Idei za profitabilen biznis
Семинарска работа по предметот
Менаџмент
На тема
„Идеи за профитабилен бизнис“
Содржина
Вовед_________________________________________________________3
1. Што е бизнис?__________________________________________________4
2. Како да бидеш успешен претприемач? ____________________________6
3. Видови на организациски структури ______________________________9
4. Причини за започнување на бизнис______________________________13
5. Профитабилни бизниси во светот
5.1. Од лоша навика до милијарди на сметка ______________________15
5.2.Како едно глувче стана позната светска империја? _____________17
5.3.Чоколадни планински врвови со препознатлив вкус ___________19
Заклучок______________________________________________________21
Користена литература __________________________________________22

1.Што е бизнис?
При крајот на 1980-тите години и почетокот на 1990-тите години овој збор
стана многу популарен. Така да и децата во градинките и во училиштата знаеја за
бизнис и го користеа на некој начин во своите игри. Тогаш и практично почнаа да
се развиваат одредени видови на бизниси кои беа сосема поразлични од онаа
што тогаш беше вообичаен пракса за ООЗТ или ОЗТ.
Интересно е дека многу луѓе се наоѓаат во некаков бизнис а не се ни свесни
дека имаат бизнис кој можат да го развиват за да изградат бизнис империја. Некои
успеват да станат свесни, па своето таканаречено „хоби“ го трансформираат во
вистински бизнис.
Бизнис како термин може да се користи на различни начини.
Израз дека имаат работа – Имаме некој бизнис!
Израз дека поседуваат компанија – Имам сопствен бизнис!
Именка – Мал бизнис
Некои од дефинициите за бизнис се:
Wikipedia:
Бизнис е легална организација усмерена кон остварување на материјални добра
или услуги наменети за потрошувачот. Бизнисот доминира во капиталистичкото
општество,највеќе како приватна сопственост на поедино лице или некоја друга
форма на здружување,која има за цел остварување на профит,кој би го зголемил
богатството на сопственикот и би го зголемил обемот на самиот бизнис.
Сопствениците и операторите за да успеат во некој бизнис мора да бидат
претпазливи со капиталот што го располагаат,состојбата на пазарот,како и да
преземат ризик доколку тоа е неопходно.
https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%9F%D1%80%D0%B5%D1%82%D0%BF%D1%80%D0%B8%D1%98%D0%B0%
D1%82%D0%B8%D0%B5
Oxford Dictionary
:
Бизнис претставува активност на правење, купување, продавање и снабдување
на одредени работи за пари; комерција, трговија.
Бизнис речник (Business Dictionary):
Бизнис претставува економски систем во кој производите и услугите се
разменуваат за друг производ или услуга или пак за пари врз основа на нивната
вредност. Секој бизнис бара одредена форма на инвестирање и доволен број на
потрошувачи за кој неговиот аутпут ќе биде продаден за профит на конзистентна
основа.
http://www.businessdictionary.com/definition/business.html

сите и на секого му дава шанса да ги покаже своите најдобри карактеристики. Без
оглед на тоа колку е успешен и какви познавања има, претприемачот мора
секогаш да ги надградува своите карактеристики и вештини за да може да го
задржи и надградува својот успех.
2. Успешен претприемач верува во себеси!
Искусен претприемач верува во своите сопствени идеи и инстикти и знае колку е
важна самодовербата за неговиот успех. Претприемач кој што е на почетокот на
својата кариера мора да биде многу упорен, посветен и вреден. Колку подлабоко
се зачекорува во претприемничките води, толку повеќе овие особини треба да се
истакнуваат и продлабочуваат. Желбата и страста се почетните чекори после што
доаѓаат довербата во себеси и етичкото однесување.
3. Успешен претприемач – планира!
Успешен претприемач секогаш има сопствен план. Безпланското и
експериментално работење ден за ден не е карактеристика на успешните
претприемачи. Ова секако не значи дека претприемачот не треба да отстапува од
планот, туку напротив треба да биде флексибилен и да го прилагодува планот на
потребите. Најчесто искусните претприемачи имаат основен бизнис план во кој
секогаш се вклучени основните елементи маркетинг стратегија, цели, намери,
идеи и зошто токму таа бизнис идеја е подобра од конкуренцијата. Ваквиот
основен бизнис план, понатаму е потребно редовно да биде ревидиран и
надградуван со нови идеи.
4. Успешниот претприемач е креативен!
Успешниот претприемач не се плаши да размислува креативно, да размислува за
нови идеи, но истовремено и да пронаоѓа поинаков креативен пристап за веќе
искористени идеи со тоа што ги проширува, подобрува и доразвива и размислува
надвор од границите користејќи ја својата фантазија. Искусен претприемач не губи
време на идеи за кои ќе увиди дека не се успешни – продолжува понатаму со нови
идеи.
Ovaj materijal je namenjen za učenje i pripremu, ne za predaju.
Slični dokumenti