Narodna književnost
Универзитет “Гоце Делчев”-Штип
Проектна задача по предметот Народна книжевност
Тема:
Народни лирски песни за деца
Ментор: Изработил:
Проф. д-р
Јованка Денкова Наташа Ѓорѓиевска
Број на индекс -161634
Штип, мај 2017
Содржина
Вовед …………………………………………………………2
Залагалки................................................................................3-4
Брзозборки.................................................................................5
Бројаници...............................................................................6-7
Приспивни.............................................................................8-9
Закачки....................................................................................10
Користена литература ...........................................................11
Заклучок..................................................................................12

Залагалки
Залагалките се детски умотворби , кои се создадени од страна на возрасните, а се
наменети за децата од најмала возраст. Додека се изведуваат овие умотворби се
изведуваат со движење на рацете , а воедно и со мимики кои со тоа движење треба да му
го привлечат вниманието на детето. Доколку на крајот од залагалаката се испушти извик
како “у-у-у-у” или пак “а-а-а” кај детето се добива поголемо внимание и предизвикува
смеа. Постоја подолги и пократки залагалки.
1. Чукалде деца јаболка, со шарени стапчиња, со стребрни р'чиња,излезе божа
с решето,та је пукнало мешето.
Возрасниот преку овој поетски состав на детето сака да му укаже да се слади од овошките,
но да внимава да не претера , како што претерала Божа и ѝ пукнало мешето, прикажано
метафорички , дека многу се прејала и ја болело мешето.
2. "Дедо седи на грутка и си плете јакутка.
-Зошто ти е јакутка?
-Ке си берам желади.
-Зошто ти се желади?
-Ке си ранам прасенце.
-Зошто ти е прасенце?
-Ке ми даде масленце.
-Зочто ти е масленце?
-Ке си мачкам столови.
Зошто ти се столови?
-Ке ми дојдат сватови.
-Зошто ти се сватов
-Ке ми дојсат невеста.
-Зошто ти е невеста?
-Ке ми роди внученце
-А зошто ти е внученце
-Ке ме вика деденце." 3
Ovaj materijal je namenjen za učenje i pripremu, ne za predaju.
Slični dokumenti