Koka kola kako logistički proizvod
1
Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип
Факултет за туризам и бизнис логистика
СЕМИНАРСКА РАБОТА
Тема:
Кока кола како логистички производ
Ментор:
Изработил:
Доцент д-р. Драшко Атанасовски
ноември,2013 год
2
Содржина
Вовед .............................................................................................1
1. Примарна логистика ..............................................2
1.2. Состојки на кока-кола .....................................2
1.3. Производни техники и франшизи ..................6
2. Секундарна логистика ...........................................6
2.1. Создавање на амбалажа ................................7
3. Терцијална логистика ...........................................8
3.1. Транспорт на производите .............................9
4. Микрологистика .....................................................10
5. Макрологистика .....................................................10
6. Глобална логистика ..............................................11
Заклучок .................................................................12
Користена литература ...........................................13

1
Вовед
Логистиката не претставува нова активност, туку напротив, нејзиното
датирање се согледува уште од седумнаесеттиот век во доменот на војската,
нивното обезбедување на средства, прехрана и сместување. Но, таа се
менувала низ текот на годините, за да ден денес биде нераздвоен дел од секое
едно претпријатие.
Поконкретно, во овој труд ќе ја разработувам темата за кока-кола како
логистички производ. Значи, кока колата е еден од најпознатите газирани
безалкохолни пијалоци којшто се продава ширум светот. Според податоците
коишто ги прикажува оваа компанија, нејзините производи се продаваат во
повеќе од 200 земји.
Почетоците на оваа компанија датираат уште од 19 век и
првичната намена била да биде лек, но со помош на нејзино откупување од
друг сопственик и со помош на одредени маркетинг тактики, оваа компанија го
освоила светскиот пазар. Во понатамошниот овој труд ќе разгледаме како
всушност се доаѓа до финалниот производ кока-кола, кои се` процеси се
поминуваат за да се достигне квалитетот и на крај ќе видиме како таа се
дистрибуира низ продавниците во повеќето земји.
Целта на ваквото истражување е да читателот успеа да согледа
како се одвиваат логистичките процеси во практиката, односно кои активности
спаѓаат во примарната логистика, кои во секундарната, терцијалната,
глобалната логистика, микро и макро локацијата.
1
2
1. Примарна логистика
Сфаќајки дека логистиката го следи производот од самите набавки на
материјали за негова изработка па се` до финалната продажба, активностите
се поделуваат во неколку фази. Во оваа точка ќе биде објаснета примарната
логистика како и тоа кои фази таа ги опфаќа. Оваа логистика е навистина
важна затоа што тука се создава темелот за производството, тука се
набавуваат основните инпути коишто во комбинација со другите понатамошни
логистики ќе успеат да создадат финален аутпут. Дефинирањето на
логистиката можеме да го сретнеме на различни начини, но нејзината смисла
останува иста. Па, според професорот Драшко Атанасоски, примарната
логистика се дефинира како: наука и како активност претставува
координиран,конзистентен и контролиран собир на логистички активности и
науки чија задача е постигнување на ефикаснот кај оние активности кај кои
предметот на работа се наоѓа на земја или под земја т.е.
земјоделството,шумарството,ловот,риболовот и рударството.
Она што нам не` интересира во овој труд е примарната логистика на
кока колата, па така, во продолжение ќе биде опишан патот по којшто патуваат
состојките за да создадат финален производ од Кока-кола.
1.2. Состојки на кока-кола
Како примарна активност којашто се презема за да се започне
производството е преземање на чиста вода којашто понатаму е подложна на
филтрирање, омекнување и дезинфекција за да се останат сите нечистотии.
Ова се прави во специјални погони коишто се дел од компанијата за
производство на овој пијалок, каде што има многу вработени коишто постојано
се посветени на надгледување на ваквите активности. Понатаму, имаме
додавање на шеќер заедно со соодветен концентрат за да се произведе сируп
Извор: Д-р Драшко Атанасоски, Универзитет „Гоце Делчев“, Штип
Ovaj materijal je namenjen za učenje i pripremu, ne za predaju.
Slični dokumenti