Analiza španske srednjovekovne epike
Eпика
Eпиката претставува наративен род поезија наменет за обликување
содржински целини и во неа објективно, смирено и во мноштво
разновидни описи приповеда некои целовити случувања од историски,
легендарен или религиозен карактер. Од мноштвото различни дефиниции
на средновековната епика чии еден дел претставува шпанската. Тоа е
дефиницијата која што ја дава Лео Полман : „ Епопеја а во овој случај тоа
значи : усмена, првобитна епопеја – тоа е славење низ сеќавање,
активацизација на минатото во духот на една заедница. “
Менендес Пидал- за него епиката на раниот среден век пред се претставува
род кој што врши функција на историјата. Епските јуначки песни се работи
за замена за непостојаната историографија. Тој верува дека епската поезија
како книжевен род настанува со т.н. „јуначко време“ во кое што еден народ
станува свесен за своето постоење и настојува да го сочува од заборавањето.
Тоа е едно време во кое цел еден народ носен со жив национален, скоро
еднодушен интерес заземен од политичко чувство топло и афективно. За да
се дефинира шпанската средновековна епика неопходно е да се додаде
времетраењето . Епиката е поврзана со одредено период од раното
феудално друштво и одредени социјални односи во него. Се смета дека
шпанската средновековна епика настанала некаде во XI век и почнала да
изумира во XVI а во XV век скоро потполно отстапила место на новиот род
на шпанската поезија- романтика.
Веќе во XVIII век поеди европски научници почнаке да го
издражуваат потеклото и настанувањето на роматичарската
средновековна епика. Од тогаш се формирани разни теории некои
1
прифатени од повеќе а некои од помалце стручњаци, некои брзо биле
отфрлени а другите помалце , се дополнувал, заборавале, па потоа
повторно оживувале.
Кога се зборува за шпанската средновековна епика посебно внимание
се посветува на прашањето за нејзините праизвори. Од нејзиното потекло
до сега се изнесени три теории. Најстарата теорија во предходниот век ја
формирал Гастон Парис. Според него шпанската етика почнува од
француската. Како главни докази за точноста на неговата теорија ги
наведува на прво место фактите дека француските песни настанале порано
од шпанските (првиор француски сочуван спев почнува од почетокот на XI
век, а првиот шпански спев настанал средината на XII век. Тој наоѓа многу
тематски сличности кои што постојат помеѓу овие две романтичарски
епики. Оваа теорија е само делумно усвоена. Мендрес Пидал сметал дела
извесено француско влијание секако постои од почетокот на XI век но со тоа
неможе да се објасни прапочетокот на шпанската епска поезија. Тој
наведува многу значајни разлики кои што постојат помеѓу овие две епики:
француската изобилува елементи на фантастиката, додека тие во
шпанската практично ги нема исто така изобилува со елементи за
случувања од далечното национално минато.
Следната теорија во 1915 година ја изнесол Хулијан Рибер. Според
неговото мислење потеклото на шпанската епика е многу старо и треба да
се бара во арапско – андалузиска средина. Иако се смета дека Маварите кои
живееле на Иберискиот полуостров исклучително ја негувале лириката,
Рибер претпоставувал дека меѓу нив постоела народна епика, но не е
бележана или па не е сочуван таков текст. Арапската цивилизација без
2

една поголема мера влијаеле на Хиспанороманизованите староседелци,
како што и овие староседлци исто така вршеле снажно влијание на
Визиготите.
Менендес Пидал гледал многу случности во односот спрема
германските епски песни помеѓу Исидор Севиљскиот, значаен црковен
великодостојник во Визикотска Шпанија, и Карло Велики, моќен
Француски цар од крајот на 8 и почетокот на 9 век. По мислењето на
Менендес Пидал, присуството на готскиот дух не се изгубил од хиспанската
средина после падот на визиготското кралство под маварска власт. Тоа се
осеќало и натаму во многу видови на секојдневен живот ; јуначките песни
постоеле и во иднина во „ прекриена состојба“ ( Estato Latente).
