Taktika za lokaliziranje i gašenje šumskih požara
МСУ: „ГАВРИЛО РОМАНОВИЧ ДЕРЖАВИН“
Факултет за безбедносно инженерство
Насока: Безбедност од пожари
СЕМИНАРСКА РАБОТА
ПО ПРЕДМЕТОТ: Тактика за интервенција и спасување
ТЕМА: Тактика за локализирање и гаснење на шумски пожари
Ментор: Кандидат:
Доц. Д-р. Тони Петрески
Радослав Димовски
Број на индекс 1371017
Скопје, Ноември, 2015
2
Содржина
Тактики за локализирање и гаснење на шумски пожари ..................................... 6
Тактика за локализирање и гаснење на подземен пожар ............................. 6
Тактика за локализирање и гаснење на приземен пожар ............................. 7
Тактика за локализирање и гаснење на целосен или комбиниран пожар . 11
Широка противпожарна препрека ........................................................... 12
Минирање- примена на експлозив ......................................................... 16

4
1.
Пожар на отворен простор
Пожар на отворен простор е неконтролиран оган што се појавува и во
руралните и во урбаните средини и предизвикува горење на вегетацијата,
земјоделските ресурси и инфраструктура. Ова вклучува пожари на тресет, трева,
грмушки и шума.
1
Пред почетокот на локализирањето и гаснењето на пожарот
важно да се разберат основните физички процеси кои го предизвикуваат огнот,
како и природните фактори кои влијаат врз однесувањето на пожарот.
Пожарниот триаголник содржи три основни елементи кои мора да бидат
присутни за настанување на оган. Ако се отстрани еден од овие елементи,
огнот ќе згасне:
1.
Кислород - компонента на воздухот која е потребна за да изгори горлив
материјал и која секогаш ја има во средината на пожарите на отворен
простор. Воздухот во форма на ветер игра клучна улога во
однесувањето на пожарите на отворен простор.
2.
Топлина (висока температура) – тоа е енергијата потребна да се создаде
запалива смеса од испарувањата на горливиот материјал и кислородот
во воздухот и настанува горење. Горливиот материјал може да се
загрева на повеќе начини за да се постигне температурата на палење.
3.
Горлив материјал - е било кој достапен горлив материјал. Видот,
количината, распореденоста, дистрибуцијата и содржината на влагата
на горливиот материјал ќе влијае на однесувањето на пожарот.
1
Тактика на гаснење на пожари, Илич Б., 1976, Белград, 12стр.
5
1.1.
Горлив материјал
Горливиот материјал е еден од најважните фактори за разгледување при
анализата за средина/околината на пожарот. Горливиот материјал директно
влијае на однесувањето на пожарот, што зависи од:
Класите на горливиот материјал
Типот на горливиот материјал
Димензиите и количината
Распореденоста по теренот
Содржината на влага во него
1.2.
Класи на горлив материјал
Горлив материјал под површината на почвата - е органски материјал кој се
наоѓа под површината на почвата, вклучувајќи суров хумус, корења или друг
органски материјал кој е под површината на почвата.
2
Однесувањето на пожарот
во горлив материјал од оваа класа е ограничен на тлеење или горење со многу
мал интензитет, но може да се одржува со денови, недели па дури и месеци.
Горлив материјали на површината на почвата – е горлив материјал кој се
наоѓа над горливиот материјал од претходната класа и крошните на дрвјата. Во
оваа класа на горлив материјал, на пример, спаѓаат: суви трупци и гранки,
грмушки, трева, млади дрвја итн. Горливиот материјали на површината на почвата
секогаш игра голема улога во одредувањето на интензитетот на пожарот и на
брзината на неговото ширење.
Горлив материјал во крошната (воздушен) – тоа се стоечките стебла и
горлив материјал кој не е во директен контакт со почвата. Оваа класа во себе го
2
Основа на заштита од пожари, Група на автори, 1987, Загреб, 58 стр.

Ovaj materijal je namenjen za učenje i pripremu, ne za predaju.
Slični dokumenti