на тема:

Конфликти и фрустрации

      

www.BesplatniSeminarskiRadovi.com

1

  Содржина:

Конфликти и фрустрации ________________________________________ 3

Поделба на конфликтите _________________________________________5

Значење на конфликтите _________________________________________ 6

Фази на развој на конфликтите во организацијата _____________________7

Реакции на конфликтите и фрустрациите ____________________________8

Чекори на разрешување на конфликтите _____________________________12

Извори на конфликти ____________________________________________ 13

Методи на разрешување на конфликти во организацијата _______________16

Користена литература ____________________________________________19

2

background image

Конфликти

Конфликтите   се   значајна   социјална   појава,   се   јавуваат   во   тек   на   човековата 

интеракција, во која секој учесник креира различни индивидуални или групни интереси. 
Ограничените ресурси во остварувањето на личните или групните интереси, најчесто се 
преудслов   поради   кој   настануваат   конфликтите.   Тие   се   нормален   и   неизбежен   дел   од 
секојдневниот   живот,   се   јавуваат   во   семејството,   помеѓу   пријателите,   соседите, 
соработниците, менаџерите, помеѓу групи различни по својата големина и структура, меѓу 
различни етноси, цели народи итн.

Негативниот став кон конфликтите е резултат на пораките што човекот ги прима во 

текот на животот од најразлични авторитети (родители, наставници), од другарите, од 
јавните медиуми и литературата, но и резултат на сопствените искуства. Негативниот став 
и разбирање за конфликтите се предрасуда која додатно оневозможува нивно успешно 
разрешување.

Најважните заеднички обележја на социјалните конфликти произлегуваат од самата 

човекова природа:

1. Конфликтите   се   нужна   последица   на   заедничкото   живеење   на   различни   луѓе   и 

групи (со различни интереси, потреби, ставови и очекувања). Конфликтите се извор 
на промени и развој, но и извор на уништување и разорување.

2. Однесувањето   на   конфликтите   е   детерминирано   и   од   билошкиот   аспект   на 

човековата   природа.   Затоа   секој   напад   на   личниот   интегритет   предизвикува 
одбранбена реакција, најчесто во облик на противнапад.

3. Погледот  кон  светот,  кон  конфликтната ситуација,  перцепцијата  за  спротивната 

страна, однесувањето во тек на конфликтот, е под влијание на културата т.е. од 
интерпретацијата на светот понудена од различни сегменти на културното милие 
на   кое   поединецот   припаѓа.   Анализата   на   конфликтот   вклучува   анализа   на 
културолошки знаечења и сигнали  и личните доживувања на индивидуата.

ПОДЕЛБА НА КОНФЛИКТИТЕ

Според критериумот на вредност, конфликтите можат да се поделат на  

позитивни  

и 

негативни.

4

Позитивни   (конструктивни)   конфликти   се   оние   кои   се   јавуваат   помеѓу 
вработените и воопшто меѓу поединците надвор од институционални рамки со 
цел изнаоѓање на што подобро решение за актуелниот проблем.

Негативен (деструктивен) конфликт се подразбира конфликт кој тежнее да ги 
наруши   естаблираните   вредности   и   работната   атмосфера   во   организацијата, 
компанија или институцијата.

Според условеноста, конфликтите може да се поделат на конфликти кои се неизбежни 

и   кои   можат   да   се   избегнат.   Неизбежни   конфликти   се   оние   до   кои   се   доаѓа   поради 
различни перспективи, различни искуства и гледање на вредностите. Но, постојат и такви 
кои е полесно да се избегнат.

Според изворот каде може да се случуваат можеме да ги поделиме на:

Интерперсонални   -   овие   конфликти   се   случуваат   меѓу   поединци   (сопруга   - 
сопруг, родител - дете, колега - колешка);

Интраперсонални - тие се конфликтите што се јавуваат во самата личност како 
спротиставени интереси (дали да се оди на семинар за време на викендот или да 
се остани со семејството);

Интер-групни - тие се јавуваат како резултат на спротиставени интереси меѓу 
групи со различна големина и природа;

Интра-групни - станува збор за конфликти кои се јавуваат меѓу припадниците 
на една група.

Според американскиот психолог, гешталтист, Курт Левин (1935 г.), постојат неколку 

видови конфликти.

Конфликт   на   двојно   привлекување.  

Субјектот   се   наоѓа   помеѓу   два   позитивни 

мотиви. Субјектот би го сакал и едниот и другиот, но треба да се определи. Ова не е тешка 
конфликтна ситуација, освен што, определувајќи се за еден мотив, оној другиот добива во 
вредноста. На пример, студентот кој треба да се определи помеѓу студиите на писхологија 
и педагогија.

Конфликт на двојно одбивање. 

Субјектот се наоѓа помеѓу два негативни мотиви. Да 

може и двата би ги одбегнал, но мора да се определи за еден. Ќе се определи со тешка 
мака   за   оној   кој   моментално   е   помалку   лош   за   него,   живеејќи   во   страв   додека   не   го 
пристигне она другото зло или надевајќи се чудо да го спаси од друго лошо. Ученик се 
плаши да бега од часот, а се плаши и да остане на часот, бидејќи слушнал дека професорот 
испитува. Двете последици, бегање или слаба оценка се лоши, но мора да одбере една.

5

background image

Želiš da pročitaš svih 19 strana?

Prijavi se i preuzmi ceo dokument.

Ovaj materijal je namenjen za učenje i pripremu, ne za predaju.

Slični dokumenti