Razlikite na situaciionata efikasnost na pobednicite I porazenite bokseri na .47 meѓunaroden turnir vo boks „zlaten gong 2017“ skopje
УНИВЕРЗИТЕТ "СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ" ВО СКОПЈЕ
ФАКУЛТЕТ ЗА ФИЗИЧКО ОБРАЗОВАНИЕ, СПОРТ И ЗДРВАЈЕ
РАЗЛИКИТЕ НА СИТУАЦИИОНАТА ЕФИКАСНОСТ НА
ПОБЕДНИЦИТЕ И ПОРАЗЕНИТЕ БОКСЕРИ НА .47
МЕЃУНАРОДЕН ТУРНИР ВО БОКС „ЗЛАТЕН ГОНГ 2017“ СКОПЈЕ
(ДИПЛОМСКА РАБОТА)
Ментор: Изработил:
хххххххххххххххх
бр. на индекс ххххх
Скопје, 2018
хххххххххххххххх
РАЗЛИКИТЕ НА СИТУАЦИИОНАТА ЕФИКА...
ДИПЛОМСКА РАБОТА
2
ФАКУЛТЕТ ЗА ФИЗИЧКО ОБРАЗОВАНИЕ, СПОРТ И ЗДРАВЈЕ
Катедра:
ИНДИВИДУАЛНИ СПОРТОВИ
Насока:
Физичко образование
Предмет:
Боречски спортови 1
ДИПЛОМСКА РАБОТА
Тема:
ВЕРУВАЊЕТО ВО ДОПИНГОТ И НЕГОВАТА УПОТРЕБА КАЈ БОРАЧИТЕ
КОИ СЕ НАТПРЕВАРУВААТ ВО ЈУНИОРСКИ И СЕНИОРСКА РАНГ
Кандидат:
Број на индекс:
КОМИСИЈА ЗА ОДБРАНА
Ментор:
Факултет за физичко образование, спорт и здравје
Член:
Факултет за физичко образование, спорт и здравје
Член:
Факултет за физичко образование, спорт и здравје
Датум на одбрана:
_____________________

хххххххххххххххх
РАЗЛИКИТЕ НА СИТУАЦИИОНАТА ЕФИКА...
ДИПЛОМСКА РАБОТА
4
1. СТРУКТУРА НА БОКСЕРСКАТА АКТИВНОСТ
Анализата на структурата на боксерската активност може да се опсервира
со повеќе параметри и тоа од : морфолошкиот, моторниот, физиолошкиот,
функционалниот, психолошкиот, социолошкиот аспект.
Боксот припаѓа на ацикличен вид на спортот и движењата кај овој спорт се
изведуваат и усовршуваат со променлив интензитет и носат во себе брзинско-
силовит карактер. Спаѓа во групата на непредвидливи-нестандардните движења
кои се врзани со непосредно реагирање на променливите надворешни
услови.Карактеристика им е да се изведуваат во директен однос-борба, со
противник. На рингот боксерот наидува на противник чив отпор треба да се
совлада, да се предвидат неговите намери кои треба да се осуетат и се постигне
саканата цел која е најчесто задавање на што повеќе силни удари во главата и
телото.
Морфолошката градба на телото и можноста на влијанието на различните,
надворешните стимуланси на него, наоѓа голема примена во кинезиолошката
пракса. Добиената таксономска структура во морфолошкиот и специфично-
моторниот простор, може со тренажна постапка знатно да се корегира, да се
подобри и да се развие во правец на некоја пооптимална антрополошка
структура на боксерите.
Морфолошките таксоми врзани се за општиот и специфичниот
развој на скелетот, количината на масното ткиво и количината на мускулната
маса. Паралелно на таксономскиот модел, специфично-моторните способности
се базираат на концепцијата на утврдување на генераторот за групирање на
одредените моторни релации.
Кога се зборува за структурата на специфичните моторни
способности, се мисли на факторите кои ги одредуваат способностите за
изведување на сложените моторни операции.Може да се претпостави со обзир
на комплексноста на моторните структури на движењето во боксот, постои некој
склоп на специфично моторните способности кој овозможува квалитетно
користење на техниката и тактиката во борбата.Односот на тие способности е
хххххххххххххххх
РАЗЛИКИТЕ НА СИТУАЦИИОНАТА ЕФИКА...
