Siromastvo i nevrabotenost
СИРОМАШТВО И НЕВРАБОТЕНОСТ
Секој човек уште со самото негово раѓање добива своја судбина. Таа е
единствено негова, но, во одредени ситуации прави нештата да се случуваат
различно од неговата волја. Таа е причина заради која се раѓаме, живееме и
умираме. Целиот наш живот е судбина. Но, не секогаш таа е среќна. Многу често
знае сурово да си поигра и да му нанесе болни удари на човекот. Таква судбина
имаат многу луѓе, но ретко кој од нив застанува исправено и погледнува во
нејзините очи. Денес сиромаштијата се распространува како епидемија и зазема
се поголем замав. Еве како еден човек зафатен од оваа епидемија би ја
дефинирал сиромаштијата:
“
Сиромаштија е секое утро да стануваш од исфлекан и
гнасен душек. Чаршавите некогаш биле користени како пелени. Сиромаштија е да
живееш во смрдеа што никогаш не те напушта. Тоа е миризбата на ѓубре што
гние. Можам да го закопам, но каде е лопатата? Лопатите чинат пари.
Сиромашните се секогаш љубезни. Сиромашните секогаш слушаат. Сиромашните
не кажуваат дека немаат пари за апчиња со железо, или подобра храна, или
лекови за црви. Сиромаштија е да останеш буден цела ноќ во ладните ноќи за да
го гледаш огнот знаејќи дека една искра на весниците што ги заменуваат тапетите
на ѕидовите значи дека твоето заспано дете гине во пламен. Летоска сиромаштија
е да гледаш бубачки и муви како се собираат на солзите од твоетот бебе кога
плаче. Тапетите се откорнати и плаќаш толку малку кирија, што знаеш дека
никогаш нема да бидат обновени. Сиромаштија значи инсекти во твојата храна, во
твојот нос, во твоите очи и да лазат преку тебе додека спиеш. Сиромаштија е
готвење без храна и миење без сапун.
”
Сиромаштијата е последица на невработеноста. Невработеност претставува
социјално-економска појава, при кое дел од активната работна сила во
определена држава или регион бара работа но истата не можа да ја пронајде.
Како невработени според законот се сметаат оние работници кои имаат навршено
шеснаесет години, кои се способни за работа и самите сакаат да работат, но
немаат каде. Постојат повеќе типови на невработеност: моментална, структурна,
циклична, класична и техничка невработеност.
Армија незадоволни и невработени граѓани наспроти мала група
транзициски добитници е социоекономската слика во Македонија. На средина се
неутралните или оние што се вработени во јавните претпријатија, во
администрацијата и пензионерите, кои во некое непретенциозно социјално
позиционирање, сепак, се поблиску до транзициските губитници.
Дали воопшто постои средна класа на граѓани во земјава? Постојат ли оние што,
според сите економски закони, треба да бидат носители и двигатели на развојот
на секоја држава? И што е средна класа во транзициска Македонија?
Теориски, одговорот би требало да биде едноставен. Средната класа ја сочинуваат
луѓето што можат да си го дозволат она што им е потребно или неопходно. А нив
речиси ги нема во земјава.
Лет во место
Откако пропадна комунизмот како облик за бескласно општество,
стварноста на нашите општествени уредувања е лесно да се прозре.
Традиционалната поделба на висок, среден и низок сталеж очигледно е погрешна
претстава за социјалната стратификација, зашто реалноста, во една
најпесимистичка варијанта, упатува на нешто друго - постојат елита, сиромашен
сталеж и невработени. Ако оваа поделба ви се чини претерана, можеме да ја
искористиме и традиционалната, при што во македонскиот случај, средната класа
би морала - да се исклучи! Експертите ги дефинираат припадниците на средната
социјална класа како луѓе што никогаш немаат премногу, но можат да си го

Ovaj materijal je namenjen za učenje i pripremu, ne za predaju.
Slični dokumenti