Природа на емоциите

____________________________________________________________________

ПРИРОДА НА ЕМОЦИИТЕ

1. ПОИМ ЗА ЕМОЦИИ

За да ја сфатиме важноста на емоциите доволно е да замислиме каков би 

бил   животот   кога   луѓето   не   би   имале   емоции.   Сè   додека   еден   човек   не   ги 

разбере своите чувства тој нема да може да се разбере самиот себе, како што 

нема да може да разбере ни друг човек. Емоциите се неодвоиви од индивидуата 

која ги доживува, во иста мера во која индивидуата е неодвоива од животните 

ситуации во кои доживува одредена емоција. Емоцијата е секогаш „реакција“ 

на   индивидуата   на   некаков   настан.   Во   тој   процес   индивидуата   реагира   на 

одреден настан или ситуација и при тоа не само што воспоставува непосреден 

однос   спрема   тој   настан,   туку,   истовремено   и   воспоставува   однос   спрема 

својата   реакција   на   тој   настан.   Во   емоционалната   реакција   се   слева   и 

перцепцијата за одреден настан со сопствената реакција на тој настан. Поради 

тоа   тој   настан   не   само   што   се   забележува,   туку   и   се   чувствува.   Во   секоја 

ситуација, индивидуата тежнее да воспостави склад помеѓу надворешниот и 

својот внатрешен свет. Емоциите се јавуваат во ситуација во која индивидуата 

проценува дека настанале значајни промени во односот помеѓу неа и светот. 

Емоцијата е резултат на овие промени, но истовремено е и тежнеење да се 

воспостави   нов   склад   помеѓу   индивидуата   и   светот.   Според   ова   една   од 

главните функции на емоциите е адаптивна.

Зборот емоција е од латинско потекло, од зборот motio (onis) што значи 

движење, кој со додадениот префикс означува движење напред.  Емоциите се 

психички процеси низ кои се изразува човековиот однос кон околината и кон 

самиот   себе,   а   кои   се   истовремено   и   насочувачи   на   активностите   на 

индивидуата.

1

  Емоциите претставуваат едни од најосновните доживувања на 

сопствената личноста и имаат централна улога во животот. Постојат голем број 

дефиниции за емоциите, од кои може да се издвојат следниве:

2

1

  Ivić,   I.,   Milinković,   M.,   Rosandić,   R.,   Smiljanić,   V.,  

Razvoj   i   merenje   inteligencije

,   Zavod   za 

udžbenike i nastavna sredstva, Beograd, 1978, str. 37

2

 file:///C:/Documents%20and%20Settings/USER/Desktop/emotion%20strana.htm

_________________________________________________________________

 

Ангелина Танева-Вешоска

Природа на емоциите

____________________________________________________________________

1. Емоција   е   ментална   состојба   која   се   појавува   спонтано,   без 

додатен двесен напор и е често пратена со физиолошки промени;

2. Емоција   е   ментална   состојба   која   има   силна   компонента   на 

чувства;

3. Емоција е комплексна реакција која ги вклучува и телото и умот. 

Овие реакции вклучуваат субјективна ментална состојба, импулс 

да се реагира и промени кои настануваат во телото;

Нашата   определба   го   прифаќа   следново   дефинирање   на   емоциите   и 

нивниот процес: Емоција е процес на автоматска процена која се случува под 

влијание   на   еволуциското   и   лично   минато,   во   кој   чувствуваме   дека   нешто 

важно   за   нас   се   случува   и   збир   на   физиолошки   промени   и   емоционални 

однесувања настануваат да се справат со ситуацијата. Емоциите се реакции на 

субјектот   на   некој   стимулус   кој   го   оценил   како   важен,   а   која   висцерално, 

моторно,   мотивационо   и   ментално   го   припрема   субјектот   за   адаптивна 

активност.   За   да   реагира   на   некој   стимулус   субјектот   истиот   мора   да   го 

забележи, го протолкува неговото значење и ја одреди неговата важност. Со 

други зборови можеме да кажеме дека осознавањето на светот (ситуацијата или 

стимулусот) е процес кој содржи три битни елементи:

3

-

регистрирање на надворешните промени (перцепција);

-

одредување на значењето на перцепираната надворешна промена 

(аперцепција); и

-

одредување на вредноста на тоа значење (валоризација).

