Plastična industrija
Пластична индустрија
Пластична индустрија представува индустриски процес кој се бави со производство на
полимерни материјали, односно пластични маси и нуди производи кој се од голема
важност за се поголем број на индустрии, вклучувајќи, градежништво, електрониката,
пакување и транспорт.
Пластичните маси се значајни производи на хемиската индустрија, а се добиваат
од нафта, јаглен, шеќерна трска, кафе, соја и од други суровини. Во природата ги нема
готови. Претворањето на пластични маси во готови производи се врши
преку лиење, валање или влечење. Сите тие имаат голема примена благодарение на
цврстината, малата тежина и големата отпорност. Тие представуваат голема група на
соединенија кои се добиваат со полимеризација на различни соединенија .
Се употребуваат како замена за металите, кожата, дрвото, стаклото и други природни
суровини.
Најголеми
производители
на
пластични
маси
се: САД,Јапонија, Германија, Велика Британија, Русија, Италија и Франција.
Пластична индустрија
Пластичната индустрија како технолошки процес за добивање на пластични маси се
дели во два големи сектори:
1. Првиот сектор се состои од преработка на сурови материјали од кои се добиваат
полимерни соединенија и додавање на помошни суровини со што се добива
пластична маса;
2. Вториот сектор се состои од процеси во кои од пластичните маси се добиваат
готови соединенија за продажба.
Видови пластични маси, нивно добивање(полимеризација) и преработка (технолошки
процес)
Производството на пластични маси се состои од неколку постапки. Првата фаза на
изработка за добивање на пластични маси е полимеризацијата, каде што се добива
полимерно соединение
Полимеризација
е процес во кој доаѓа до сврзување на
поголем број помали молекули (мономери), при што се образуваат големи молекули
(полимери), без да се добиваат други производи.
Постојат природни и синтетички полимери, но бројот на синтетички полимери е многу
поголем. Синтетичките полимери се добиваат при посебни услови како, на пример,
висока температура, присуство на катализатор и.т.н.
Полимерите (било природните било синтетичките) имаат сосема различни својства од
мономерите од кои се добиваат. Со регулирање на условите на полимеризација
(температура, притисок и др.) може да се добијат полимери со точно определени
својства. Полимерните материјали, кои уште се викаат и пластични маси, можат лесно
да се обликуваати од нив да се прават предмети со различна форма, во различна
големина и боја. Тие се отпорни на вода, атмосферски влијанија, на корозија, на голем
број хемикалии, а некој од нив издржуваат големи температури. Сепак, секој полимер
има свои специфични својства, па затоа ите имаат големо техничко-технолошко
значење. Во последниве неколку години се добиени дури полимери што спроведуваат
електрична струја.
Одкога ке се добие полимер се преминува на втората фаза од производството а тоа е
компонирање, односно мешање на полимерот со некој адетив при што се добива готов
полуфабрикант. Додавањето на адетивите како дел од составот на пластишните маси е
заради високата цена на шинење на полимерите, полимерите се испорачуваат во течна
состојба а нивното оцврстување е обезбедува со примена на овие адитиви, односно
својство на адитивите освен да ја намалат цената на чинење имаат улога и во
обезбедувањето на карактеристиките на пластичната маса (тврдоста, крутоста,
еластичноста, итн) тука спагаат:
Пластификатори;

Ovaj materijal je namenjen za učenje i pripremu, ne za predaju.
Slični dokumenti