Фактори на настава

Вовед

Зборот дидактика има грчко потекло и неговото оригинално значење е настава (didasko –
подучуван, didasklaos- учител). Овој поим  во педагошката литература го  вовеле Ратке и 
Коменски  во 17 век. Човекот отсекогаш ги подучувал младите генерации за да бидат 
подготвени за живот и работа. Со ова производственото  работно искуство на постарите се 
пренесувало на помладата генерација.

Кога производството работно искуство на општеството значително се развило, родителите 
повеќе не можеле во својот дом преку подучување да им го пренесат работното искуство  
на помладите. Затоа се почувствувала  потребата да се воспостави посебна институција 
каде што младата генерација под водство на возрасните на организиран начин брзо ќе 
стекне работно искуство од постарите генерации. Така биле основани  училиштата , и 
заедно со нив специјализирани стручни едукатори- учители.

Со појавата на училиштата и наставниците ги имаме и почетоците на наставата како 
организиран процес наподучување во кој наставниците подучуваат а учениците учат. Во 
овие почетоци на организираниот наставата прво требало да се одлучи за  што се 
ученикот треба да се научи за да се подготви за живот.

Од подеталното проучување на системот на наставата се заклучило  декатреба  да се  
прави разликаа помеѓу образованието и воспитувањето, бидејќи овие два поима според 
нивната содржина, задачи, и начинот  односно вештина на подучување  не се идентични.

background image

Но во современото образование се повеќе доаѓа до израз и техниката како посебен 
фактор на наставата, што е поврзано со образовната технологија па затоа дидактичкиот 
триаголник се проширува во дидактички четириаголник.

Слика 2.

Наставник

Наставна техника

Ученик

Наставна содржина

Наставник

Наставникот не е само предавач на својот предмет туку и воспитувач. Он е носител на 
целокупната воспитно образовна работа во училиштето. Од него, неговото образование и 
способности, неговиот морален лик, односот према работата, материјални и духовни 
вредности, се зависни резултатите и успехот на таа работа. Тоа значи дека неговата 
воспитна функција бара посебно образование и посебни човечки и морални квалитети. 
Непосредното влијание на наставникот врз ученикот е вредно воспитно средство кое 
неможе да се надокнади со други влијанија. 

Потребно е да нагласат пет битни обележја на наставничката суштина и пет темелни 
претпоставки за усешно воспитно делување.

1. Наставникот мора да биде морална, целосна и стабилна личност, со силна волја и 

цврст карактер.

2. Наставникот мора да биде многу образован и културен човек, со широк поглед и 

сестран опсег на образование и општа култура.

3. Тој мора одлично да ги познава стручните предмети кои ги предава во училиштето 

и застапува во животот. Со други зборови мора да биде добар стручњак на 
одредено подрачје. 

4. Споредно со тоа мора да поседува педагошка култура, теоретско и практично 

педагошко образование, односно мора да има развиена смисла и способности за 
воспитна работа.

5. Успехот на воспитната работа подразбира воспитен однос, одредени интереси, 

оптимизам, љубов, одушевување, т.е наставникот да го сака своето знаење и 
воспитна работа, да верува во човекот и успехот на својата работа, да сака млади 
луѓе и да знае да им се приближи, да покаже интерес и разбирање за нивните 
проблеми, да соработува со нив во нивното решавање, да ја почитува личноста на 
своите ученици и позитивно да се однесува спрема нив.

Želiš da pročitaš svih 15 strana?

Prijavi se i preuzmi ceo dokument.

Ovaj materijal je namenjen za učenje i pripremu, ne za predaju.

Slični dokumenti