Kognitivni razvoj
1
СОДРЖИНА
Лав Виготски и неговата теорија базирана на процесите на интернализација
2
Жан Пијаже и неговата конструктивистичка теорија за когнитивниот развој
3
Мултипла интелигенција
6
Лингвистичка, вербално-лингистичка или јазична интелигенција
8
Музичка интелигенција
10
Математичко-логичка интелигенција
10
Визуелно-просторна интелигенција
11
Телесно-кинестетичка интелигенција
11
Социјално-персонална, интраперсонална интелигенција
12
Социјално-персонална, интерперсонална интелигенција
13
Натуралистичка или природно-научна интелигенција
14
Егзистенцијална интелигенција
15
Учењето за повеќекратната интелигенција од корен ги менува гледиштата за
наставата и учењето во училиштата
16
Литература
18
2
За да можеме да откриеме што навистина претставува достигнувањето на највисоко
ниво на знаење со помош на учење, ние мора да го истражиме интелектуалниот развој
на човекот. Најважните теории во оваа област се делото на психолозите Виготски,
Пијаже и Гарднер.
Лав Виготски и неговата теорија базирана на процесите на интернализација
Виготски поаѓа од основната претпоставка дека интелектуалниот развој е процес во
којшто детето континуирано стекнува нови знаења, и тоа со помош на другите
личности од својата околина, врз основа на конретни активности. Детето самостојно ги
конструира менталните претстави за своите делувања заедно со нивната
вербализација, и тоа најпрвин со гласно говорење, а потоа и со повторување во
мислите. Со тоа, акцијата во текот на изведувањето се автоматизира. Постојат најмалку
две причини за важноста на социјалната интеракција:
Интеракцијата буквално го принудува детото на поголема и почеста
конверзација, што го убрзува процесот на интернализација. Во овој
ко-конструктивистички модел на когнитивен развој, лесно е воочлива
концепцијата скицирана од Виготски. Според него секоја ментална
функција, а со самото тоа и се повеќе когнитивни функции и
способности, се формираат во рамките на интеракцијата со компетентен
партнер, а дури потоа тие се интернализираат. Исто така, важно да се
напомене е дека повеќе ментални функции, посилно се развиваат кога
детето доаѓа во интеракција со поединци кои нему му се значајни,
особено родителите, но не треба да се исклучат и други возрасни
личности.
Ментори можат да бидат и постарите деца, кои благодарејќи на
интеракцијата, се во состојба да ја одредат таканаречената
„зона на
наредниот развој“
.
Доколку одредена задача бара од детето
когнитивна структура која што не е развиена, детето нема да може
самостојно да ја реши, но и доколку би ја решило таквата задача, тоа би
О.М.Шкариќ, Психологија на детство и адолесенција, Скопје 2011, стр. 165

4
дали дало точен одговор.
Теоријата на Пијаже во суштина е биологистичка, бидејќи
тој тврди дека основните когнитивни структури, таканаречените шеми и операции, се
вродени обрасци, а развојот се состои во прилагодување на овие структури на
потребите на средината преку процесите на асимилација и акомодација.
Комплементарните процеси на асимилација и акомодација имаат многу важна улога
во текот на адаптацијата заснована на биолошкото созревање. Асимилацијата
подразбира прилагодување на сознаените односи и искуства кон постоечките
(детските) ментални структири, стратегии или концепти. Но, кога информација што ја
примаме од надворешниот свет многу се разликува од нашата когнитивна структура
заедно со информацијата и искуствата во неа, тогаш ние нашата когнитивна структура
мора да ја прилагодиме за да можеме да ја обработиме пристигнатата информација.
Овој процес на адаптација на менталната структура, Пијаже ја нарекува акомодација.
Акомодацијата овозможува конструирање на нова ментална структура која е
супериорна во однос на претходната со оглед на тоа што дава простор за повеќе
информации. Акомодацијата се иницира со противречноста помеѓу новите
информации и старите модели на мислење и таа може да биде или случајно или
намерно предизвикана. За процесот на акомодацијата карактеристичен е преминот од
еден во друг развоен стадиум, којшто е повисок од претходниот. Рамнотежата помеѓу
процесите на асимилација и акомодација го осигурува процесот на урамнотежување,
односно, тежнеењето кон рамнотежата, која според Пијаже претставува сеопшт
биолошки принцип. Тој за основен двигател на развојот на интелигенцијата го смета
тежнеењето кон совршена и стабилна рамнотежа, односно како што го нарекува,
фактор на “урамнотежување“.
Развојот на интелегенцијата поминува низ четири главни стадиуми или
периоди, чијшто редослед е постојан и непроменлив.
1. Сензомоторен стадиум
– Трае од раѓањето до втората години или до
појавата на симболичките функции. Во овој стадиум детето учи адекватно да
реагира на физичкити стимули, поточно, на едноставните и крути моторни
обрасци кои што детето ги носи со своето раѓање (рефлекс, фаќање) и кои со
вежбање стануваат попрецизни, поразновидни и посложени. Детето сфаќа
Ibid, стр.160.
5
дека со своето однесување може да влијае на околината, по што почнува да
се разликува себе си од околниот свет, а на крајот на првата година разбира
дека предметите околу него продолжуваат да постојат и кога ќе се изгубат
од неговото видно поле. Натамошниот развој на внатрешните, ментални
претстави на објектите, е овозможен со засилувањето на функцијата на
симболизација во втората година од животот, најпрвин со развојот на
говорот.
2. Предоперативен стадиум –
Трае од втората до седмата година. Тука детето
е во состојба да запомни туѓи секвенци на однесување, и подоцна по
потреба да ги искористи. Развојот на говорот овозможмува представување
на предметите со симболи и зборови. Мислењето на детето е егоцентрично.
Тоа го гледа светот само од сопствена перспектива и има тешкотии да
препознае постоење на други перспективи освен сопствената. Уште една
одлика на детето во овој период е анимизмот. Детето верува дека
предметите околу него, целокупната жива и нежива природа, се надарени
со чувства, мисли и желби, исто како луѓето.
3. Стадиум на конкретни операции –
Трае од седмата до дванаесетата
година. Тука детето на конкретен материја може да укаже на причинско-
последични односи, и да размислува за реверзибилноста на појавите со
помош на конкретниот материјал. Мислењето на детето е пологично,
помалку егоцентрично и помалку зависи од непосредните перцептивни
искуства. Детето е во состојба да врши ментални операции од типот на
собирање, одземање, множење, делење, да мисли за преметите, за
односите со другите и слично. Нова значајна одлика на мисловниот процес
во овој период е споменатата реверзибилност која што овозможува детето
постепено да ја совлата конзервацијата на бројот (на 6 години), на
волуменот (на 7 години) и на масата (на 8 години), што претставува основно
математичко размислување.
4. Стадиум на формално-оперативно мислење –
Настапува од дванаесетата
година. Децата полека почнуваат да ги сфаќаат процесите само ментално,
без присуство на конкретен материјал и тука за прв пат може да се земе
предвид низа од хипотези пред да се започне решавањето на проблемот.
Ovaj materijal je namenjen za učenje i pripremu, ne za predaju.
Slični dokumenti