Razuznavanje – Spionaza
Prv privaten univerzitet
FON
Факултет за детективи и безбедност
Предмет : Разузнавање
Шпионажа
Семинарска работа
Profesor: Student:
D-r Зоран Верушевски
Filip Zdravkovski
Dosie br. 10/13843
С О Д Р Ж И Н А
1. Вовед
3
2. Шпионажа
3
3. Руската наспроти американската шпионажа
4
4. Најпознати светски шпиони
7
5. Шпионажата во XXI век
15
6. Заклучок
16
7. Користена литература
17
2

Според карактерот на информациите што се предмет на
работа, шпионажата можеме да ја поделиме на:
Воена шпионажа
– разузнавање во сферата на воената
спремност на други држави, бројност на војници,
наоружување, воени бази и во поново време
информации за нуклеарното наоружување, негова
моќност, распореденост итн. Овие информации треба да
послужат за одбегнување на воени закани и подобра
подготвеност доколку и дојде до некои воени конфликти.
Политичка шпионажа
– најчесто е во склоп со воената
шпионажа. Цел на оваа шпионажа се политички
личности и настани, органите на државно управување,
политичките партии и нивните односи во другите
држави, со цел да се пронајде слабата точка за
надворешно делување.
Економска шпионажа
– собирање економски податоци
за други држави, економските односи, квантитетот и
квалитетот на разновидните производи, силите на
нивната индустрија, увозот и извозот, пласирање на
странски пазари, технички и научен развој, со цел да се
заштитат економските интереси на сопствената земја.
Но, овие информации може да се употребат во
економски развој и подобрување во својата држава.
3. Руската наспроти американската шпионажа
Денес модерниот човек се соочува со професионални и
современи разузнавачки служби, шпиони, агенти кои работат
штитејќи ги националните интереси во државите. Добри и
квалитетни разузнавачки информации се додатно оружје на
владетелите за успех во сите сфери на човековото живеење.
Секоја модерна држава треба да има високо професионална
разузнавачка служба за да се носи со предизвиците на новото
време. Добри и квалитетни разузнавачки информации се
4
додатно оружје на владетелите за успех во сите сфери на
човековото живеење. Најразвиените земји во светот како САД
и Русија имаат најсовремени и најдобро технички опремени
разузнавачки служби. За време на студената војна и до ден
денес овие две држави водат разузнавачка “војна“ за да си
обезбедат престиж и доминација на светската сцена. Нивните
шпиони ја пишуваа историјата на шпионажата која во некои
моменти заличува и на филмовите за Џејмс Бонд.
За времето на Втората светска војна, полковник Абел
беше главен советски шпион во врвот на фашистичкиот Трет
рајх. Во Москва испраќаше доверливи информации од
Берлин. Не беше познат како Рикард Зорге или Ким Филби, но
беше еднакво заслужен за советската разузнавачка служба.
Потоа заминал во Њујорк со лажен идентитет како Пол
Фишер. Во еден топла августовска квечерина, г-дин Пол
Фишер излегол од својата скромна фотографска работилница
на Менхетен во Њујорк за да купи утрешен “Њујорк Тајмс“. На
колпортерот му платил со метална паричка од 25 центи.
Поради замор, после многу години за првпат Пол Фишер
погрешил и за весникот ја дал паричката од 25 центи во која
имало микрофилм. Колпортерот, по игра на случајот, ја
разоткрил шпионската паричка и ја предал на свршеникот на
својата сестра кој бил агент на ФБИ. Кога ФБИ во Њујорк го
уапси полковникот Абел, сите комшии биле вчудовидени, тој
со години бил мирен и тивок сосед во малата улица на
Менхетн. Секогаш љубезен и подготвен да помогне на секого.
Имал американски документи и идентитет на некој починат
Американец кој немал роднини. Класична “маскировка“ на
советските разузнавачки служби.
Така “падна“ најпознатиот советски шпион во САД, полковник
Абел, кој беше главен агент на советската разузнавачка
служба за САД и Канада во 50-тите години на минатиот век.
Полковникот Абел подоцна е размент за американскиот пилот
Гери Пауерс, кој со шпионскиот авион У-2 беше срушен и
уапсен над Свердловск (СССР) во почетокот на 60-тите години
5

Ovaj materijal je namenjen za učenje i pripremu, ne za predaju.
Slični dokumenti