Sv. Kliment
Свети Климент
,
архиепископ Охридски
. За свети Климент Охридски, патронот на нашата
Црква, првиот словенски епископ со Дух напоен од Бога, нашиот Старец, молитвеник, духовник,
беседник, просветлител, учител... речиси и да немаме конкретни биографски податоци. Не се знае
кога е роден, каде се школувал, кои се неговите родители и сл. Изворите молчат, но житијата
никогаш немале за цел да ги изнесуваат личните моменти од животот на светителите, туку нивните
богоугодни дела, нивните подвизи и жртви. Со иста таква цел и во спомен на овој голем наш
светител и Божји угодник се напишани и овие редови. Се претпоставува дека се родил во периодот
од 830 до 840 година. Во Пространото Климентово житие пишува: „тој го познавал неговиот
(Методиевиот) живот како никој друг, бидејќи пошол по него од најмлади години и со свои очи ги
видел сите дела на својот учител“. Поради оваа блискост со свети Методиј, најверодостојна и
најподдржана е тезата дека тој потекнувал од Македонија, или од Струмичко-брегалничката област
каде со словенското кнежество управувал свети Методиј пред да замине во Мала Азија, или од
Охрид, или пак, со помала веројатност од Солун. По заминувањето на свети Методиј од светот, со
цел „целиот свој живот на Христа Бога да Му го посвети“ во манастирот на Олимп, со него
заминале и свети Климент и свети Наум. Се смета дека двајцата таму биле замонашени. Дури и се
мисли дека пред Моравската мисија, свети Климент учествувал и во Хазарската мисија. Во
Моравија тој им помагал на своите духовни отци и учители светите Методиј и Кирил во мисијата.
Уште пред тоа, тој учествувал во подготовките за мисијата, односно во преводите на библиските и
литургиските текстови, каде што се здобил со огромно знаење кое ќе биде темел на неговото
подоцнежно големо животно дело. Подоцна, заедно со рамноапостолните браќа светите Методиј и
Кирил во 868-869 од Моравија пристигнал во Рим, каде што бил сведок на Божјиот благослов и
потврда на делото на неговите учители и бил ракоположен во свештенички чин. Таму тие со себе
ги понеле и моштите на римскиот папа и маченик свети Климент, кои ги пронашол свети Кирил, и
се претпоставува дека при ракополагањето на свети Климент во свештенички чин можно е да го
добил името во спомен на светиот папа Климент. По упокојувањето на свети Кирил во 869 година,
свети Климент и другите негови собраќа заедно со свети Методиј повторно се вратиле во
Моравија. Тука продолжиле да ја извршуваат мисијата под раководство на сега веќе архиепископот
Методиј сè до неговата смрт. На теренот на оваа словенска земја се изодени првите чекори на
словенската богослужба и писменост, откако пред тоа свети Кирил ја создал словенската азбука –
глаголица. Иако и претходно не биле мирни во своето дело поради непријателите на словенскиот
јазик, по смртта на свети Методиј во 885 година за неговите ученици започнале деновите на прогон
и мачеништво. Во Моравија се случиле трагични мигови за словенската богослужба и писменост.
Таму тие претрпеле големи искушенија: останале „без храна и облекло“, трпеле измачувања,
прогони, навреди, фрлани биле во затвори, со неколку збора – преживеале сцени од житијата на
мачениците, но и ни оставиле доказ како да се истрае во искушенијата. „Бог е милостив“ и Тој им
дава сили на своите избраници да издржат. По тие тешки мигови и по смртта на свети Горазд, едни
од учениците отишле во Бохемија, каде што го ширеле делото на словенски јазик до крајот на 11.
век, а другите, Климент, Наум и Ангелариј преку Белград дошле во Плиска кај царот Борис, кој
покажувал интерес за вакви луѓе поради потребата од ширење на христијанството на словенски
јазик, а извесен број по заобиколен пат преку Венеција и Цариград дошле во Бугарија. Набргу
потоа во 886 година свети Ангелариј подлегнал на раните здобиени во прогонот, свети Наум
останал како управник на Преславската школа, а свети Климент заминал за Кутмичевица. Во
науката сè уште со сигурност не се знае каде се наоѓа оваа област, претпоставките се насочени кон
тромеѓето меѓу Македонија, Албанија и Грција. Девол, Охрид и Главеница биле три населби во
областа Кутмичевица. Тука тој го започнал најплодниот дел од својот живот, на кој ќе му
посветиме најмногу внимание. Со ова не сакаме да кажеме дека претходниот дел од неговиот
живот не го сметаме за важен, далеку од тоа, бидејќи тој е темел на сето она што подоцна ќе
следува, неговото богоугодно дело. Можно е свети Климент да присуствувал кога свети Кирил
вдахновен од Светиот Дух, користејќи ги трите христијански симболи: крстот, триаголникот и
кругот ја создал старословенската азбука глаголица. Покрај светите браќа Методиј и Кирил тој ја
развил својата љубов кон Бога и пишаниот збор. За свети Климент браќата биле жив пример и
образец за неговото лично издигање и усовршување. Знаеме дека тој им помагал на своите учители
во преводот на богослужбените и литургиските книги на старословенскиот, подоцна
црковнословенски јазик, кој е кодифициран како литературен јазик врз основа на македонскиот
словенски говор од Солунско. Благодарение на претходниот период од својот живот, под будното
око и духовното раководство на своите учители, рамноапостолните првоучители на сесловенскиот
народ светите Методиј и Кирил и, пред сè, со Божја помош и промисла тој станува богоподобен...
