РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

УНИВЕРЗИТЕТ „Св. Кирил и 

Методиј„ Скопје

ПРАВЕН ФАКУЛТЕТ „Јустинијан 

Први„ Скопје

НАУЧНО ИСТРАЖУВАЧКИ ТРУД

(предмет Меѓународно трудово право)

ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА ВО

АКТИТЕ НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

  Студент, 

Професор,

Слаѓана Јакимовска Насковска

         

Д-р   Тодор 

Каламатиев

бр. на индекс 44244 

     

  

 

Скопје 

Јуни, 2012 год.

Содржина

1. ВОВЕД .....................................................................................................

.......... 3

2. Концепт на еднаквост и еднаков 

третман  ................................................ 3

2.1Формална 

еднаквост  ............................................................................... 4

2.2Материјална 

еднаквост ........................................................................... 4

2.3Директна и индиректна 

дискриминација ............................................ 5

3. Поим на 

дискриминација ............................................................................. 5

4. Заштита од дискриминација врз основа на национална 

припадност .. 6

5. Заштита од дискриминација врз основа на 

пол ........................................ 9

2

background image

особености.   Секој   третман   на   поединецот   со   кој   поради   наведените 

разлики се врши негово исклучување или ограничување и на тој начин 

му се загрозува или оневозможува остварувањето на социјалните права 

или се дава предимство пред другите лица на тој начин исклучувајќи го 

или ограничувајќи го во остварување на социјалните права претставува 

дискриминација,   како   и   повреда   на   достоинството.   Начелото   на 

еднаквост во можностите и постапувањето претставува составен дел на 

правото на работа во поширока смисла. Дискриминацијата на работа и 

во врска со работата се јавува многу често. Начинот  и патот на нејзиното 

спрелување   се   тешки,   бидејќи   зад   неа   стојат   интересните   сфери   на 

капиталот со цел за стекнување на економска добивка.

Начелото   на   еднаквост   и   забрана   на   дискриминација   во   работните 

односи   е   втемелено   на   легална   и   морална   претпоставка   дека   кон 

работниците кои по различни основи се слични треба слично и да се 

постапува. За таа цел неопходно е да се анализираат околностите под 

кои   работниците   се   сметаат   за   слични,   како   и   околноста   што   ќе   се 

подразбира под еднаков третман.

2. Концепт на еднаквост и еднаков третман

Принципот   на   недискриминација,   е   во   самата   основа   на   човековите 

права и тој е резултат, односно природна последица на принципот на 

правото   на   еднаква   заштита   пред   законот.   Всушност,   широко   е 

прифатено   стојалиштето   дека   еднаквоста   и   недискриминацијата 

претставуваат позитивна и негативна формулација на еден ист принцип. 

Со   други   зборови,   еднаквоста   значи   отсуство   на   дискриминација,   а 

почитувањето на принципот на недискриминација меѓу луѓето доведува 

до еднаквост. 

Еднаквоста   и   недискриминацијата   се   смета   дека   се   многу   сложени 

правни   поими   и   дека   нивната   содржина   и   опфат   не   се   најпрецизно 

утврдени во меѓународното право за човековите права, што произлегува 

од   нивната   динамична   природа.   Притоа   се   укажува   на   тоа   дека 

концептот   на   еднаквоста   може   да   се   однесува   само   на   релативно, 

односно на делумно еднаков третман на исти случаи, а не на апсолутен 

или идентично еднаков третман. Ова оттаму што човечките суштества и 

ситуациите во кои тие се наоѓаат не можат да бидат сосема идентични, 

туку   само  релативно   еднакви   или   нееднакви,   во   зависност   од 

критериумите   кои   се   земаат   предвид   за   разграничување   на 

многубројните   нееднаквости.   Освен   тоа   што   е   релативен,   еднаквиот 

третман, е и релационен концепт. Еднаквиот третман на едно лице мора 

да се спореди со третманот на некое друго лице, за да се утврди дали 

4

лицето е третирано на ист или на различен начин. Во меѓународното и 

во   домашното   право   постојат   два   извонредно   широки   концептуални 

приода кон прашањето на еднаквоста и недискриминацијата, а тоа се 

т.н. формална еднаквост и материјална еднаквост, како и директната и 

индиректната   дискриминација,   што   одговараат   на   наведените   два 

концепта на еднаквоста.

