Stabilnost i odrzlivost na biznisot
Универзитет ФОН – Скопје
Економски Факултет-Бизнис менаџмент
СЕМИНАРСКА РАБОТА
СТАБИЛНОСТ И ОДРЖЛИВОСТ НА БИЗНИСОТ
Предмет:Стратегиски менаџмент
Професор: Студент:
Д-р Роберт Димитровски
Горан Брњарчевски
Инд.бр.
Скопје-Јануари-2014 година
Содржина:
Вовед-------------------------------------------------------------------------------------------------------3
1.Поим за бизнис неговата улога и карактеристики-----------------------------------------4
2.Улогата на менаџментот при оддржување на стабилноста на бизнисот-------------6
3.Важноста на менаџерите за стабилност на бизнисот-----------------------------------10
4.Вештините на стратегискиот менаџер во креирањето на оддржлив и успешен
бизнис ---------------------------------------------------------------------------------------------------12
5.Влијанието на пазарот и пазарната економија врз стабилноста на бизнисот-----13
6. Ценовната конкуренција за одржливоста на бизнисот---------------------------------15
6.1 Ценовна стратегија------------------------------------------------------------------------------16
7.Улогата на бизнис климата во одржување на стабилен бизнис-----------------------19
Заклучок-------------------------------------------------------------------------------------------------22
Користена литература ------------------------------------------------------------------------------23
2

1.Поим за бизнис неговата улога и карактеристики
Поимот бизнис потекнува од англискиот збор бусинесс, кој означува работна
активност за да се добие економска корист. Бизнисот, всушност, претставува
користење на расположливите фактори на производство, со цел да се оствари
максимален економски ефект. Оттука, би можело да се каже дека под поимот бизнис се
подразбира организиран напор на поединецот или на група луѓе да се произведе и
продаде некое добро или услуга, со што ќе се задоволи определена туѓа желба или
потреба, а притоа да се оствари профит. Дефиницијата за бизнис ја сочинуваат
следниве три предуслови: Прво, за да се остварува бизнисот потребно е да се обединат
основните фактори на производство: трудот, капиталот, земјата и претприемништвото.
Трудот (човечките ресурси) ги опфаќа физичките и умствените способности на човекот
кои се користат за производство на добра и услуги. Капиталот е претставен во
различни форми на капитални добра со чија помош се одвиваат бизнис активностите,
како што се објектите, машините, алатите, финансиските средства, опремата,
транспортните средства и др. Земјата (природен ресурс) е во неизменета форма ,,дар”
од природата кон која се насочени дејствата на трудот и капиталот. Конечно, во
факторите спаѓа и претприемништвото, како посебен квалитет на човечките
способности да создава, управува, одлучува и да презема ризик. Вториот предуслов се
однесува на намената на добрата и услугите кои се продаваат. Бизнисите
произведуваат и продаваат добра и услуги кои треба да задоволат определена туѓа
потреба. Впрочем, постоењето на бизнисот е резултат на можноста да се произведува
за друг, а како своевиден надоместок за продаденото добро или извршената услуга да
се остварува профитот. Третиот предуслов во дефиницијата се однесува на можноста
да се остварува профит од продажбата на добра и услуги. Бизнисот зависи од
профитот. Доколку постои можност за остварување профит, ќе постои и можност за
водење бизнис. Профитот претставува позитивна разлика помеѓу приходот од
работењето, кој во најголем дел потекнува од продажба на производите и за нив
направените расходи во кои доминантно учество имаат трошоците содржани во
продадените производи.
4
Улогата на бизнисот во општеството е голема и значајна и може да се согледа преку
следното: бизнисот влијае брз растот на економијата, бизнисите ја поттикнува
потрошувачката, бизнисот ги подобрува условите за живеење и др.
Бизнисот влијае врз растот на економијата.
Растот и разојот на бизнисите во
пазарната економија го поттикнува економскиот раст и развој на земјата, како и
развојот на целото општество. Растот на бизнисите, a со тоа и на економијата има
влијание врз подобрувањето на благосостојбата на луѓето (животниот стандард),
намалувањето на трошоците на производство, зголемувањето на извозот, јакнењето на
конкурентската способност на економијата итн.
