмент или системот за управување со
кризи во Р. Македонија се наоѓа во потребата од обезбедување на постојано ниво на консултации и
комуникации помеѓу сите надлежни субјекти, донесување на одлуки на највисоко ниво, максимална
координација, навремена реакција, ефикасно и соодветно искористување на расположивите
способности и ресурси во случај на настанување на криза или кризна состојба во државата.
Управувањето со кризи како активност од висок државен интерес, се воспоставува заради
превенција, рано предупредување и справување со кризи кои претставуваат ризик за животот
и здравјето на луѓето и животните, материјалните, природните и културните добра, како и општата
безбедност во државата. Појдовната основа за уредување на областа на кризниот менаџмент, односно
управувањето со кризи во Р. Македонија се наоѓа во Националната концепција за безбедност и
одбрана, која беше донесена во 2003 година од страна на Собранието. Во неа беа изнесени погледите
и се дадоа основните препораки за начинот на функционирање на системот за управување со кризи во
Р. Македонија.
Воспоставувањето на кризниот менаџмент во Република Македонија е во функција на
подобрување на механизмите на националната безбедносна политика, а основните причини за негова
имплементација се следните:
постоење на разновидност во регулирањето на оваа материја со повеќе закони и други прописи и
•
непостоење на посебен закон;
непостоење на посебен државен орган чија основна функција ќе биде надлежност од областа на
•
оваа проблематика;
постоење на ресорен (парцијален) пристап во проценувањето на состојбите и немање единствена
•
процена од сите ризици и опасности;
подигнување на координацијата и ефикасноста во употребата на ресурсите ангажирани од повеќе
•
државни институции.
Од наведените, а и од други причини, се јавуваше неефикасност во преземањето на потребните
активности од страна на државните органи надлежни за спроведување на инструментите на
безбедносната политика во државата. Заради целосно регулирање на оваа област, воспоставување на
институционален систем и постигнување на потребната стандардизација во нормативните решенија со
земјите членки на НАТО и ЕУ, Република Македонија донесе Закон за управување со кризи на седницата
на Собранието одржана на 22.април 2005 година.
Закон за управување со кризи
Законот за управување со кризи („Службен весник на Р.М.“бр. 29/05) преставува основа за
уредување на системот за управување со кризи во Република Македонија и тоа: неговата организација
и функционирање, одлучување и употреба на ресурсите, комуникација, координација и соработка,
процена на загрозеноста на безбедноста на Републиката, планирање и финансирање, како и други
прашања од областа на кризниот менаџмент. Истиот е структуиран во десет тематски целини (глави)
со вкупно 63 членови и предвидува повеќе подзаконски акти (уредби и правилници).
Основните цели заради кои беше донесен законот се поврзуваат со следното:
подобрување на координацијата помеѓу државните органи, обезбедување постојана комуникација
•
и размена на информации;
изградба на систем за управување со кризи кој ќе обезбеди навремена, брза и ефикасна превенција
•
и реакција во случај на загрозеност на луѓето, нивниот имот и живот, како и загрозување на
безбедноста на државата од сите ризици и опасности;
основање на посебен државен орган чија основна функција ќе биде извршување на работите
•
поврзани со управувањето со кризи;
координирана, рационална и ефикасна употреба на ресурсите во случај на кризи и кризни
•
состојби.
Основна карактеристика на овој закон е тоа што со него се воведува можноста за прогласување
на “кризна состојба” во државата или на одредена нејзина територија, наспроти дотогашните “воена”
и “вонредна” состојба, кои ги предвидуваше Уставот, како највисок правен акт во државата
3
. Поимот
кризна состојба, со овој Закон се определува со следново значење: „Кризна состојба е состојба
предизвикана од ризици и опасности кои можат да ги загрозат добрата, здравјето и животот на луѓето
и животните и безбедноста на Републиката, за чија превенција и/или справување е потребна употреба
на поголем обем на ресурси”.
Друга битна карактеристика на овој закон е тоа што целосните негови механизми се во
надлежност на Владата и владините тела кои со истиот се формираат. Ова значи дека Владата има
законска можност да прогласи кризна состојба доколку ризиците и опасностите се од таков карактер
што директно го загрозуваат уставниот поредок и безбедноста на Република Македонија или дел од
неа, а за кои не постојат услови за прогласување воена или вонредна состојба.
___________________________
3
Устав на Р. Македонија, („Службен Весник на РМ“) бр. 52/1992, чл. 124 и 125.
10
11
СИСТЕМ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО
КРИЗИ
Ovaj materijal je namenjen za učenje i pripremu, ne za predaju.
Slični dokumenti