Системот на правила, кодови и вредности со кои се служи субјектот за 

да ги дешифрира стимулусите од надворешниот свет го нарекуваме референтна 

рамка.   Во   таа   смисла   може   да   зборуваме   за   референтната   рамка   како 

внатрешна мапа со која се служи субјектот за да се ориентира како спрема себе, 

така и во  надворешниот  свет  и  животот  воопшто.  Оттука  произлегува дека 

луѓето не реагираат на стимулусите како такви, туку на значењето кое тие им 

го   припишуваат   на   стимулусите.   Затоа,   емоции   се   јавуваат   само   во   оние 

3

 

Milivojević, Z., 

Emocije, psihoterapija i razumevanje emocija

, Psihopolis Institut, Novi Sad, 2008, 

str. 47

_________________________________________________________________

 

Ангелина Танева-Вешоска

background image

Природа на емоциите

____________________________________________________________________

За анализа на емоционалните реакции потребно е да се одредат некои 

параметри во однос на кои може да се врши нивното споредување. Основни 

параметри кои ние ги прифаќаме се:

4

-

основниот контекст на чувствата;

-

пријатност на чувствата (хедонистички тон);

-

интензитетот на емоционалните реакции;

-

траење на емоционалните реакции;

-

нивото на тензија

-

временски оквир; и

-

цел на емоционалните реакции.

Дали   некоја   емоција   ќе   се   појави   и   на   неа   ќе   се   реагира   зависи   од 

процената   дали   она   што   се   случува   е   важна   за   индивидуата.   Токму 

субјективниот контекст што индивидуата го проценува е она што го активира 

процесот   на   емоционалната   реакција.   Оние   ситуации   во   кои   субјектот   ќе 

процени   дека   се   значајни   по   тоа   што   загрозуваат   некоја   негова   вредност 

придонесуваат за појава на непријатни чувства, за разлика од други ситуации 

кога   се   афирмира   некоја   субјективна   вредност   и   се   појавуваат   пријатни 

чувства. Во процената на интензитетот на емоционалните реакции се служиме 

со оцените слабо, средно силни, силни или многу силни емоции. Овие оцени се 

произволни, но се корисни за класификација на емоциите според интензитетот. 

На   пример,   бесот   може   да   варира   од   слаба   вознемиреност   до   силен   гнев, 

радоста може да варира од благо задоволство до полна екстаза. Колку што е 

поголем   интензитетот,   поголема   е   и   тенденцијата   да   биде   опфатено   целото 

човеково   „јас“,   т.е.   да   биде   ставено   во   „канџите“   на   емоцијата.  Особено 

силните   емоции   се   нарекуваат   афекти,   кои   најчесто   траат   кратко.   Но,   кога 

афектот   трае   долго   и   неговиот   интензитет   не   се   намалува   тогаш   може   да 

зборуваме за продолжен афект или афективна состојба. Основното правило кое 

важи за интензитот на емоционалните реакции е дека колку некоја стимулусна 

4

 

Milivojević, Z., 

Emocije, psihoterapija i razumevanje emocija

, Psihopolis Institut, Novi Sad, 2008, 

str. 54

_________________________________________________________________

 

Ангелина Танева-Вешоска

Природа на емоциите

____________________________________________________________________

ситуација   се   доживува   како   позначајна,   дотолку   расте   и   интензитетот   на 

емоционалните   реакции.  Во   однос   на   интензитетот   на   чувствата, 

емоционалните   доживувања   се   движат   од   едвам   забележливи   нијанси   на 

моментално   расположение   до   најсилни   страсти.   На   пример,   бесот   може   да 

варира од слаба вознемиреност до силен гнев, радоста може да варира од благо 

задоволство до полна екстаза. Колку што е поголем интензитетот, поголема е и 

тенденцијата да биде опфатено целото човеково „јас“, т.е. да биде ставено во 

„канџите“ на емоцијата.Друга димензија според која може да ги разликуваме 

емоциите   е   нивното   траење.   Најчесто   се   користат   три   категории:   кратко, 

