Osnove rukometa: tehnika, taktika i pravila igre
Р А К О М Е Т
Како и во другите спортови, и во ракометот,
по совладувањето на техниката за изведување на
елементите, се преминува на игра. Треба да се
знаат правилата на играта и да се почитуваат.
Межутоа, добро е за време на подготовките и при
воведувањето во работата односно за време на
загревањето со топката да се испробува и да се
усовршува техниката на елементите од ракометото:
техниката на трчање, скокањата, фрлањата,
примањето на топката, водењето, финтирањето и
одбивањето на топката.
Повторете ги скоковите со шут на гол. Тие се атрактивни и нивната предност во
играта е голема. Се скока и се шутира над одбраната, која обично е пред шестерецот.
Скокот и шутот на пикерот се поинакви. Кога ќе дојдете до топката, навлегувате
длабоко во воздушниот простор на голманот и од таква позиција шутирате на гол.
Во ракометот секој има скова екипа во која учествуваат играчите: голман, крила,
бекови и центар во напад(пикер). Сите овие играчи, покрај колективната тактика,
реализираат и индивидуална тактика при одбраната и нападот.
Основната тактика е колективната, која е синтеза на индивидуалната. Прво
треба да се реализира колективната тактика, да се наметне со упорност, со психичка
истрајност и дисциплина.
Колективната тактива во одбраната
се карактеризира со добро покривање на
просторот меѓу голот и топката која е во рацете на противникот. Се настојува да не му
се дозволи на противникот да ја отвори зоната – одбраната. Се следат движењето на
топката и секое движење на противникот и врз тие основи се изведуваат движења и
индивидуални поставувања за да се оневозможи нападот. Поставувањето на играчите
во одбраната зависи од поставеност на екипата во нападот.
Индивидуалната тактика во одбраната
произлегува од колективната одбрана.
Во основа, индивидуална должност на секој играч во одбраната е да го следи играчот
што го изведува нападот во делот на својот просто ако не добие некоја посебна
тактичка задача. Оттука и називите за: бек во одбраната, преден центар во одбраната,
заден центар во одбраната, како и улогата на крило во одбраната.
Колективната тактика во нападот
е организирана, колективна и насочена
активност со цел да се надмудри противникот и да се постигне погодок. Се смета дека
наједноставна и најефикасна колективна тактика е контранападот, кој е зависен од
начинот на нападот на противничката екипа и од нејзината способност за
престројување од напад во одбрана. Играта во напад колективно е насочена да се
подели одбраната, односно да се создаде поволен простор за изведување шут кој ќе
донесе погодок. Притоа познати се активностите за забивање клин што треба да
отвори простор на шутирање. Исто така колективно се игра и се чека погоден момент
да се ангажира пикерот.
Индивидуалната игра во напад
се состои од разни постапки за кои одлучува
играчот. Се игра со топка и без неа.
Индивидуално, без топка, може да се наведе противникот да се движи во
насока во која ја слабее одбраната. Индивидуалната игра во напад има голем број
тактички варијанти што треба, пред се, да ги изведе играч со висок степен на знаење
на техниката и со сигурност да постигне успех.
Играта ракомет се одвива меѓу две екипи од по 7 играчи, голман и 6 играчи од
кои два бека, два центра и две крила во одбраната, а во нападот еден од играчите е во
улога на пикер.
Голманот
го брани голот, но по потреба може да го смени дресот и да игра.
Голманскиот простор е определен за голманот, и секаков допир на играч со голманот
во тој простор е недозволен.
Дозволено е топката да се фаќа, да се запира, да се турка или да се удира со
помош на рацете, рамената, со главата, натколениците и со колената.
Топката да се задржува 3 секунди, дури и ако лежи на теренот. Кога е топката
кај играчот, може да се направат само три чекори.
Играчот има право да ја одземе топката, да ја пресече при додавањето во
слободниот простор, да блокира играч со правилно заземен став. Нема право да го
блокира противникот со допирање на рацете, рамото или нозете.
Почетното фрлање на топката што го изначува почетокот на натпреварот е од
центарот на игралиштето. Екипата што примила гол, играта ја продолќува од центарот.
За аут се смета кога топката со целиот обем ќе ја мине линијата. Кога при
неправилно спречување на играчот кое во позиција да постигне гол се суди седмерец,
тоа е слободен удар на голот од седум метри.
На теренот судат двајца, сосема рамноправни судии. Судиите ја контролираат
целата ситуација пред, за врема на натпреварот и по него. За натрепварот надвор од
играта има мерач на времето и записничар.

Ovaj materijal je namenjen za učenje i pripremu, ne za predaju.
Slični dokumenti