Osnove robotike: geometrija, dinamika, senzori i upravljanje
Роботика
СОДРЖИНА
ГЕОМЕТРИЈА И НА МЕХАНИЗМОТ НА РОБОТОТ........................................................4
Роботика
ВОВЕД
На почетокот ќе се запознаеме со поимот робот и идејата за неговото
создавање, а потоа поделбата и видовите на роботи како и развојот на
роботиката. Ќе изнесеме некои основни податоци за градбата на роботите,
односно за геометријата. Кинематичките парови и кинематичките ланци и
нивната поделба, а сето тоа ќе го поткрепиме со слики и објаснувања. Ќе ја
разгледаме и динамиката на роботите која како гранка од роботиката последна
се развила но има многу големо практично значење. Развојот во полето на
динамиката од рачното составување на динамичкиот модел на роботот па се
до денешното компјутерско составување кое е многу попрецизно и полесно за
разлика од минатото.
Ќе ги наброиме и некои од составните, приклучните компоненти кои го
градат роботскиот систем, а тоа се сензорите. Различните видови на сензори
кои имаат различна намена и кои ги даваат параметрите по кои се раководи и
функционира самиот робот. За да биде функционален роботскиот систем тој
треба да биде управуван и да ги извршува задачите за кои што е направен.
Управувањето е поделено хиерархиски на неколку нивоа каде што секое ниво
си има свои оперативни задачи сите заедно ја градат компактибилноста на
целиот ситем. Секако дека создавањето на роботите со себе си носи и причина
поради која се создадени, односно цели на кои ќе работат роботите. Па така
тие денес имаат голема примена во секојдневниот живот. Се применуваат во
иднустријата, но и надвор од неа, а со развојот на технологијата во иднина и ќе
го заменат човекот во неговата работа.
Страна 2

Ovaj materijal je namenjen za učenje i pripremu, ne za predaju.
Slični dokumenti