средно и долго траење на емоции. Краткотрајното чувствување можеме да го 

мериме   во   секунди   или   минути,   средното   траење   во   десетина   минути   или 

саати,   а   долготрајното   во   денови,   недели,   па   и   подолго.   Вообичаено   за 

краткотрајните   емоции   се   користат   чувства   и   емоции,   а   за   долготрајните 

расположенија и сентименти.  Емоционалните доживувања се разликуваат во 

однос на нивото на тензија, односно импулсот кој ја тера индивидуата кон 

активност. Во зависност од емоцијата која се доживува, индивидуата може да 

чувствува потреба да реагира, да се повлече, побегне и слично. „Активните“ и 

„пасивните“ емоции се подеднакво важни за личноста, подеднакво го опфаќаат 

човековото   „јас“.   Разликата   меѓу   нив   лежи   во   степенот   на   асоцираност   на 

радразнувањето и јачината на импулсот кој турка кон активност. Интензитетот 

на   емоциите   и   нивото   на   тензија   често   се   во   корелација,   односно   вискоит 

степен на тензија многу често значи и поинтензивно чувствување. Сепак, може 

да се случи да постои силен интензитет кај емоциите со мала тензија, како на 

пример во длабока депресија. Во зависност од тоа дали емоцијата се јавува во 

врска   со   сегашна,   тековна   ситуација,   со   некоја   мината   ситуација   или   со 

претпоставена, идна ситуација, можеме да разликуваме три временски оквира 

на некоја емоција. На пример, страв може да се појави поради некоја актуелна 

ситуација   во   која   се   наоѓа   индивидуата.   Но,   исто   така,   може   да   се   појави 

вознемиреност   како   реакција   на   индивидуата   на   некоја   замислена,   идна 

ситуација, која се уште не настанала. Бидејќи индивидуата е во исчекување или 

антиципација на некоја загрозувачка ситуација ова доживување се нарекува 

антиципаторен страв. Исто така, може да се појави страв кога индивидуата ќе 
_________________________________________________________________

 

Ангелина Танева-Вешоска

background image

Природа на емоциите

____________________________________________________________________

туку   може   да   зборуваме   дека   критериумите   се   субјективни,   лични   и 

карактеристични за секоја индивидуа посебно.

Слика 1. Модел на кружна емоционална реакција

Извор: Milivojević, Z., Emocije, psihoterapija i razumevanje emocija, Psihopolis Institut, Novi Sad, 
2008, str. 43

За   да   може   некоја   индивидуа   да   реагира   на   некоја   промена   во 

надворешниот свет, таа прво мора да ја регистрира со своите сетила, било со 

свесно   забележување   (перцепција)   или   несвесно   регистрирање 

(субперцепција). Го користиме терминот стимулусна ситуација, а не стимулус, 

нидејќи кога се перцепира не се забележува само една работа, туку ментално се 

репрезентатира  целокупната реалност,  вклучувајќи  го  и  стимулусот.  Според 

принципите   на   гешталт   психологијата   може   да   се   каже   дека   секогаш   се 

перцепира   целината   (јас,   другите,   светот),   која   се   состои   од   фигура 

(стимулусот)   и   позадина   (останатите   стимулуси).   Сама   по   себе,   менталната 

репрезентација   на   некоја   стимулусна   ситуација   ништо   не   значи,   бидејќи   е 

_________________________________________________________________

 

Ангелина Танева-Вешоска

2

3

Стимулусна 

ситуација

Перцепција 

(ментална 

претстава)

1

      8

Аперцепција 

(припишување 

значење)

4

      5

Валоризација

Емоционална 

телесна реакција

Акциона 

тенденција

Мислење 

(ментална 

операција)

Акција

      6

      7

Želiš da pročitaš svih 36 strana?

Prijavi se i preuzmi ceo dokument.

Ovaj materijal je namenjen za učenje i pripremu, ne za predaju.

Slični dokumenti