„Откако настрада, како ангел се јави на земјата, озарувајќи ги, преподобен, секогаш срцата на
верните со богопознание, заради тоа со љубов те почитуваме, Клименте“, вели непознатиот негов
ученик во Службата која ја составил во негов спомен. По доаѓањето во Охрид тој веднаш се
зафатил со устројување на областа која му била доделена, со посебна грижа кон својата паства.
Тука, како еден од најистакнатите ученици на светите Методиј и Кирил, достојно го продолжил
нивното дело. Може да се каже дека тој повторно ги поставил основите на старомакедонската-
словенска писменост, одејќи по стапките на своите духовни отци. Свети Климент проповедал и
богослужел на разбирлив народен јазик. За таа потреба подигнал цркви и манастири и ја основал
Охридската книжевна школа. Тој бил организатор и главен претставник на Охридската школа.
Така, Охрид станал црковно и книжевно жариште на македонската, но и на сесловенската
писменост. Главна дејност на Климент била просветлување на народот и негово припојување кон
Христа. „На светот Христос тебе те даде, богоблажени, за пастир на луѓето, откако ти го довери
стадото одбрано, а ти, светителе, сјаеш како сонце и ги озаруваш тие молитвеници“, пишува во
Службата. Голем е неговиот влог во литературата и пишаниот збор, но не смееме да заборавиме
дека свети Климент, пред сè, бил претставник на Црквата Христова. Неговите дела биле создадени
во слава на нашиот Спасител Исус Христос и несомнено со Негова помош. Тој седум години
самостојно ја вршел црковно-просветната дејност, учителствувал и вредно работел на своето дело.
Но за да го оствари сето она што го замислил, нему му била потребна помош. По неговото
востоличување за епископ Велички во 893 година покрај него доаѓа неговиот возљубен собрат
свети Наум, неговиот достоен помошник, придружник и соподвижник, и тој го презема
раководењето со Охридскиот книжевен центар. Тие секогаш со заеднички сили дејствувале. Уште
од мали биле тесно поврзани, ги придружувале Солунските браќа уште пред словенската мисија и
од нив добивале најодговорни задачи. Тие во сè работеле со удвоени сили како апостолите и како
нивните учители. Така делото на своите духовници го продолжиле нивните ученици свети Климент
и свети Наум, на тој начин доближувајќи им се на црковните отци. Преку љубовта кон Бога и
своите ближни тие станале достојни продолжувачи на апостолското предание и дело. Свети
Климент, еден од најблиските ученици на светите Методиј и Кирил, прв епископ на словенскиот
јазик, заедно со својот соподвижник ги поставил темелите на ова велико дело. Во грчкото житие на
свети Наум се вели: „А божествениот Климент, кога го зеде дивниот Наум, сличен нему по дела и
слово, преминуваше од место на место... просветувајќи со проповед разни градови и краеви“.
Бидејки топонимите Кутмичевица, Дремвица и Велика се непознати, се претпоставува дека
Климентовата епархија била со центар во Охрид и неговата околина, но некои проучувачи на
делото на свети Климент велат дека таа се простирала до централна Македонија, а можно е и да ги
опфаќала Струмичкиот и Брегалничкиот крај. Преку дејноста на Охридската книжевна школа, со
длабока љубов и почит кон делото на нивните учители тие го просветлувале народот паднат во
гревовен мрак. Сведочеле за Бога и на луѓето им го покажувале патот кон Него, патот на
спасението и Вистината. Ја продолжиле традицијата на своите учители, со доследно придржување
до наследството на светите браќа. Со тоа ни го покажуваат значењето на послушанието и љубота
кон духовните отци. Тие ги спроведувале изворните идеи на своите учители. Охридската книжевна
школа уште се нарекува прв словенски универзитет. Тука како најдоследни бранители на делото на
светите Методиј и Кирил тие жилаво го чувале и бранеле во неговата целокупност, пред сè, во
поглед на писмото. Основна карактеристика на Охридската книжевна школа била глаголицата.
Доказ за тоа се најстарите зачувани словенски ракописи од крајот на 10. и почетокот на 11. век,
пишувани на глаголско писмо: Маринско и Зографско евангелие, Синајски псалтир и Синајски
евхологиј, Македонски листови, Асеманово евангелие и др. кои потекнуваат од оваа школа.
Ракополагањето на свети Климент за прв словенски епископ претставувало дефинитивно
оформување на црковната организација со словенска хиерархија и богослужби на народен јазик. Со

Ovaj materijal je namenjen za učenje i pripremu, ne za predaju.
Slični dokumenti