Шпанската средновековна епска поезија претставува книжевен род
кој во времето од 12- до 15 век бил многу развиен, во рамките кога биле
обработувани разновидни теми и кој бил омилен во сите слоеви на
шпанското население. Сите дела кои припаѓаат на епиката се делеле на две
големи групи:
- „ Mester de Juglaria“ и
- „ Mester de Clereciа“
Оваа подлеба како и имињата на истата, потекнуваат од времето на
настанувањето на тие дела и нивни современици кои биле потполно свесни
за постоењето на тие поделби.
„Мester de Juglaria“ е име во кое што биле опфатени и анонимни
автори на јуначки пески песни и нивни изведувачи, народни пеачи,
4
познати под името Југларес ( Juglares). Зборот Местер (Меster) потекнува од
латинскиот збор Ministerium кој значи знанимање или вештинаа.
Менендес Пидал со децении ја проучувал обемната документација за
хугларите залувана до понови времиња и резултати од своите истажувања
објавил во книгата Хугларска поезија и потеклото на романската
книжевност. На самиот почеток од ова дело, тој наведува многубројни
мислења за зборот југлар, формулирани во новото време. Именката
југлариа се користела како заедничко име за сите вештини кои ги
изведувале Хугларите. Синтагмата „ Мester de Juglaria“ би можела да се
преведи на наш јазик како „ Хугларска вештина“ или како „ Хугларска
рачна вештина“. Иако најверојатно изведувале и лирки песни, сепак
изгледа дека епските песни го сочинувале најзначајниот дел од нивниот
репертоар. Секој стих бил поделен на два полустиха а најчесто
комбинациите за бројот на слогови во еден стих биле 7+7, 7+8, 6+7, 6+8, 8+8.
„ Mester de Clerecia“ е еден нов поим кој се појавува во почетокот на 13
век во делата на образовани луѓе и кој е веројатно направен по моделот на
поимот „ Мester de Juglaria“, како некоја врста на негова спротивност.
Образованите луѓе во тоа време биле скоро секогаш и познајници на
латинскиот јазик. Така и им биле престапните дела настанати во разни
европски држави во тоа време.
Она што се мисли како најважна одлика на „ клеричката рачна
вештина’’ тоа е и нов метрички облик кој припадниците на оваа школа го
користат во своите песни. Cuaderna via, како што се викала таа нова
метричка форма, претставува строфа од 4 стиха, стиховите се со утврдена
должина- 14 слогови, а се делат на два полустиха. Во односот на
5

ги поедноставие мислењата на многубројните истажувачи за авторот на
песната за сид изречена во последните неколку децении, можеме да
кажеме дека се поделени на две групи. Во првата група би се наоѓале
мислењата на оние наулници кои сметаат дека песната за сид е дело на
еден поет, највероватно образуван кој го напишал спевот, но го наменил за
усмена употреба и го доверил на Хулгарите. Во другата група би се ставеле
мислењата на исвесне број историчари на книжевност кои претпоставуваат
дека постоел цел низ на епски песни – разни ваерзии на оваа тема,
пренесени по усмен пат, кој после многу измени конечно биле забележани
или напишани во овој облик во кој е сочуван.
Едно од најинтересните мислења е мислењето на Менендес Пидал.
Прашањето за авторот на Сид го опседнувал големиот шпански научник
скоро целиот негов живот. Првата претпоставка што ја извел, ја повторувал
во разни свои истажувања поврзани со Сид и ја повторувал во повеќе
наврати се состоела во тоа: спевот кој го познаваме го составил некој
хуглар, нам непознат од Мединасеља или неговата околина. Така на
пример, во своето дело поеста Poesta Juglaresca тој вели:
„Сид го напишал некој анонимен хуглар околу 1140 година, по сите
индииции роден во Мединасеља, многу силен град, неодамна освоен на
границите на Маварим. Можда тој хуглар не бил кастиљанец туку
мосарапин, одгледан меѓу муслиманите во оваа област која неодамна ја
освоиле хриситјани.“
Меѓутоа како поминувало времето Менендес Пидал ги
продлабочувал и проширувал своите знаења за разните видови на ова дело
така го менувал и своето мислење за авторот. Во 60 години изведел нова
7
Ovaj materijal je namenjen za učenje i pripremu, ne za predaju.
Slični dokumenti