Развој на психологијата како наука 

Гарднер Марфи во книгата за историјата на психологијата изнесува свое гледиште 

за нејзиниот развој и вели дека таа почнува од времето кога човекот се 

заинтересирал за сопствените психолошки процеси. Според она што денес го 

знаеме за мислењето, можеме да заклучиме дека човекот почнал да се интересира 

за својот психички живот од времето кога кај него се појавило апстрактното 

мислење, а тоа време може да се поистовети со почетокот на развојот на 

човештвото. Така гледано психологијата има долга историја и би рекле долг развој. 

Сепак до пред крајот на XIX век, таа се развивала во рамките на философијата како 

и другите науки, а од 1879 година се развива ккао самостојна наука. 

Според Фридрих Енгелс соништата го поттикнале човекот да поверува дека 

мислењето и чувствата не се производ на неговото тело, туку на неговата душа. 

Така дуализмот тело - душа, стана интересен проблем за шпекулација во 

философијата. Покрај со дуализмот, античките философи се занимавале и со многу 

други проблеми. Од тоа време останаа некои размислувања за човековите 

способности и неговата природа. Конкретно изреката на Платон "Секој човек на 

вистинското место" и денес е мотив на професионалната ориентација, бидејќи 

подразбира дека сите имаме различни способности и можеме да работиме одредени 

работи. 

Од Сократ ни остана пораката "Спознај се себеси" што стана предмет на изучување 

на психологијата на личноста. 

Аристотел пишува за асоцијациите според сличност, контраст, простор и време кои 

ги спојуваат идеите. Така една идеја предизвикува во сеќавањето друга идеја. 

Психолозите кои ги прифатиле идеите на Аристотел, асоцијаинистите дури се 

обиделе со помош на асоцијативните врски да го објаснат мисловниот процес кај 

човекот, што сепак беше погрешно. 

Античкиот лекар и философ Хипократ размислувајќи за однесувањето на луѓето 

заклучил дека постојат четири типа темпераменти. Од античкото време до денес 

постојат доста философско - шпекулативни гледања на психичкиот живот. Сободно 

можеме да кажеме дека и денес на психологијата имаат свое влијание разни 

философско - религиозни насоки од Исток, како на пример зен - будизмот. 

Всушност, философијата и денес, на свој начин се занимава со психологија. 

Човекот постојано се интересира за светот што го опкружува. Сака да ги разбере 

другите луѓе и нивното однесување, да ги запознае предметите и појавите, да ги 

предвиди процесите, а пред сè се обидува да одговори на голем број прашања во 

врска со својата личност и сопствената активност. Тој постојано забележува што се 

случува околу него, ги соопштува своите мисли, ги изразува своите желби. 

Секојдневно вели "мислам", "чувствувам", "сакам"... Тоа покажува дека човекот 

поседува психички живот. 

'

Задебелен текст'

== Што проучува психологијата == 

Откако постои, човекот имал потреба да го запознае светот околу себе. Како 

последица на таа потреба, човекод дошол до корисни знаења за објективната 

стварност во која живее. Тие знаења се систематизирани во рамките на природните 

науки: физика, хемија, биологија и други, кои ја изучуваат природната стварност 

околу него. Другите знаења се систематизирани во рамките на општествените 

науки: историја, социологија и други, кои ја изучуваат општествената стварност во 

која живее. Меѓутоа човекот ги забележал и своите реакции и доживувања во врска 

со објективната стварност. Тој обрнал внимание на психичката стварност или на 

својот психички живот. Знаењата до кои дошле научниците во оваа научна област 

се систематизирани во психологијата. Психологијата е наука што се занимава со 

проучување на психичкиот, т.е. душевниот живот на човекот. Нејзиното име доаѓа 

од грчките зборови ψυχή [психи] што значи "душа" и λόγος [логос] што значи 

"наука" (изучување). Душевниот живот на човекот уште се нарекува "внатрешен 

живот" и се манифестира преку голем број психички појави. 

Предметот на психологијата е изучување на психичките п 

ојави и откривање на закономерностите на нивното јавување и развивање. 

Психички живот 

Психичкиот живот на човекот е мошне богат, сложен и динамичен. Тој се состои од 

повеќе психички појави како што се: психички процеси, психички особини и 

психички состојби. 

Психичките процеси се мошне сложени и се разликуваат следните групи: 

 

интелектуали процеси (когнитивни процеси) - со чија помош човекот го 

осознава светот (перцепции, учење, помнење, мислење, говор); 

 

емоционални процеси - кои се однесуваат на начинот на реагирање и во чија 

основа лежат чувствата (емоции и чувства); 

 

мотивациони процеси (конативни процеси) - кои се однесуваат на 

поттикнувачите на активност и на човековата волја и свесна желба да стори 

нешто (волја, желба, мотиви). 

Психички особини се: навики, ставови, способности, темперамент, карактер, 

интереси. Тие се развиваат кај човекот под влијание на наследните или стекнатите 

фактори и претставуваат релативно трајни карактеристики на човекот. 

Психички состојби се: внимание, расеаност, замор, загреаност и други и тие се 

такви психички појави што го определуваат одвивањето на психичките процеси, 

нивниот интензитет и брзина. (На пример, добро е познато дека во состојба на 

замор ученикот учи послабо). 

background image

Želiš da pročitaš svih 9 strana?

Prijavi se i preuzmi ceo dokument.

Ovaj materijal je namenjen za učenje i pripremu, ne za predaju.

Slični dokumenti