Kirilo-Metodieviot (stаroslovenski) period i Kirilo0Metodievskаtа trаdicijа vo Mаkedonijа
1
Содржина
1. Вовед.........................................................................................................2
2. Животот и делото на Кирил и Методиј..................................................3
3. Мисионерска дејност...............................................................................7
4. Книжевност.............................................................................................11
5. Завршен дел........................................................................................12
6. Користена литература...........................................................................13
2
Вовед
Светите браќа Кирил и Методиј, живееле во 9 век, биле сестрани личности со
силен дух и благороден карактер. Од своите родители го добиле патоказот кој низ
целиот нивен живот ќе го следат, а тоа е секако чесноста, истрајноста и секако
христијанската вера. Родителите им овозможиле солидно образование, кое ќе им го
диктира текаот на нивниот понатамошен живот.
Заслужни се за описменувањето на голема маса на луѓе, своите политички
привилегии и статус во Византиската империја никогаш ги немаат злоупотребено,
напротив тоа им било мотив за уште повеќе да бидат активни во свотите мисии. Овие
двајца браќа создаваат писмо според јазикот кој го говорат нивните сонародници и
други блиски народи - тоа е Глаголицата. Со создавање на Глаголицата, заслужено го
добиваат епитетот „Словенски апостоли“. Нивното дело оставило толку длабока трага
што тие се прогласени за светители.

4
ги христијанизираат Сарацените, Хазарите, Моравските Словени, Бугарите, Русите и
другите народи на исток и север од Византија и да им ја наметнат византиската
црковна власт. Кога хазарскиот цар Каган побара од царот Михаил проповедници на
верата во Исус Христос, тогаш на заповед на царот беа пронајдени овие двајца браќа и
беа испратени меѓу Хазарите. Откако го уверија Каган во верата Христова, тие го
крстија овој цар и голем број негови доглавници и уште помногуброен народ. По
извесно време се вратија во Цариград, каде што ја составија словенската азбука од
триесет и осум букви и почнаа да ги преведуваат црковните книги од грчки на
словенски. На повик од царот Ростислав отидоа во Моравија и таму ја распространија
и ја утврдија православната вера, па ги умножија книгите и им ги дадоа на
свештениците за да ја подучуваат младината. А подоцна на повик од папата заминаа
за Рим, каде што Кирил се разболе и умре, на 14 февруари 869 година. Тогаш Методиј
се врати во Моравија и до смртта се потруди на утврдувањето на Христовата вера
меѓу Словените. По неговата смрт - а тој се упокои во Господа на 6 април 885 година -
неговите ученици Петочисленици, на чело со Свети Климент Охридски како епископ,
го преминаа Дунав и се спуштија на југ во Македонија, каде што од Охридпродолжија
да работат меѓу Словените на истото дело што го започнаа Методиј и Кирил на север.
Што се однесува до Методиј, постојат мошне оскудни извори, според кои тој се
здобил со световно образование и се посветил на државната и воена служба. Бил
надарен со христијански добродетелен живот и државнички и воени способности.
Подолго време управувал со брегалничката област и придонесол христијанството
длабоко да се всади во македонската душа во тој дел на Македонија. За овој успех бил
особено заслужен и неговиот брат Константин.
Мисионерската дејност на светите браќа меѓу Македонците, посебно
возобновувањето и применувањето на македонската азбука е забележано во житието
на Свети Наум. Ова му претходело на преведувањето на светите книги на јазикот на
Македонците од солунско и на мисионерското дело меѓу западните Словени
во Моравија.
Извесно време пред својата мисионерска дејност, светите браќа се повлекле во
манастирот Полихрон на планината Олимп, каде всушност конечно се подготвиле за
своето епохално мисионерско дело. Манастирското осамување го прекинале двапати
кога биле испраќани од византиската власт од цариградскиот патријарх во мисии
меѓу Сарацените и Хазарите. Овие мисии ги извршиле со голем успех. Во Краткото
Ovaj materijal je namenjen za učenje i pripremu, ne za predaju.
Slični dokumenti