Javana diplomatija na SAD
Вовед
Покрај вообичаените форми на дипломатско комуницирање во меѓународните
односи, јавната дипломатија станува се попопуларен стил, особено во дипломатиите на
земјите кои имаат битно влијание на меѓународните текови. Јавната дипломатија се
дефинира на различни начини, но во голема мерка е термин кој се користи да се
опишат напорите на владата за спроведување на надворешната политика и
промовирање на националните интереси преку непосреден контакт и комуникација со
населението на странска држава.Со своето делување е насочена кон повеќе сегменти
од опшественото битисување особено кон економските, културните и образовните
текови. Може да се окаракеризира како размена на идеи, информации, културни
достигнувања и слично помеѓу народите со цел подобрување на соработката и
меѓусебното разбирање. Иако не е директен представник на државата и незините
институции јавната дипломатија може на многу ефикасен начин да придонесе кон
остварувањето на надворешно политичките интереси и подигнување на вкупниот имиџ
на државата. Активностите на јавната дипломатија вклучуваат обезбедување на
информации за странската јавност преку електронските и интернет медиуми, во
библиотеки и други теренски објекти во странство, спроведување на културната
дипломатија, како што се уметнички експонати(изложби) и музички настапи и
администрирање на меѓународните образовни и професионални програми за
размена .Целта на овој труд е да даде една систематизација на појавата, развојот и
активностите на Јавната дипломатија на САД .
Постојат повеќе дефиниции кои го дефинираат поимот јавна дипломатија, но како
воопштен израз можеме да ја дадеме следната дефиниција:
Комуникација со меѓународната јавност во насока на постигнување на целите
на меѓународната политика.
Појава и развој на јавната дипломатија во САД
Изразот „јавна дипломатија“ во својата модерна смилса му се припишува на Edmond
Gullion кој размислувајќи за реакцијата на јавноста на американската политика и
воените акции во Виетнам и во Конго, во 1965 година го употребил поимот „јавна
дипломатија“.Тој на оваа веќе претходно етаблирана кованица и дава ново значење
поинаково од она кое претходно ја врзувало со поимот пропаганда. Тоа ги опфаќа
димензиите на меѓународните односи надвор од традиционалните дипломатија. Gullion
јавната дипломатија ја дефинира како „дисциплина која се бави со влијанието на
ставовите на јавноста во формирањето и водењето на надворешната политика надвор
од традиционалната дипломатија, се бави со влијанието на владата на формирање на
јавното мислење во други земји, интеракцијата на приватни групи и интереси во една
земја со оние на друга,на известување за надворешни работи и нејзиното влијание врз
политика; комуникација помеѓу оние чија работа е комуникација, како и меѓу
дипломатите и странски дописници, како и процесите на интер-културна
комуникација. "Централно место во јавната дипломатија е транснационална проток на
информации и идеи.";
Најраната употреба на фразата Јавна Дипломатија всушност не е Американска,
употребена е во 1856 година во London Times само како синоним за граѓанството во
кое се критикуваат ставови на претседателот Franklin Pierce.
Првата употреба на
фразата Јавна Дипломатија во САД од страна на Њујорк тајмс беше во јануари 1871
година, во извештајот за конгресна расправа, употребен од Самуел С Кокс (демократ
од Њујорк, и поранешен новинар) зборуваше во увреден против тајна интрига за анекс
на Република Доминикана истакнува дека верува во отворена и јавна дипломатија.
За
време на првата светска војна фразата "јавна дипломатија" широко се користи за да се
опише кластер на нови дипломатски практики.
Создавањето и развојот на идејата за јавна дипломатија во овој период поврзани се со името
на американскиот претседател Woodrow Wilson.Со влегувањето на САД во големата светска
политика и вклучувањето во првата светска војна настануваат промени во дотогашните
меѓународни односи. После победата на сојузниците во 1918 година се одржува мировната
конференција во Париз на која победничките сили Франција, Велика Британија, Италија и САД
одлучуваат за нова концепција на повоените меѓународни односи. На таа конференција
американскиот претседател Вилсон се залага за промена во меѓународните односи.Тоа го
наведува во својот говор од 14 точки.Вилсон предлага нов облик на дипломатија,отворени
договори за мир, до кои ќе се доаѓа на отворен начин.те дипломатијата ќе се води искрено и
пред очите на јавноста.Ова пред се се однесува на изложување на дипломатијата на
медиумите и на јавното мислење, и да се спроведе директни преговори меѓу
политичарите,функционери, министри, шефови на влади или државни.Со тоа ја навестува т.н.
нова дипломатија
.Терминот ретко се користи во текот на 2 светска војна.Во повоените години
евиднтно е ревидирање на Вилсоновата идеја и повторна појава на фразата Јавна Дипломатија.
До 1950 година употребата на терминот "јавна дипломатија“ значително се префрли кон
областа на меѓународната информации и пропаганда..
Студената војна како еден долг период
на меѓународни односи вопоствоениот свет, а во истиот временски период на меѓународните
политички однос може да се окарактеризира како состојба во која сите сили беа се собраа
околу два главни центри на моќ, цел меѓународен животот продолжува да се одвива во два
затворени системи (западен и источен).Главените спротивностите се поврзани со различни
вредности и нивната распределба во меѓународните односи. Главните актери во биполарниот
свет на Студената војна, беа двете големи земји САД и СССР. Користење на медиумите за да се
освои јавното мислење во земјите чии влади се непријателски расположени, повеќе од
очигледно започна за време на Студената војна. Образложението за оваа акција беше да се
создаде позитивен став за политиката, општествениот поредок и економскиот систем во
сопствената земја, во земјите позади железната завеса со цел да и се сервираат на јавноста
конфликтни информации различни од оние кои ги шири пропагандата на нивната влада.
Од 1948 година. до крајот на 1980 пропагандата добива нови димензии и развој на нови
техники, првенствено под влијание на развојот на новите технологии и средства за
масовна комуникација. Покрај тоа, преку нив, на положбата на граѓаните надвор од
националните граници се обидуваат да влијаат на различни начини – од лет во
вселената, изложби на паради, спортски настани и многу повеќе. Но главно оружје на
спротивставените блока беа емитувањето на меѓународни програми, со акцент на
радио станици, како што се Гласот на Америка, Радио Либерти и Радио Слободна
Европа од страна на САД, и радио Москва со Советската страна. Во доцните 1980-тите,

Ovaj materijal je namenjen za učenje i pripremu, ne za predaju.
Slični dokumenti