2.1. Формална еднаквост

Формалната   еднаквост   или  правната  еднаквост   значи   поседување 

еднакви   права   и   еднаков   третман,   додека   материјалната   еднаквост 

подразбира   дека   резултатот   од   третманот   треба   да   биде   ист.   Значи, 

разликата   меѓу   двете   форми   на   еднаквост   е   во   тоа   што   формалната 

еднаквост   се   однесува   на   природата   на   третманот,   а   материјалната 

еднаквост се занимава со резултатот од одреден третман. Формалната 

еднаквост, исто така, често се изедначува со „еднаквоста пред законот,, 

која, пак, се однесува на еднаквата примена на законите спрема лицата 

на кои тие закони се однесуваат. Тоа значи дека кога се применува, на 

пример одреден закон на одреден начин спрема мажите, тој закон треба 

на   ист   начин   да   се   применува   и   спрема   жените.   „Еднаквоста   пред 

законот,   според   некои   автори,   е   процедурален   принцип   кој   бара   со 

луѓето да постапува на ист начин во смисла на тоа некои лица да не се 

ставаат „над законот,,.  Меѓутоа, „еднаквоста пред законот,,  може да се 

толкува и во смисла на тоа дека на сите лица им припаѓаат истите права. 

Тоа значи дека на сите лица со правото треба да им бидат дадени истите 

права,   бидејќи   на   овој   начин   законодавецот,   всушност,   сите   луѓе   ги 

третира еднакво. Во оваа смисла „еднаквоста пред законот,,  не е само 

технички или процедурален принцип, туку и материјален принцип кој 

обезбедува сите луѓе да имаат исти права. Концептот на формалната 

еднаквост има ограничувања бидејќи и покрај тоа што на луѓето им се 

дадени, односно признаени  истите права, тоа не значи дека тие права 

имаат еднакво влијание за сите, затоа што сите луѓе не се наоѓаат во иста 

ситуација. Со други зборови, се смета дека формалната еднаквост многу 

го   нагласува   приматот   на   поединецот   без   да   ја   земе   предвид 

општествената   и   економската   состојба   на   одредени   групи   во 

општеството.  Принципот   на   формалната   еднаквост,   со   тоа   што   се 

однесува на еднаквиот третман на лицата за кои се смета дека се во 

релативно еднаква положба, не дава одговор на прашањето како треба 

да се третираат лицата кои не се во еднаква положба, односно во колкава 

5

background image

различните општествени групи и преку законите што ги донесува да 

создава можности за остварување материјална еднаквост. Предностите 

на   концептот   на   материјалната   еднаквост   се   особено   значајни   за 

поединците   или   групите   кои   имаат   понеповолна   положба   во 

општеството, бидејќи фактичките нееднаквости се третираат различно 

за да се добие еднаков резултат. На тој начин овие групи се подобро 

заштитени   со   концептот   на   материјалната   еднаквост   отколку   со 

концептот   на   формалната   еднаквост.   Недостатоците   на   овој   концепт, 

пак, се состојат во тоа што тој не дава одговор на прашањето кои се тие 

нееднаквости што треба да се земат предвид и каков треба да биде тој 

различен третман, во квалитативна и квантитативна смисла, за да се 

добие ист резултат.

2.3. Директна и индиректна дискриминација

Директна дискриминација постои тогаш кога лицата што треба да бидат 

третирани   еднакво,   експлицитно   се   третирани   нееднакво,   односно 

различно (на пр. на жените не им се признава избирачкото право затоа 

што се жени). Со директната дискриминација, според тоа, се повредува 

принципот на формалната еднаквост кој бара со еднаквите еднакво да се 

постапува.   Оттука,   со   забраната   на   директната   дискриминација   се 

заштитува формалната еднаквост.

Индиректната   дискриминација   се   јавува   тогаш   кога   некоја   навидум 

неутрална законска норма која се однесува подеднакво на сите лица има 

дискриминаторски   ефект   за   кој   не   постои   објективно   оправдување. 

Индиректната   дискриминација   некои   автори   ја   дефинираат   како 

дискриминација преку еднаков третман и таа се детектира повеќе во 

ефектот   на   правните   норми,   а   не   во   нивниот   текст,   односно 

формулација. Според тоа, индиректната дискриминација е поврзана со 

материјалната еднаквост, бидејќи двете се однесуваат на резултатот од 

третманот.

3. Поим на дискриминација

И покрај тоа што постојат значаен број меѓународни документи кои ја 

забрануваат   дискриминацијата,   само   неколку   од   нив   содржат   и 

дефиниција на овој поим. Тие дефиниции не се сосема идентични, туку 

во одредена мера се разликуваат една од друга. Така, дефиниции на 

дискриминација содржат Меѓународната конвенција за елиминирање 

на сите форми на расна дискриминација, Меѓународната конвенција за 

елиминирање   на   сите   форми   на   дискриминација   на   жената, 

Конвенцијата   на   Меѓународната   организација   на   трудот   за 

7

Želiš da pročitaš svih 26 strana?

Prijavi se i preuzmi ceo dokument.

Ovaj materijal je namenjen za učenje i pripremu, ne za predaju.

Slični dokumenti