ДИПЛОМСКА РАБОТА
5
специфичен за боксерите, додека за време на мечот од истите, зависи можноста
за реализација било на нападот или одбраната.
Сите акции и тактички дејствија на боксерите во за миг настанати состојби
го одредува однесувањето на боксерите во борба и бара способност за брзо
решение на различните, често пати непредвидливи сложени моторни задачи.
При структурална анализа на боксерскиот спорт треба да се набележат
сите моторни (базични и специфични), способности кои се сметаат за помалку,
или повеќе, нагласени особини.
Брзина
или, поточно кажано, сите видови на брзината (брзина на
реакцијата, брзина на поединечното движење, сегментарна брзина на движење
и фрекфентна брзина).Овозможуваат на боксерот правовремено, брзо
изведување на поединечни удари, изведување на поголем број на удари во
единица време, брзо движење во рингот, ефикасно користење на техниката на
напад и контранапад. Исто така, брзината му овозможува на боксерот
правовремено реагирање на противничката акција, ефикасна примена на
одбранбената техника.
Нивото на
експлозивна снага
, особено на рацете и раменскиот појас,
може на противникот да му нанесат тешки и опасни удари, но и со единствен
удар да ја реши борбата во своја корист.Експлозивната снага на нозете, исто
така е важна за боксерите, бидејќи овозможува брзи движења кон или од
противникот.
Репетитивната снага,
овозможува на боксерот активно учество во сите
три рунди интензивна борба кои се карактеризираат со непрекинато движење и
удирање. Во текот на борбата, боксерот треба да ја синхронизира работата на
нозете (движењето), со работата со раце (удари, блокови и сл.), брзо менување
на правецот на движењето, брзо реализирање на затворени моторни структури
со преместување на целото тело во просторот, за што му е потребно високо ниво
на координација.
Координација на рацете,
дефинирана како способност за манипулирање
со објектите, ако се разбере како комбинации на удари, гардови и одбрани во
фазата на нападот и одбрана, кои се изведуваат со рацете под влијание на овој

хххххххххххххххх
РАЗЛИКИТЕ НА СИТУАЦИИОНАТА ЕФИКА...
ДИПЛОМСКА РАБОТА
7
Една од карактеристиките на квалитетниот боксер е способноста за брза
промена на правецот на движењето и способноста на брзо комбинирање на
различни начини на движење, што зборува дека
агилноста
, во голема мерка
влијае на успехот во боксот.
Когнитивните способности
, овозможуваат точна проценка на намерите
и акцијата на противникот по основ на ставот или подготвителните движења,
правовремено распознавање на акцијата на противникот, адекватно решение на
конкретни проблеми, снаоѓање во постојаното решавање на новите задачи, и
одбирање на правите тактички варијанти.
Релевантноста на
конативните фактори
(нормални и патолошки), за
боксот се неспорни, неопходно е да се утврди кои од нив се повеќе а кои помалку
потребни за постигнување на врвни резултати.
Современиот бокс бара, боксерскиот меч да трае во релативно кратко
време 3 × 3 минути со една минута одмор, со многу брзо темпо и да обилува со
силни удари, а боксерите да бидат специфично издржливи.
Одморот од една минута меѓу рундите, не е доволен за враќање на
поедините функции на ниво на мирување.Заради прилагодување на оваа
специфична врста на работа во текот на тренажниот процес кај боксерите се
смалува тактилната и болната чувствителност.
Новиот начин на бодување бара иновација „модел на боксерската
активност" која се засновува на фактот дека во натпреварувачката борба ја
карактеризираат сталната промена на структурата на движењата при работа со
променлив интензитет и траење. Високата динамичност на борбата веќе од
првата минута, детерминирана со експлозивни и брзи движења, предизвикува,
после кусо време голем кислороден долг, кој во специфичните услови (гума во
устата, успорено дишење при задавањето на удари и задржување на дишењето
при примање на ударите), може да биде толку големо да самата борба поради
истоштеност може да биде прекината пред време. Преовладува аеробната и
анаеробната работна способност, со субмаксимално-максимален интензитет, со
мало статичко оптеретување. Кој вид на работа ќе преовлада зависи од времето
на траењето на самата борба од интензитетот, динамиката за времето на
целиот меч.
Ovaj materijal je namenjen za učenje i pripremu, ne za predaju.
Slični dokumenti