Evropskа Unijа i Republikа Mаkedonijа
Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип
Правен Факултет - Кочани
Применета политика и дипломатија – Европско Право
Семинарска работа по предметот:
НАДВОРЕШНА ПОЛИТИКА
ТЕМА:
Европска Унија и Република Македонија
Ментор: Изработил:
Доц. Д-р Страшко Стојановски Раско Мишкоски
Бр.на индекс
207268
Штип, Јуни 2013 год.
Содржина:
1. Вовед................................................................................................................3
2. Односите Македонија-ЕУ...............................................................................4
3. Спогодба на стабилизација и асоцијација.................................................6
4. Односите на Македонија со Европските институции...............................6
5.
Македонија и Заедничката надворешна и безбедносна политика на
ЕУ.......................................................................................................................9
6.
Либерализација на визниот режим на ЕУ кон Ем....................................12
7.
За мисијата....................................................................................................14
8.
Заклучок..........................................................................................................19
9.
Користена литература..................................................................................20

Односите Македонија – ЕУ
Oд воспоставувањето на дипломатските односи со ЕУ во декември 1995,
Република Македонија се легитимираше како партнер од доверба и вистински
сојузник на Европската унија, при тоа не прескокнувајќи ниту една
институционална етапа во приближувањето кон Унијата: од склучување на
Спогодбата за соработка, преку Спогодбата за стабилизација и асоцијација, до
стекнувањето на кандидатскиот статус.
Во декември 2005 година, со стекнувањето на статусот земја-кандидат
за членство во ЕУ, Република Македонија влезе во клучна фаза од процесот
на европската интеграција. Одлуката на Европскиот совет за доделување на
кандидатскиот стаус беше политичко признание за напредокот кој го постигна
Република Македонија во остварувањето на реформските процеси и во
градењето на отворено и демократско општество
.
Од тогаш Република
Македонија интензивно ги имплементира неопходните мерки за исполнување
на политичките услови од Копенхаген, како и сите други конкретни барања на
европските институции, со цел да го добие посакуваниот датум и да премине
во клучната фаза за прием во ЕУ.
Целта на Република Македонија на среден
рок е целосно да ги исполни европските стандарди за функционална
демократија и просперитетна пазарна економија, оспособена да ги преземе
обврските од членството во ЕУ. Агендата за пристапување на државата во
ЕУ е рефлектирана во Националната програма за усвојување на правото на
ЕУ (законодавни измени и мерки за институционално зајакнување на краток и
среден рок), Претпристапната економска програма (мерки за исполнување на
копенхашките економски критериуми) и Националниот план за развој
(инвестициони приоритети за остварување на развојните цели на државата).
Основниот документ на Европската унија за приоритетите на
пристапувањето на Република Македонија во рамките на Стратегијата за
проширување е Партнерството за пристапување. Партнерството за
пристапување се поставени од страна на Европската комисија како услов за
добивање на датум за преговори со Европската унија. Владата на Република
Македонија од ноември 2008 година постојано спроведува Акциски планови
за реализација на препораките од Извештаите на Европската Комисија за
Македонија.
Отпочнувањето на преговори за членство во Европската унија за
Република Македонија ќе значи приближување кон Унијата и усвојување на
нејзините придобивки и вредности. Покрај целосното приспособување на
македонските институции кон начинот на функционирање на институциите на
Унијата, преговорите истовремено ќе значат и создавање основи и
подготовка за идно успешно функционирање на Република Македонија како
земја-членка на Унијата.
Членството во Европската Унија е стратешки интерес на Република
Македонија од нејзиното осамостојување. Oд воспоставувањето на
дипломатските односи со ЕУ во декември 1995, Република Македонија се
легитимираше како партнер од доверба и вистински сојузник на Европската
унија, при тоа не прескокнувајќи ниту една институционална етапа во
приближувањето кон Унијата: од склучување на Спогодбата за соработка во
1997, преку Спогодбата за стабилизација и асоцијација во 2001, стекнувањето
на кандидатскиот статус за членство во ЕУ во 2005 и на препораките од
Европската комисија за почеток на пристапни преговори во 2009 и 2010.
Стекнувањето на статусот земја-кандидат за членство во ЕУ беше
политичко признание за постигнатиот напредок во остварувањето на
реформските процеси и во градењето на отворено, демократско општество и
означи влез на Република Македонија во повисока фаза од процесот на
европската интеграција. Препораките на Европската комисија за почеток на
пристапните преговори, стапувањето во сила на безвизниот режим на
патување во ЕУ, како и доделената акредитација на националните институции
за децентрализирано управување со четири од петте компоненти на ИПА
програмата го потврдуваат остварениот напредок на земјата во
спроведувањето на стандардите и критериумите за пристапување во ЕУ.

Ovaj materijal je namenjen za učenje i pripremu, ne za predaju.
Slični dokumenti