Растот на економијата се мери преку Бруто домашниот производ (БДП), кој е
мерило на вредноста на економската активност во земјата. Бруто домашниот производ
ја претставува вкупната пазарна вредност на сите произведени финални добра и услуги
во земјата, за период од една година.
Бизнисите ја поттикнуваат потрошувачката - потрошувачката ги поттикнува
бизнисите.
Потропгувачката ни го покажува вкупното количество на финални добра и
услуги кои секторите во економијата (претпријатијата, домаќинствата и државата)
можат да ги купат и да ги потрошат, при различни цени. Потрошувачката може да
биде: инвестициска потрошувачка, потрошувачка на домаќинствата и јавна
потрошувачка.
Инвестициска потрошувачка - Бизнисите во производството трошат
инвестициски добра: згради, машини, опрема и др. Овој вид потрошувачка на
бизнисите е познат како инвестициска потрошувачка. Преку инвестициската
потрошувачка бизнисите воспоставуваат меѓусебна соработка со што го помагаат
сопствениот раст и развој, како и растот и развојот на целокупната економија.
Потрошувачка на домаќинствата - Наспроти инвестициската потро-шувачка,
постои и потрошувачка со која луѓето ги задоволуваат личните (индивидуалните)
потреби. Бидејќи луѓето т.е. населението го сочинуваат секторот домаќинства, оваа
потрошувачка се нарекува потрошувачка на домаќинствата. Таа е многу значајна
економска категорија бидејќи ги потти-кнува бизнисите да започнат ново
производство. Овој вид потрошувачка дава си-лен придонес во растот и во развојот на
бизнисите.
Б. Стрезоски - "Менаџмент и бизнис", Просветно дело - Скопје 2000,стр.176
5

- општествениот карактер на менаџментот со кој се насочуваат одговорностите во
правец на ефикасно извршување на целите;
- од фактот што менаџментот е основна карактеристика на индустриското
општество;
- од тоа што менаџментот е специфичен орган во деловното претпријатие...
Како за сите науки во современиот свет, така и за менаџментот, денес, постојат
многу дефиниции, од кои многу од нив се комплексни. Тие обично се однесуваат на
функциите кои го сочинуваат менаџментот, како и на начинот на кој менаџерите ја
извршуваат својата работа. Така, Вајтло, Крум и Крајвелон го дефинираат менаџментот
како процес на планирање и одлучување, организирање, раководење и контролирање
на човечките, финансиските, физичките и информативните ресурси на организацијата
заради остварување на нејзините цели на ефикасен и ефективен начин.
Професорот Трајан Гоцевски менаџментот го сфаќа како “сеопфатен и
универзален процес насочен кон остварување на однапред поставените цели на
економските субјекти”.
Во интернет енциклопедијата “Википедија” се укажува дека терминот
“менаџмент” потекнува од стариот француски збор menagement, кој значи управување,
од латинскиот збор manuagere, што значи да се води со рака, како и од англискиот
поим management - во смисла на раководење. Таму менаџментот е дефиниран како
процес на водство и управување на дел или на цела организација (најчесто на бизнис),
преку развој и раководење со ресурсите (човечки, финансиски, материјални,
интелектуални и други).
При дефинирањето на менаџментот се истакнува дека тој е динамичен процес кој
претпоставува успешно раководење со работниците и успешно искористување на
расположливите ресурси за остварување на поставената цел, без разлика дали станува
збор за претпријатие, државен орган, банка, универзитет, болница и слично.
C.R. Whitlock, R.D. Krumme i D.P. Crivellone,
Mena|ment u akcii,
Mladost, Beograd, 1990, str. 138.
Трајан Гоцевски,
Образовен менаџмент
, второ издание, Македонска ризница, Куманово, 2003, стр. 26.
Трајан Гоцевски, цит. дело, стр. 22.
7
Ovaj materijal je namenjen za učenje i pripremu, ne za predaju.
Slični dokumenti